Сиљановска-Давкова на средба со претседателот на фондацијата „Мармара“, Акан Сувер

4 март 2026 | Соопштенија

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова денеска го прими Акан Сувер, претседател на фондацијата „Мармара“.

На средбата се разговараше за улогата на фондацијата во поттикнувањето на меѓународната соработка и регионалниот дијалог, како и за можностите за продлабочување на македонско-турските односи.

Претседателката ја истакна улогата на Република Турција како наш сојузник и поддржувач, од независноста до денес, но и улогата на турската заедница како мост на соработка меѓу двете држави.

Посебно внимание беше посветено на Евроазискиот економски самит, чие 29 издание ќе се одржи во мај во Истанбул, во организација на фондацијата.

Претседателката оцени дека станува збор за важна платформа што обединува државници, политичари, академици, бизнис-лидери, претставници на граѓанското општество и верски лидери, а преку годинешната тема „Глобална одговорност“ дава придонес во напорите за справување со кризите на 21 век: политичката, безбедносната, економската, еколошката и кризата на моралот.

Таа посочи и на значајната улога што Евроазискиот економски самит ја има за македонските компании и можноста што ја нуди за нивно преставување пред турските партнери.

На средбата двајцата соговорници разменија мислења и за актуелните состојби на Блискиот Исток.

 

Категории

Categories

Kategori

Последни вести

Latest news

Lajmet e fundit

Средба на Сиљановска-Давкова со словачката европратеничка Мириам Лексман

Средба на Сиљановска-Давкова со словачката европратеничка Мириам Лексман

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова ја прими Мириам Лексман, пратеничка во Европскиот парламент од Словачка, од групата на Европската Народна Партија. На средбата се разговараше за европската интеграција на државата, при што...

Сиљановска-Давкова прими претставници на Државниот завод за ревизија

Сиљановска-Давкова прими претставници на Државниот завод за ревизија

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова денеска прими претставници на Државниот завод за ревизија, предводени од помошничката на главниот државен ревизор, Катерина Чалоска Алексова, кои вршат ревизија на успешноста на тема „Жени лидери - жени во политиката,...

Средба со членови на спелеонуркачкиот клуб „Врело“

Средба со членови на спелеонуркачкиот клуб „Врело“

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова денеска оствари средба со членови на спелеонуркачкиот клуб „Врело“, на којашто се разговараше за значењето на истражувањето, заштитата и промоцијата на природните богатства како дел од националниот идентитет и наследство....

Средба со претставници на ИНОВА

Средба со претставници на ИНОВА

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова денеска ја прими Даниела Димовска, директорка на новоформираната Агенција за иновации, научно-технолошки развој и претприемништво – ИНОВА. Таа ја запозна со стратешките приоритети, проекти...

Средба на Сиљановска-Давкова со Зорица Митровиќ, претседателка на Националниот совет на македонското национално малцинство во Србија и Марјан Јованоски, секретар на Советот

Средба на Сиљановска-Давкова со Зорица Митровиќ, претседателка на Националниот совет на македонското национално малцинство во Србија и Марјан Јованоски, секретар на Советот

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова денеска ги прими Зорица Митровиќ, претседателка на Националниот совет на македонското национално малцинство во Србија и Марјан Јованоски, секретар на Советот, чија активна работа од 2004 година резултираше со впишување на...