Средба на претседателот Пендаровски со тимови од Nasa Space Apps Challenge 2023 – Струмица

11 декември 2023 | Соопштенија

Претседателот Стево Пендаровски денеска во Млади Хаб, се сретна со тимовите „Quake Brains“ и „Constellation“ коишто забележаа исклучителни резултати на хакатонот Nasa Space Apps Challenge 2023 – Струмица.

Првото место на овој хакатон го освоија неколку средношколки од училиштето „Димитар Влахов“ од Струмица, обединети во „Quake Brains“. Тие работеле на предизвикот Be a Space Geologist. Ученичките го запознаа претседателот Пендаровски со нивната интернет страница, решение поттикнато од појавата на земјотреси, а со цел навремено алармирање и минимизирање на можноста од загуба на човечки животи и штети со несогледливи последици. Нивната веб страница овозможува и да се донираат средства наменети за погодените семејства и загрозените подрачја.

Тимот „Constellation“ – основци од Скопје, кои биле и најмлади учесници за 2023 година, го освоија третото место со проектот Eclipses: PERSPECTIVE IS EVERYTHING. Нивниот проект овозможува разбирање на механиката и годишните времиња на природниот феномен Еклипса.

Упатувајќи честитки за постигнатите успеси на сите вклучени во хакатонот, претседателот Пендаровски нагласи дека важно е да се поттикнува креативноста и да се стимулира потенцијалот на младите луѓе. На учениците, претседателот Пендаровски им порача дека за да успеат, не е доволно да се натпреваруваат сами со себе или со своите соученици и врсници, туку дека мора да се натпреваруваат со целиот свет.

Менторите и организаторите на 48-часовниот хакатон, на кој учениците работеле на 30 предизвици доставени од вселенската агенција НАСА, истакнаа дека бројот на учесници годинава бил драстично зголемен споредбено со 2022 година, што за нив е показател дека младите сакаат да истражуваат и да стекнуваат знаења и вештини надвор од формалното образование.

Во Млади Хаб претседателот разговараше и со Мартина Димоска – првиот македонски аналоген астронаут. Димоска го информираше претседателот Пендаровски дека неодамна се стекнала со титула амбасадор „старешина“ на НАСТАР – центар одобрен од Федералната авијација (FAA) на САД. Димоска ги сподели своите впечатоци за реализираните проекти во рамки на NASA Space Apps, нагласувајќи го исклучителниот придонес на младите луѓе од нашата држава.

Категории

Categories

Kategori

Последни вести

Latest news

Lajmet e fundit

Порака од претседателот Пендаровски по повод 3 Мај − Светскиот ден на слобода на медиумите

Порака од претседателот Пендаровски по повод 3 Мај − Светскиот ден на слобода на медиумите

Претседателот Стево Пендаровски по повод 3 Мај − Светскиот ден на слобода на медиумите, ја упати следната порака: „Слободата на медиумите е еден од темелите на демократските вредности и е од суштинско значење за демократскиот развој на македонското општество....

Порака од претседателот Пендаровски по повод 1 Мај, Денот на трудот

Порака од претседателот Пендаровски по повод 1 Мај, Денот на трудот

По повод 1 Мај, Денот на трудот, претседателот Стево Пендаровски ја упати следната порака: „Човечкиот е најскапоцениот ресурс за секоја држава. Фактот дека голем дел од развиените демократии денес се соочуваат со недостиг на работна сила, е аларм за сите нас дека...

Честитка од претседателот Пендаровски по повод Рамазан бајрам

Честитка од претседателот Пендаровски по повод Рамазан бајрам

Претседателот Стево Пендаровски, по повод големиот муслимански празник Рамазан бајрам, упати честитка до граѓаните од исламска вероисповед во Република Северна Македонија и до поглаварот на Исламската верска заедница Реис-ул-улема х. хфз. Шаќир еф. Фетаху. Почитуван...

Средба на претседателот Пендаровски со делегација на Пацифичкиот Совет од САД

Средба на претседателот Пендаровски со делегација на Пацифичкиот Совет од САД

Претседателот Стево Пендаровски денеска прими делегација од Пацифичкиот Совет од САД, која престојува во посета на нашата држава. Истакнувајќи дека Соединетите Американски Држави се наш најголем стратешки партнер и сојузник во НАТО, претседателот Пендаровски посочи...

Средба на претседателот Пендаровски со лорд Стјуарт Пич, специјален претставник на Обединетото Кралство за Западен Балкан

Средба на претседателот Пендаровски со лорд Стјуарт Пич, специјален претставник на Обединетото Кралство за Западен Балкан

Претседателот Стево Пендаровски денеска го прими лорд Стјуарт Пич, специјален претставник на Обединетото Кралство за Западен Балкан. Двајцата соговорници разменија мислења за актуелните случувања во регионот на Западен Балкан, за стратешките интереси на земјава и...