Работна посета на претседателот на Република Албанија, Бајрам Бегај

12 јули 2025 | Соопштенија

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова, денеска – 12 јули 2025, сабота, во Охрид ќе биде домаќинка на претседателот на Република Албанија, Бајрам Бегај, кој ќе престојува во работна посета на земјава.

Албанскиот претседател ќе биде пречекан во вила „Билјана“ во Охрид, кадешто е предвидена средба и работен ручек со претседателката Сиљановска-Давкова. Во попладневните часови тие ќе посетат културно-историски знаменитости, а вечерта ќе присуствуваат на отворањето на фестивалот „Охридско лето“.

Сиљановска-Давкова ќе се обрати и ќе го прогласи за отворено 65. издание на Меѓународниот фестивал „Охридско лето“, којшто традиционално се одржува под покровителство на претседателот на државата.

За време на посетата, претседателот Бегај ќе биде придружуван од неговата сопруга Арманда Бегај.

Покануваме фоторепортери и сниматели во вила „Билјана“ во Охрид, во 14:30 часот.

Покануваме медиумски екипи кај Чинарот, во Охридската чаршија, во 16:30 часот.

Категории

Categories

Kategori

Последни вести

Latest news

Lajmet e fundit

Честитка од претседателката Сиљановска-Давкова по повод Рамазан бајрам

Честитка од претседателката Сиљановска-Давкова по повод Рамазан бајрам

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова, по повод големиот муслимански празник - Рамазан бајрам, упати честитка до верниците од исламска вероисповед и до поглаварот на Исламската верска заедница, реис-ул-улема х. хфз. Шаќир еф. Фетаху. Почитуван реис-ул-улема х....

Сиљановска-Давкова: Потребна е поголема институционална поддршка за инклузија на лицата со Даунов синдром

Сиљановска-Давкова: Потребна е поголема институционална поддршка за инклузија на лицата со Даунов синдром

Во пресрет на 21 март - Светскиот ден на лицата со Даунов синдром, претседателката Гордана Сиљановска-Давкова прими претставници на здружението за рехабилитација и инклузија на лица со Даунов синдром „Дневен центар – Доза среќа“ Скопје. [gallery...

Средба на Сиљановска-Давкова со словачката европратеничка Мириам Лексман

Средба на Сиљановска-Давкова со словачката европратеничка Мириам Лексман

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова ја прими Мириам Лексман, пратеничка во Европскиот парламент од Словачка, од групата на Европската Народна Партија. На средбата се разговараше за европската интеграција на државата, при што...

Сиљановска-Давкова прими претставници на Државниот завод за ревизија

Сиљановска-Давкова прими претставници на Државниот завод за ревизија

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова денеска прими претставници на Државниот завод за ревизија, предводени од помошничката на главниот државен ревизор, Катерина Чалоска Алексова, кои вршат ревизија на успешноста на тема „Жени лидери - жени во политиката,...

Средба со членови на спелеонуркачкиот клуб „Врело“

Средба со членови на спелеонуркачкиот клуб „Врело“

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова денеска оствари средба со членови на спелеонуркачкиот клуб „Врело“, на којашто се разговараше за значењето на истражувањето, заштитата и промоцијата на природните богатства како дел од националниот идентитет и наследство....