Сиљановска-Давкова им додели сертификати на учесниците на „Охрид камп за високо-технолошка извонредност“

18 јули 2025 | Соопштенија

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова им додели сертификати на учесниците на петтото издание на „Охрид камп за високо-технолошка извонредност“, што се одржува под нејзино покровителство, а во организација на „Македонија 2025“ во Охрид.

Учесниците на кампот ги претставија своите проекти изработени од лего коцки на тема „FIRST®LEGO® League – FIRST® DIVE℠: SUBMERGED℠“, фокусирани на океаните, како предмет на истражување. Лего решенијата годинава целат кон намалување на  загаденоста на океанските води и заштита на загрозените видови.

Импресионирана од лего иновациите, Гордана Сиљановска-Давкова го поздрави и поддржа истражувачкиот дух како клуч за развојот.

За неа, кампот е успешен проект не само заради стимулирањето креативни технолошки активности, туку и заради возобновувањето на врската со татковината, учењето македонски јазик, дружењето, воспоставувањето пријателства.

Таа во нив препознава идни научници со кои ќе се гордее не само државата во којашто живеат, туку и ние.

За неа, една од нејзините најважни цели е да ја врати вербата на граѓаните и на младите во државата, да ги заинтересира за политиката, како и да ги зајакне врските со дијаспората.

Во годинешното издание на кампот учествуваат 22 млади од САД, Канада, Франција, Хрватска, Словенија, Малта, како и учесници од различни делови на земјава кои имаат можност преку практична работа да програмираат FABLE компоненти под менторство на „Brainster“, решавајќи реални предизвици инспирирани од секојдневниот живот. Програмата на кампот предводена од Академијата за роботика и иновации и „STEM Роботика Кочани“, во партнерство со „Young Engineers Скопје“, ја вклучува светски признатата „LEGO® Education“ технологија и STEM програмите лиценцирани од Израел, коишто се користат во над 50 земји ширум светот.

 

Категории

Categories

Kategori

Последни вести

Latest news

Lajmet e fundit

Претседателката Сиљановска-Давкова за утре го свика Советот за безбедност

Претседателката Сиљановска-Давкова за утре го свика Советот за безбедност

По извршените консултации претседателката Гордана Сиљановска-Давкова за утре, 1 март 2026 година, закажа седница на Советот за безбедност. Седницата ќе започне во 18:00 часот во Вилата Водно. На дневен ред на седницата ќе биде безбедносната состојба во земјава по...

Средба на Сиљановска-Давкова со Гордан Грлиќ Радман, МНР на Хрватска

Средба на Сиљановска-Давкова со Гордан Грлиќ Радман, МНР на Хрватска

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова денеска го прими Гордан Грлиќ Радман, министер за надворешни и европски работи на Република Хрватска, кој престојува во официјална посета на земјава. Обајцата го потврдија цврстото македонско-хрватско пријателство коешто...

Сиљановска-Давкова – Бегај: Нема поголема инвестиција во стабилноста на Западниот Балкан од членството во ЕУ

Сиљановска-Давкова – Бегај: Нема поголема инвестиција во стабилноста на Западниот Балкан од членството во ЕУ

Во рамки на официјалната посета на албанскиот претседател, денеска беше одржана заедничка прес-конференција на претседателката Гордана Сиљановска-Давкова и претседателот Бајрам Бегај. Во продолжение е интегралната изјава на претседателката Сиљановска-Давкова. [gallery...

Започна официјалната посета на албанскиот претседател Бегај

Започна официјалната посета на албанскиот претседател Бегај

На официјална церемонија со највисоки државни и воени почести претседателката Гордана Сиљановска-Давкова го пречека албанскиот претседател Бајрам Бегај, кој престојува во официјална посета на земјава. [gallery...

Сиљановска-Давкова: Осумдесетгодишнината на ДЛУМ говори за огромното значење на уметноста за новосоздадената македонска држава

Сиљановска-Давкова: Осумдесетгодишнината на ДЛУМ говори за огромното значење на уметноста за новосоздадената македонска држава

„Биеналниот „Зимски салон 2026“ е резултат на внимателно осмислениот концепт, што цели да обедини на едно место различни генерации сликари, со различни ракописи, насликани за различни генерации  набљудувачи, сите гладни за уметност“, порача претседателката Гордана...