Средба на Сиљановска-Давкова со италијанскиот претседател Матарела: Не смее да бидеме жртва на идентитетски прашања

26 мај 2025 | Соопштенија

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова во Рим оствари средба со италијанскиот претседател Серџо Матарела, на која беше истакнато дека Италија е наш важен политички и економски партнер.

Соговорниците разговараа за македонскиот евроинтегративен пат, при што беше констатирано дека Италија, како дел од неформалната група „Пријатели на Западен Балкан“, ја препознава важноста на проширувањето на ЕУ.

Искажувајќи благодарност за силната италијанска поддршка, Сиљановска-Давкова изјави дека претседателот Матарела, како наш, но и голем пријател на Западниот Балкан, веќе разговарал со господинот Антонио Кошта, но и со госпоѓата Фон дер Лајен, за она што нам ни се случува и рекол дека „не смее  Европската унија да дозволи ние да бидеме жртва  на идентитетски прашања, или на билатерализација врзана за идентитетските прашања“.

Очекува тој, и јас очекувам да дојде до разговори со нашите соседи да видиме кое е можеби најдоброто решение, рече претседателката и додаде дека ги реафирмирала заложбите за гаранции.

Таа истакна дека ако ова биде уште една од промените на којашто укажува Европската унија, не само што ние нема ништо да добиеме, туку нема да добие ништо ниту Балканот, бидејќи приказната за ветото и приказната за билатерализацијата на евроинтеграцијата ќе се повтори.

Македонската претседателка утрово имаше аудиенција кај Поглаварот на Римокатоличката црква, Папата Лав XIV со кого во подолг разговор е потврдено пријателството помеѓу државава и Ватикан.

Осврнувајќи се на официјалната посета на Италија, Сиљановска-Давкова изјави дека и Папата и претседателот на Италија, биле и остануваат наши пријатели и дека навистина нема да ги заборават ниту принципите на ЕУ.

Претседателката, на средбите потсетила –  ЕУ без принципи и вредности не може да биде филозофија, не може да биде престижна и инспиративна заедница, но исто така ја нагласила и потребата „да седнеме културно со соседите во случајов со Бугарија и да го решиме проблемот“.

Категории

Categories

Kategori

Последни вести

Latest news

Lajmet e fundit

Претседателката Сиљановска-Давкова во официјална посета на Република Хрватска

Претседателката Сиљановска-Давкова во официјална посета на Република Хрватска

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова, од денеска ќе престојува во официјална посета на Република Хрватска. Утре, 24 март 2026 година, вторник, во Загреб претседателката Сиљановска-Давкова ќе биде пречекана со највисоки државни и воени почести од претседателот на...

Честитка од претседателката Сиљановска-Давкова по повод Рамазан бајрам

Честитка од претседателката Сиљановска-Давкова по повод Рамазан бајрам

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова, по повод големиот муслимански празник - Рамазан бајрам, упати честитка до верниците од исламска вероисповед и до поглаварот на Исламската верска заедница, реис-ул-улема х. хфз. Шаќир еф. Фетаху. Почитуван реис-ул-улема х....

Сиљановска-Давкова: Потребна е поголема институционална поддршка за инклузија на лицата со Даунов синдром

Сиљановска-Давкова: Потребна е поголема институционална поддршка за инклузија на лицата со Даунов синдром

Во пресрет на 21 март - Светскиот ден на лицата со Даунов синдром, претседателката Гордана Сиљановска-Давкова прими претставници на здружението за рехабилитација и инклузија на лица со Даунов синдром „Дневен центар – Доза среќа“ Скопје. [gallery...

Средба на Сиљановска-Давкова со словачката европратеничка Мириам Лексман

Средба на Сиљановска-Давкова со словачката европратеничка Мириам Лексман

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова ја прими Мириам Лексман, пратеничка во Европскиот парламент од Словачка, од групата на Европската Народна Партија. На средбата се разговараше за европската интеграција на државата, при што...

Сиљановска-Давкова прими претставници на Државниот завод за ревизија

Сиљановска-Давкова прими претставници на Државниот завод за ревизија

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова денеска прими претставници на Државниот завод за ревизија, предводени од помошничката на главниот државен ревизор, Катерина Чалоска Алексова, кои вршат ревизија на успешноста на тема „Жени лидери - жени во политиката,...