Сиљановска-Давкова на отворањето на Народната канцеларија: Ова е почеток на поотворена и подиректна комуникација со граѓаните

14 мај 2026 | Соопштенија

Како резултат на континуираните заложби на претседателката Гордана Сиљановска – Давкова за поголема отвореност и непосредна комуникација со граѓаните, денеска во Скопје беше отворена Народната канцеларија на Претседателот.

Во присуство на бројни граѓани и претставници на граѓанскиот сектор, Сиљановска-Давкова истакна „канцеларијата ќе биде жив простор на дијалог, дебата, едукација и граѓанско учество, место, коешто ќе ги поврзува институциите и заедницата и ќе придонесува за зајакнување на демократската култура“.

За Сиљановска-Давкова, возобновувањето на Народната канцеларија е резултат на домашните искуства и потреби, но идејата е инспирирана од практиката во САД. Целта е да се создаде достапен простор во срцето на градот, каде што секој граѓанин ќе може слободно да дојде, да побара помош, да постави прашање, да предложи иницијатива, или да упати критика.

Во Народната канцеларија таа препознава отворено демократско катче за сите: за граѓаните, невладините организации, средношколците, студентите, пензионерите, а особено за младите кои сакаат да ги искажат своите таленти и знаења.

Повикувајќи на силен граѓански активизам, претседателката укажа дека просторот ќе биде достапен за организирање на трибини, едукативни настани, младински и волонтерски иницијативи, културни и хуманитарни проекти.

Со цел институцијата Претседател да биде подостапна и поблиска до граѓаните низ целата земја, Сиљановска-Давкова ја искажа намерата вакви народни канцеларии да бидат отворени и во други градови низ државата.

Воедно, таа се заблагодари на Националниот младински совет на Македонија за досегашната работа, посакувајќи успешна соработка во идина.

По поздравното обраќање, претседателката оствари средба со граѓани меѓу кои активисти во различни области, доктори, професори, спортисти, студенти, волонтери, како и лицa со оштетен вид.

Тие ги претставија предизвиците со коишто се соочуваат; споделија успешни професионални приказни; дадоа предлози и иницијативи за подобрување на  здравствените услуги; побараа поддршка за реализација на општокорисни активности; упатија покани до претседателката за присуство на настани и ги разгледаа можностите за соработка со Кабинетот.

Категории

Categories

Kategori

Последни вести

Latest news

Lajmet e fundit

Сиљановска-Давкова се сретна со претставници на македонската дијаспора во Белгија

Сиљановска-Давкова се сретна со претставници на македонската дијаспора во Белгија

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова, во рамки на работната посета на Брисел, оствари средба со претставници на дијаспората во Белгија. Присутните споделија свои искуства од животот и работата во Белгија, посочувајќи ја потребата од постојана комуникација и...

Сиљановска-Давкова со европратеници во Брисел: Европската перспектива бара заемна политичка волја и конкретни чекори

Сиљановска-Давкова со европратеници во Брисел: Европската перспектива бара заемна политичка волја и конкретни чекори

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова, во Европскиот парламент во Брисел, оствари средба со европратениците Дан Барна (Renew, Романија), Тајс Ројтен (СД, Холандија), Матеј Тонин (ЕПП, Словенија) и Карло Реслер (ЕПП, Хрватска). ...

Средба на претседателката Сиљановска-Давкова со Генералниот секретар на НАТО, Марк Руте

Средба на претседателката Сиљановска-Давкова со Генералниот секретар на НАТО, Марк Руте

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова, во рамките на работната посета на Брисел, оствари средба со Генералниот секретар на НАТО, Марк Руте. Сиљановска-Давкова ја реафирмираше посветеноста на македонската држава на НАТО и...

Средба на Сиљановска-Давкова со генерал Алексус Гринкевич, врховен сојузнички командант за Европа

Средба на Сиљановска-Давкова со генерал Алексус Гринкевич, врховен сојузнички командант за Европа

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова, како Врховна командантка на вооружените сили, придружена од македонскиот амбасадор во НАТО, Муртезани, и началникот на Генералштабот, генерал-мајор Лафчиски, во седиштето на Врховната команда на сојузничките сили во Европа,...

Сиљановска-Давкова оствари средба со генералниот директор на DG ENEST, Герт Јан Копман

Сиљановска-Давкова оствари средба со генералниот директор на DG ENEST, Герт Јан Копман

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова, во рамки на работната посета на Брисел, денеска оствари средба со Герт Јан Копман, генерален директор на Генералниот директорат за проширување и источно соседство (DG ENEST). Предмет на...