Сиљановска-Давкова го прими австрискиот амбасадор, Мартин Памер

11 февруари 2026 | Соопштенија

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова оствари средба со амбасадорот на Република Австрија, Мартин Памер, на којашто разговараа за културната дипломатија и можностите за промоција на македонската уметност пред австриската јавност.

Обајцата се согласија дека културата е важен сегмент во севкупните билатерални односи и изразија задоволство од соработката меѓу австриските и македонските институции.

Сиљановска-Давкова посочи дека отворањето на македонски културен центар во Австрија би придонел за поголема промоција на македонската уметност и за јакнење на врските со дијаспората.

За претседателката, Австрија е еден од нашите најважни политички и економски партнери и водечки странски инвеститор во земјава. Таа ја поздрави претстојната конференција на австриските амбасадори од регионот, чиј домаќин ќе биде амбасадорот Памер и се заблагодари за принципиелната и гласна поддршка на македонскиот пат кон ЕУ.

Соговорниците се осврнаа на безбедносните предизвици со коишто се соочува Европа и ја потврдија важноста од итно интегрирање на земјите од Западен Балкан во Европската Унија врз основа на Копнехашките критериуми.

Амбасадорот го поздрави активниот ангажман на Сиљановска-Давкова во внатрешната и надворешната политика и ја потврди силната австриска поддршка за македонските евроинтеграции.

Категории

Categories

Kategori

Последни вести

Latest news

Lajmet e fundit

Сиљановска-Давкова: Потребна е поголема институционална поддршка за инклузија на лицата со Даунов синдром

Сиљановска-Давкова: Потребна е поголема институционална поддршка за инклузија на лицата со Даунов синдром

Во пресрет на 21 март - Светскиот ден на лицата со Даунов синдром, претседателката Гордана Сиљановска-Давкова прими претставници на здружението за рехабилитација и инклузија на лица со Даунов синдром „Дневен центар – Доза среќа“ Скопје. [gallery...

Средба на Сиљановска-Давкова со словачката европратеничка Мириам Лексман

Средба на Сиљановска-Давкова со словачката европратеничка Мириам Лексман

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова ја прими Мириам Лексман, пратеничка во Европскиот парламент од Словачка, од групата на Европската Народна Партија. На средбата се разговараше за европската интеграција на државата, при што...

Сиљановска-Давкова прими претставници на Државниот завод за ревизија

Сиљановска-Давкова прими претставници на Државниот завод за ревизија

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова денеска прими претставници на Државниот завод за ревизија, предводени од помошничката на главниот државен ревизор, Катерина Чалоска Алексова, кои вршат ревизија на успешноста на тема „Жени лидери - жени во политиката,...

Средба со членови на спелеонуркачкиот клуб „Врело“

Средба со членови на спелеонуркачкиот клуб „Врело“

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова денеска оствари средба со членови на спелеонуркачкиот клуб „Врело“, на којашто се разговараше за значењето на истражувањето, заштитата и промоцијата на природните богатства како дел од националниот идентитет и наследство....

Средба со претставници на ИНОВА

Средба со претставници на ИНОВА

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова денеска ја прими Даниела Димовска, директорка на новоформираната Агенција за иновации, научно-технолошки развој и претприемништво – ИНОВА. Таа ја запозна со стратешките приоритети, проекти...