Претседателот Пендаровски се обрати на одбележувањето на 30-годишнината од воспоставувањето на дипломатските односи со Данска, Шведска, Норвешка и Финска

14 декември 2023 | Обраќања

Претседателот Стево Пендаровски се обрати на приемот, што по повод 30-годишнината од воспоставувањето на дипломатските односи на Северна Македонија со Данска, Шведска, Норвешка и Финска се одржа вчеравечер во Скопје.

Ценети екселенции,
Дами и господа,

Вечерва го одбележуваме 30-годишниот јубилеј од воспоставувањето на дипломатските односи меѓу Северна Македонија и Данска, Шведска, Норвешка и Финска. Нема подобар начин да се одбележи овој голем јубилеј од заедничкото прославување на Денот на Света Луција.

Изминативе 30 години, секоја од вашите држави засебно, но и нордискиот регион, во целина, служеа како позитивен пример не само за македонската држава и општество, туку и за Југоисточна Европа. Наспроти хроничните балкански расправии и блокади, вие во континуитет ја нудите нордиската парадигма на соработка и интеграции. Вашата поддршка за нашите европски интеграции не е само декларативна, туку и многу практична, бидејќи директно и конкретно вложувате во владеењето на правото, социјалната правда и квалитетот на животот.

Но, за жал, овој празник на светлината го одбележуваме во исклучително темни времиња на војни и страдања, на омраза и насилство, на помрачени умови и невини жртви. Корупцијата, социјалната нееднаквост и блокадата на евроинтеграциите се дел од македонските предизвици.

Во овој мрачен период има две личности кои со своите животи го  имаат исполнето значењето на сопствените имиња. Првата личност е самата Луција, чие име доаѓа од латинскиот збор Lux што значи светлина, светицата од југот на Европа, во чиј животопис ги препознаваме доблестите неопходни за да се издржат и најмрачните периоди. А тоа се: солидарност кон сиромашните, сочувствување со маргинализираните, личен интегритет и отпор против неправдата.

Втората личност е Даг Хамершелд, името Даг доаѓа од старонордискиот збор што значи дневна светлина, миротворецот од северот на Европа. Како генерален секретар на Обединетите нации во 1953 година, пред точно 70 години, тој запиша: „добрината е нешто толку едноставно: секогаш да живееш за другите, никогаш да не ја бараш твојата корист“. Издигнат на општествено ниво, овој принцип би значел враќање на општото добро и на јавниот интерес во центарот на општествениот и политичкиот живот.

Драги пријатели,

И покрај предизвиците, Северна Македонија мора да продолжи со реформскиот процес и со изградбата на функционална правна држава. Верувам дека и во иднина ќе ја имаме целосната поддршка од вашите држави на овој план. Сè уште постојат и неискористени потенцијали за економска, образовна и културна соработка меѓу нас. Верувам дека односите на пријателство ќе продолжиме да ги развиваме во духот на заедничките заложби за демократска, стабилна, обединета и просперитетна Европа.

Драги пријатели,

Во овие краишта постои изрека дека ноќта е најтемна пред зората. Да се надеваме, но и да продолжиме да работиме заедно за таа зора да изгрее час поскоро.

Ви благодарам.

 

 

Категории

Categories

Kategori

Последни вести

Latest news

Lajmet e fundit

Честитка од претседателот Пендаровски по повод Рамазан бајрам

Честитка од претседателот Пендаровски по повод Рамазан бајрам

Претседателот Стево Пендаровски, по повод големиот муслимански празник Рамазан бајрам, упати честитка до граѓаните од исламска вероисповед во Република Северна Македонија и до поглаварот на Исламската верска заедница Реис-ул-улема х. хфз. Шаќир еф. Фетаху. Почитуван...

Средба на претседателот Пендаровски со делегација на Пацифичкиот Совет од САД

Средба на претседателот Пендаровски со делегација на Пацифичкиот Совет од САД

Претседателот Стево Пендаровски денеска прими делегација од Пацифичкиот Совет од САД, која престојува во посета на нашата држава. Истакнувајќи дека Соединетите Американски Држави се наш најголем стратешки партнер и сојузник во НАТО, претседателот Пендаровски посочи...

Средба на претседателот Пендаровски со лорд Стјуарт Пич, специјален претставник на Обединетото Кралство за Западен Балкан

Средба на претседателот Пендаровски со лорд Стјуарт Пич, специјален претставник на Обединетото Кралство за Западен Балкан

Претседателот Стево Пендаровски денеска го прими лорд Стјуарт Пич, специјален претставник на Обединетото Кралство за Западен Балкан. Двајцата соговорници разменија мислења за актуелните случувања во регионот на Западен Балкан, за стратешките интереси на земјава и...

Средба со Џилиан Стирк, Шеф на мисијата за набљудување  на претстојните избори (ЕОМ) на ОБСЕ – Канцеларија за демократски институции и човекови права (ОДИХР)

Средба со Џилиан Стирк, Шеф на мисијата за набљудување  на претстојните избори (ЕОМ) на ОБСЕ – Канцеларија за демократски институции и човекови права (ОДИХР)

Претседателот Стево Пендаровски, денеска ја прими Џилиан Стирк, Шеф на мисијата за набљудување на претстојните избори (ЕОМ) на ОБСЕ – Канцеларија за демократски институции и човекови права (ОДИХР). На средбата претседателот Пендаровски беше запознаен со планираните...

Честитка од претседателот Пендаровски до верниците кои го прославуваат Велигден според Грегоријанскиот календар

Честитка од претседателот Пендаровски до верниците кои го прославуваат Велигден според Грегоријанскиот календар

Претседателот Стево Пендаровски, по повод големиот христијански празник Воскресение Христово – Велигден, упати честитка до д-р Киро Стојанов, Скопски бискуп и епарх струмичко-скопски, и до сите христијански верници кои го прославуваат Велигден според Грегоријанскиот...