Претседателката Сиљановска Давкова ги пречека победниците на 37. Охридски пливачки маратон и ги додели пехарите

31 август 2024 | Соопштенија

Претседателката Гордана Сиљановска Давкова ги пречека победниците на 37. Охридски пливачки маратон, чиј покровител е претседателот на државата.

Во машка конкуренција прв до целта стигна бразилецот Матеус Еванжелиста за 5 часа, 45 минути и 5 секунди, а французинката Каролин Жуис е победничка во женска конкуренција, која патеката „Климе Савин“ ја исплива за 5 часа 46 минути и 51 секунда.

Доделувајќи ги пехарите на годинашните победници на Охридскиот маратон, претседателката Сиљановска Давкова упати честитки до првопласираните пливачи и до сите останати натпреварувачи на маратонот, посакувајќи им добро здравје и уште многу натамошни спортски успеси.

Претходно, претседателката ја посети работилницата на средношколците од СОСУ „Св. Кирил и Методиј“ од Охрид, која се одржува за времетраењето на Охридскиот пливачки маратон, на кејот на Охридското езеро.

Младите ја запознаа претседателката со нивните годинашни проектни активности со цел заштита на екосистемот и ендемските видови во Охридското Езеро и разменија мислење со неа за нивните креативни идеи и заложби во насока на преземање на итни мерки за заштита на животната средина и уникатниот екосистем на Охридското Езеро.

На годинашното издание на Охридскиот пливачки маратон учествуваа деветнаесет пливачи од девет држави, единаесет во машка и осум во женска конкуренција.

Категории

Categories

Kategori

Последни вести

Latest news

Lajmet e fundit

Сиљановска-Давкова ги прими акредитивните писма на новоименуваниот грчки амбасадор, Јоанис Малукос

Сиљановска-Давкова ги прими акредитивните писма на новоименуваниот грчки амбасадор, Јоанис Малукос

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова денеска ги прими акредитивните писма на новоименуваниот вонреден и ополномоштен амбасадор на Хеленската Република, Јоанис Малукос. Таа, третирајќи ја Грција како важен...

Претседателката Сиљановска-Давкова ги прими акредитивните писма на новоименуваниот амбасадор на Република Турција, Алпер Акташ

Претседателката Сиљановска-Давкова ги прими акредитивните писма на новоименуваниот амбасадор на Република Турција, Алпер Акташ

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова денеска ги прими акредитивните писма на новоименуваниот амбасадор на Република Турција, Алпер Акташ. Посакувајќи му добредојде, таа изрази уверување дека во неговиот мандат добрите македонско-турски односи ќе станат уште...

Сиљановска-Давкова на одбележувањето на 25 години СОС Детско село

Сиљановска-Давкова на одбележувањето на 25 години СОС Детско село

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова, во својство на покровителка, се обрати на одбележувањето на 25-годишнината од постоењето и работата на СОС Детско село во Македонија, во Македонскиот народен театар во Скопје. Во обраќањето, таа ги потсети возрасните на...

Средба на Сиљановска-Давкова со претставнички на Здружението „Јас Сум Жена“

Средба на Сиљановска-Давкова со претставнички на Здружението „Јас Сум Жена“

 Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова оствари средба со претставничките на Здружението за вмрежување на жени, едуцирање и истражување „Јас Сум Жена“, во состав: Ана Дукоска, Анета Механджијска и Славица Јанкова. На средбата се разговараше за претстојната...