Сиљановска-Давкова: Уставот е закон над законите и најважниот општествен договор на граѓаните, за каков пишува Русо

17 ноември 2026 | Соопштенија

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова се обрати и учествуваше на панел-дискусијата на настанот по повод 35-годишнината од осамостојувањето и донесувањето на првиот Устав, во организација на Собранието, ЈНУ Институт за национална историја и Државен архив.

Навраќајќи се на креирањето на Уставот од 1991 година, во чие подготвување учествувала како надворешна членка на тогашната Комисија за уставни прашања, Сиљановска-Давкова ја нагласи огромната посветеност на членовите на Уставната комисија, но и на сиот прв пратенички состав, на најважната политичка задача пред нив, истакнувајќи ја толерантната дебата на неистомислениците, односно приврзаниците на националниот и граѓанскиот концепт.

И покрај тензичната предвоена атмосфера на југословенските простори, присуството на Југословенската народна армија на македонска почва и кусите рокови за донесување на Уставот, таа ја оцени постапката за донесување на уставот како демократска, инклузивна и транспарентна, а најголемиот дел од решенијата како стандардни. За особено важни ги смета темелните вредности на уставниот поредок и слободите и правата на човекот и граѓанинот, што беше потрдено и од Бадинтеровата комисија во 1992 година, а има забелешки на начинот на којшто е поставена поделбата на власта, на положбата и надлежноста  на Уставниот суд, на решението за воена и вонредна состојба и на локалната самоуправа.

Што се однесува до уставноправниот развој, таа укажа дека дури 21 од 36 амандмани се иницирани однадвор, во духот на state building, а делот што му претходи на Уставот е менуван два пати, по што оперира со синтагмата „делови од народи“ што не соодветствува на категоријата заедници, воведена со амандманите од 2001 година во нормативниот текст.

За неа, амандманите се напишани со невоедначена и лоша уставнопрвна техника, што ги прави нејасни и тешко неразбирливи, а преамбулата – целосно нечитлива.

Честите промени, а особено октроираните, го проблематизираат уставот како највисок закон и како најширока и најважна општествена повелба на граѓаните во смисла на Русоовиот „Општествен договор“ и го релативизираат и маргинализираат уставниот патриотизам за којшто пишува Јирген Хабермас.

Претседателката му предложи на претседателот на собранието да се инспирира од успешното искуство на Првата уставна комисија и да ја прошири постојната со надворешни членови – експерти кои заедно со членовите од актуелниот пратенички состав континуирано ќе работат на анализа на спроведувањето на уставот, детектирање на проблемите во уставниот поредок и предлагање излезни решенија, вклучувајќи ја и подготовката на делот од уставот за односот меѓу националното и европското право.

На крајот, Гордна Сиљановска-Давкова укажа на уникатноста на европската идеја и на демократскиот европски политички систем, а особено на важноста на почитувањето на принципите и вредностите содржани во европските уставни документи, без коишто ЕУ не може да биде филозофија, туку само политичка и бирократска машинерија.

Категории

Categories

Kategori

Последни вести

Latest news

Lajmet e fundit

Повик за акредитирање на медиуми – Состанок на лидерите од Процесот Брдо-Бриони, 27 ноември 2026 година, Охрид

Повик за акредитирање на медиуми – Состанок на лидерите од Процесот Брдо-Бриони, 27 ноември 2026 година, Охрид

На 27 ноември 2026 година (петок), во хотелот „Инекс Олгица“ во Охрид, ќе се одржи состанок на лидерите на земјите учеснички во Процесот Брдо-Бриони, во организација на претседателката д-р Гордана Сиљановска-Давкова, заедно со претседателката на Република Словенија,...

Сиљановска-Давкова: Без слободни и одговорни медиуми нема информиран демос, а без активни граѓани – нема демократија

Сиљановска-Давкова: Без слободни и одговорни медиуми нема информиран демос, а без активни граѓани – нема демократија

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова имаше воведно обраќање на 20. Форум на медиумите од Југоисточна Европа (SEEMF), што вчера се одржа во Скопје, на тема „Поблиски во регионот, посилни во Европа: Улогата на комуникациите и медиумите во зајакнувањето на имиџот,...

Сиљановска-Давкова на Самитот на ЕПЗ во Даблин: Европа не треба да си дозволи да остане недоволно поврзана со Западен Балкан

Сиљановска-Давкова на Самитот на ЕПЗ во Даблин: Европа не треба да си дозволи да остане недоволно поврзана со Западен Балкан

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова, денеска заедно со 50 шефови на европски држави и влади, учествуваше на Самитот на Европската политичка заедница во Даблин, чија централна тема е „Европа: силна, безбедна и поврзана“. Сиљановска-Давкова се обрати на панел...

Сиљановска-Давкова ќе учествува на деветтиот состанок на Европската политичка заедница во Даблин

Сиљановска-Давкова ќе учествува на деветтиот состанок на Европската политичка заедница во Даблин

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова, денеска, 12 ноември 2026 година, четврток, ќе учествува на деветтиот состанок на Европската политичка заедница во Даблин, Ирска. На настанот, што се одржува во рамки на ирското претседателство со Советот на Европската Унија,...

Сиљановска-Давкова – Ван дер Белен: Австрија останува важен и искрен поддржувач на македонскиот евроинтеграциски пат

Сиљановска-Давкова – Ван дер Белен: Австрија останува важен и искрен поддржувач на македонскиот евроинтеграциски пат

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова, денеска на маргините на Конференцијата на страните на Рамковната конвенција на Обединетите нации за климатски промени (COP31) во Анталија, оствари средба со претседателот на Република Австрија, Александер Ван дер Белен. Во...