Претседателот Пендаровски се обрати на церемонијата на полагање свечена заклетва на волонтери од Мировниот корпус

22 ноември 2023 | Соопштенија

Претседателот Стево Пендаровски денеска се обрати на церемонијата на полагање свечена заклетва на волонтери од Мировниот корпус, што во наредните две години, ќе живеат и ќе служат во Република Северна Македонија. Мировниот корпус, како американска владина организација, своите програми ги реализира во партнерство со Министерството за образование и наука и со Министерството за локална самоуправа.

Во продолжение е интегралниот текст од обраќањето на претседателот Пендаровски.

Почитувани волонтери на Мировниот корпус,

Почитувана амбасадорке на САД,

Почитувани гости,

Дами и господа,

Особено сум почестен да бидам дел од церемонијата на полагањето на свечената заклетва на 35 волонтери од Мировниот корпус кои се дел од 26-та група на волонтери кои ќе живеат и служат во Република Северна Македонија во наредните две години.

Им посакувам срдечно добредојде и пријатен престој во нашата земја и, секако, успешна волонтерска работа.

Веќе 27 години ние сме дестинација во која волонтерите од Мировниот корпус го вложуваат своето време, труд и посветеност, помагајќи им на македонските граѓани.

Пандемијата на Корона вирусот беше причина за мала пауза во активностите и во процесот на регрутација, но, сите се надеваме дека во иднина ќе нема непредвидени пречки и кризни ситуации од овој тип.

Преку 800 волонтери кои во изминативе безмалку три децении беа наши соседи, несомнено ги остварија целите на организацијата која ги испраќа.

Тие целосно се вградија во нашиот развој и преку својата активност и размената на информации и искуства придонесоа за наше подобро разбирање на американскиот народ, но и за подобро разбирање кај американските граѓани на нашата култура и погледот на светот.

Програмата на Мировниот корпус е оригинална и специфична по активност, обем и по времетраење. Прилично различна, од да речеме, најекспонираната меѓународна волонтерска програма кај нас, Европскиот солидарен корпус, претходно познат како Европски волонтерски сервис, како програма на Европската комисија. Процесот на регрутација, селекција и подготовка на припадниците на Мировниот корпус е темелен, детален и навистина продуцира волонтери кои се целосно подготвени да и служат на заедницата во која ќе престојуваат.

Драги пријатели,

Она што би сакал да го споделам во оваа прилика е фактот дека волонтерите на Мировниот корпус со своите активности помагаат и во најоддалечените краишта на нашата татковина, во рурални средини и во помалите градови правејќи видлива разлика во животот на локалното население.

Со своите знаења, вештини и посветеност волонтерите на Мировниот корпус успеваат да донесат нова енергија, нови идеи и мотивација во локалните заедници.

Посебна вредност е фактот што после две години заедничко живеење со домаќините остануваат трајни пријателства. Врските што волонтерите на Мировниот корпус ги воспоставуваат и негуваат се и траен влог во македонско-американското пријателство. Тие врски ја надградуваат и надополнуваат и дипломатијата, и финансиската поддршка, и трговската размена и партнерствата во меѓународните организации.

Затоа денес сакам да искажам едно големо благодарам до Мировниот корпус како американска владина организација за вклучувањето на Република Северна Македонија во оваа програма, но и благодарност до САД за досегашната севкупна поддршка како наш стратешки партнер и голем пријател на нашиот народ.

Имајќи предвид дека Мировниот корпус ги реализира своите програми во партнерство со Министерството за образование и наука и Министерството за локална самоуправа, би сакал да го истакнам и придонесот на овие македонски институции што овозможува непречено одвивање на планираната програма.

Поздравувајќи ги новите волонтери, нашите нови сограѓани во наредните две години и без сомнение, наши доживотни пријатели, уште еднаш би сакал да им посакам успешна мисија и пријатен престој во Македонија.

Ви благодарам.

Категории

Categories

Kategori

Последни вести

Latest news

Lajmet e fundit

Честитка од претседателот Пендаровски по повод Рамазан бајрам

Честитка од претседателот Пендаровски по повод Рамазан бајрам

Претседателот Стево Пендаровски, по повод големиот муслимански празник Рамазан бајрам, упати честитка до граѓаните од исламска вероисповед во Република Северна Македонија и до поглаварот на Исламската верска заедница Реис-ул-улема х. хфз. Шаќир еф. Фетаху. Почитуван...

Средба на претседателот Пендаровски со делегација на Пацифичкиот Совет од САД

Средба на претседателот Пендаровски со делегација на Пацифичкиот Совет од САД

Претседателот Стево Пендаровски денеска прими делегација од Пацифичкиот Совет од САД, која престојува во посета на нашата држава. Истакнувајќи дека Соединетите Американски Држави се наш најголем стратешки партнер и сојузник во НАТО, претседателот Пендаровски посочи...

Средба на претседателот Пендаровски со лорд Стјуарт Пич, специјален претставник на Обединетото Кралство за Западен Балкан

Средба на претседателот Пендаровски со лорд Стјуарт Пич, специјален претставник на Обединетото Кралство за Западен Балкан

Претседателот Стево Пендаровски денеска го прими лорд Стјуарт Пич, специјален претставник на Обединетото Кралство за Западен Балкан. Двајцата соговорници разменија мислења за актуелните случувања во регионот на Западен Балкан, за стратешките интереси на земјава и...

Средба со Џилиан Стирк, Шеф на мисијата за набљудување  на претстојните избори (ЕОМ) на ОБСЕ – Канцеларија за демократски институции и човекови права (ОДИХР)

Средба со Џилиан Стирк, Шеф на мисијата за набљудување  на претстојните избори (ЕОМ) на ОБСЕ – Канцеларија за демократски институции и човекови права (ОДИХР)

Претседателот Стево Пендаровски, денеска ја прими Џилиан Стирк, Шеф на мисијата за набљудување на претстојните избори (ЕОМ) на ОБСЕ – Канцеларија за демократски институции и човекови права (ОДИХР). На средбата претседателот Пендаровски беше запознаен со планираните...

Честитка од претседателот Пендаровски до верниците кои го прославуваат Велигден според Грегоријанскиот календар

Честитка од претседателот Пендаровски до верниците кои го прославуваат Велигден според Грегоријанскиот календар

Претседателот Стево Пендаровски, по повод големиот христијански празник Воскресение Христово – Велигден, упати честитка до д-р Киро Стојанов, Скопски бискуп и епарх струмичко-скопски, и до сите христијански верници кои го прославуваат Велигден според Грегоријанскиот...