Сиљановска-Давкова прими припаднички на Армијата кои успешно завршија обука во САД

27 јуни 2025 | Соопштенија

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова ги прими капетанката Неда Волчева и поручничката Сара Тасевска кои успешно го завршија седуммесечниот курс „Maneuver Captain’s Career Course“во Џорџија, САД, организиран од американскиот тренинг центар „Fort Moore”.

На средбата на којашто присуствуваа началникот на Генералштабот на Армијата, генерал-мајор Сашко Лафчиски и американската амбасадорка Анџела Агелер, двете припаднички на Армијата ја запознаа претседателката со фазите, содржините и квалитетот на воено-образовната обука и ги споделија нивните натамошни планови, заложби и амбиции за кариерен напредок.

Препознавајќи во нив потенцијал за идни генерали, Сиљановска-Давкова им честиташе на Волчева и Тасевска за успешно завршената обука и изрази уверување дека стекнатите знаења, вештини и експертиза ќе ги применат во интерес на македонската армија.

Според неа, реализацијата на оваа програма претставува влог во македонско-американското партнерство и е посебно значајна за промоција на земјава како лојален и кредибилен сојузник во НАТО.

Признавајќи ги одличните резултати што ги постигнуваат жените, соговорниците се согласија дека нивното партиципирање во меѓународните обуки треба да биде редовна пракса.

Сиљановска-Давкова на средбата ја реафирмираше својата заложба за формирање на Регионален центар за извонредност за жени, мир и безбедност со седиште во Скопје, заради промоција на жените во безбедноста и одбраната во регионот.

Категории

Categories

Kategori

Последни вести

Latest news

Lajmet e fundit

Повик за акредитирање на медиуми – Состанок на лидерите од Процесот Брдо-Бриони, 27 ноември 2026 година, Охрид

Повик за акредитирање на медиуми – Состанок на лидерите од Процесот Брдо-Бриони, 27 ноември 2026 година, Охрид

На 27 ноември 2026 година (петок), во хотелот „Инекс Олгица“ во Охрид, ќе се одржи состанок на лидерите на земјите учеснички во Процесот Брдо-Бриони, во организација на претседателката д-р Гордана Сиљановска-Давкова, заедно со претседателката на Република Словенија,...

Сиљановска-Давкова ги прими акредитивните писма од новоименуваната амбасадорка на Република Естонија

Сиљановска-Давкова ги прими акредитивните писма од новоименуваната амбасадорка на Република Естонија

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова денеска ги прими акредитивните писма од Н.Е. г-а Јана Ванамолдер, новоименувана амбасадорка на Република Естонија, со седиште во Будимпешта. На свечената церемонија, таа го истакна примерот на Естонија во демократската...

Сиљановска-Давкова ги прими акредитивите од новоименуванот амбасадор на Кралството Саудиска Арабија

Сиљановска-Давкова ги прими акредитивите од новоименуванот амбасадор на Кралството Саудиска Арабија

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова денеска ги прими акредитивните писма од Н. Е. г. Турки бин Ибрахим Ал-Мади, новоименуваниот вонреден и ополномоштен амбасадор на Кралството Саудиска Арабија, со седиште во Тирана. [gallery...

Сиљановска-Давкова: Уставот е закон над законите и најважниот општествен договор на граѓаните, за каков пишува Русо

Сиљановска-Давкова: Уставот е закон над законите и најважниот општествен договор на граѓаните, за каков пишува Русо

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова се обрати и учествуваше на панел-дискусијата на настанот по повод 35-годишнината од осамостојувањето и донесувањето на првиот Устав, во организација на Собранието, ЈНУ Институт за национална историја и Државен архив. [gallery...

Сиљановска-Давкова: Без слободни и одговорни медиуми нема информиран демос, а без активни граѓани – нема демократија

Сиљановска-Давкова: Без слободни и одговорни медиуми нема информиран демос, а без активни граѓани – нема демократија

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова имаше воведно обраќање на 20. Форум на медиумите од Југоисточна Европа (SEEMF), што вчера се одржа во Скопје, на тема „Поблиски во регионот, посилни во Европа: Улогата на комуникациите и медиумите во зајакнувањето на имиџот,...