Порака од претседателката Сиљановска-Давкова по повод Денот на македонскиот стандарден јазик

5 мај 2026 | Соопштенија

Денеска, на 5 мај, Денот на македонскиот стандарден јазик, упатувам искрена честитка до сите Македонци, чиј мајчин јазик е, каде и да се, до сите негови говорители, проучувачи и љубители.

Македонскиот јазик е темел на нашиот идентитет и самобитност, траен сведок на историскиот континуитет и носител на културното и духовното наследство на македонскиот народ. Тој е огледало на генерации Македонци низ вековите, преку него се изразува народниот дух, а со неговото опстојување се потврдува нашето постоење. Тој е прекрасниот инструмент за изразување љубов и идеи, создавање уметнички и научни творби, вредни дела и вечни вредности.

Од делото на светите браќа Кирил и Методиј, преку визионерската мисла на Крсте Петков Мисирков, до кодификацијата на македонскиот стандарден јазик во 1945 година, соочени со оспорувања и пропаганди, се остварија вековните македонски стремежи за своја држава и јазик. Овој процес беше научно зацврстен со исклучителниот придонес на Блаже Конески, а дополнително зацврстен со објавувањето на првата граматика на  македонскиот јазик од Круме Кепески во 1946 година, чиј осумдесетгодишен јубилеј го одбележуваме годинава.

Македонскиот јазик не е само сведоштво за минатото, туку и суштински креатор на современиот општествен развој. Затоа, неговата правилна и достоинствена употреба, како и доследната примена на Законот за употреба на македонскиот јазик, претставуваат темел на функционалната демокрaтска држава.

Денес, повеќе од кога било, нашата обврска е јасна: да го чуваме, негуваме и унапредуваме македонскиот јазик.

Нека е вековита неговата мисија! Да го чуваме и браниме од негирања, оти без него не сме тие кои сме, ниту ќе останеме свои!

Честит 5 Мај!

Категории

Categories

Kategori

Последни вести

Latest news

Lajmet e fundit

Сиљановска-Давкова на Самитот на ЕПЗ во Даблин: Европа не треба да си дозволи да остане недоволно поврзана со Западен Балкан

Сиљановска-Давкова на Самитот на ЕПЗ во Даблин: Европа не треба да си дозволи да остане недоволно поврзана со Западен Балкан

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова, денеска заедно со 50 шефови на европски држави и влади, учествуваше на Самитот на Европската политичка заедница во Даблин, чија централна тема е „Европа: силна, безбедна и поврзана“. Сиљановска-Давкова се обрати на панел...

Сиљановска-Давкова ќе учествува на деветтиот состанок на Европската политичка заедница во Даблин

Сиљановска-Давкова ќе учествува на деветтиот состанок на Европската политичка заедница во Даблин

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова, денеска, 12 ноември 2026 година, четврток, ќе учествува на деветтиот состанок на Европската политичка заедница во Даблин, Ирска. На настанот, што се одржува во рамки на ирското претседателство со Советот на Европската Унија,...

Сиљановска-Давкова – Ван дер Белен: Австрија останува важен и искрен поддржувач на македонскиот евроинтеграциски пат

Сиљановска-Давкова – Ван дер Белен: Австрија останува важен и искрен поддржувач на македонскиот евроинтеграциски пат

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова, денеска на маргините на Конференцијата на страните на Рамковната конвенција на Обединетите нации за климатски промени (COP31) во Анталија, оствари средба со претседателот на Република Австрија, Александер Ван дер Белен. Во...

Сиљановска-Давкова на COP31: Климатската амбиција мора да се претвори во конкретно дејствување

Сиљановска-Давкова на COP31: Климатската амбиција мора да се претвори во конкретно дејствување

  Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова, денеска се обрати на Самитот за климатски промени (COP31) во Анталија, каде што ги потврди македонските заложби за климатска акција и ја нагласи потребата од праведна транзиција кон чиста енергија. [gallery...

Сиљановска-Давкова ќе учествува на Самитот за климатски промени (COP31) во Анталија

Сиљановска-Давкова ќе учествува на Самитот за климатски промени (COP31) во Анталија

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова, денеска - 11 ноември 2026 година, среда, во Анталија, Република Турција ќе учествува на Лидерскиот самит во рамките на 31. Конференција на страните (COP31) на Конвенцијата на Обединетите Нации за климатски промени....