Сопругата на претседателот учествуваше на панел дискусија на тема „Светски ден за борба против дијабетесот“

13 ноември 2023 | Соопштенија

Сопругата на претседателот, г-а Елизабета Ѓоргиевска, денеска имаше завршно обраќање на панел дискусија на тема „Светски ден за борба против дијабетесот“, што се одржа во Europe House – Скопје, во пресрет на Светскиот ден за борба против дијабетесот, 14 ноември.

Oсврнувајќи се на актуелните податоци и сознанијата споделени од денешните говорници, сопругата на претседателот изрази загриженост од растечкиот глобален тренд со кој поединци и семејства се соочуваат со предизвиците на дијабетесот. Искуствата нагласи г-а Ѓоргиевска укажуваат дека најголемиот дел од здравствените проблеми, вклучително и дијабетесот, се поврзани со неправилниот начин на живот. Затоа е неопходна поголема физичка активност, правилна исхрана и рано дијагностицирање на одредена состојба или болест.

Според неа ваквите тенденции ја нагласуваат итноста од заеднички напори за борба против дијабетесот на повеќе фронтови.

„Од тој аспект само ќе споменам дека дијабетесот, меѓу другите стручни лица, може да го забележи и стоматологот, имајќи ги предвид симптомите што се јавуваат во усната празнина“, истакна Ѓоргиевска, нагласувајќи ја потребата од раниот скрининг на пациентите, со кој значително би се спречиле карактеристичните компликации што се јавуваат во подоцнежните фази на одредена здравствена состојба.

Во обраќањето пред присутните, сопругата на претседателот ја истакна потребата од дестигматизација на пациентите коишто се соочуваат со дијабетесот. 

„Колку повеќе зборуваме за одреден проблем, толку е помала стигмата, бидејќи со дискусијата расте свеста кај граѓаните. Луѓето се плашат од непознатото, кога се зборува за тоа, едноставно многу поефикасно може да се пристапи кон одреден проблем“, нагласи г-а Ѓоргиевска, упатувајќи честитки и за неодамна промовираниот Протокол за постапување со деца со дијабетес во училишта и детски градинки, како и за книгата „Тип 2 дијабетес – од превенција до соодветен третман”, која е резултат на ентузијазам и желба на повеќе доктори чија професионална определба е да работат на полето на дијабетесот.

На настанот, во организација на Health Hub, стручни излагања имаа д-р Ирфан Ахмети – претседател на Националната комисија за дијабетес, д-р Татјана Миленковиќ – претседател на Македонското научно здружение на ендокринолози и дијабетолози, проф. д-р Лидија Поповска – интернист, кардиолог, мајка на дете со дијабетес тип 1 и д-р Арѓент Муча – директор на Клиниката за ендокринологија, а свои завршни забелешки изнесе Шефот на Делегацијата на Европската Унија, амбасадорот Дејвид Гир.

Категории

Categories

Kategori

Последни вести

Latest news

Lajmet e fundit

Честитка од претседателот Пендаровски по повод Рамазан бајрам

Честитка од претседателот Пендаровски по повод Рамазан бајрам

Претседателот Стево Пендаровски, по повод големиот муслимански празник Рамазан бајрам, упати честитка до граѓаните од исламска вероисповед во Република Северна Македонија и до поглаварот на Исламската верска заедница Реис-ул-улема х. хфз. Шаќир еф. Фетаху. Почитуван...

Средба на претседателот Пендаровски со делегација на Пацифичкиот Совет од САД

Средба на претседателот Пендаровски со делегација на Пацифичкиот Совет од САД

Претседателот Стево Пендаровски денеска прими делегација од Пацифичкиот Совет од САД, која престојува во посета на нашата држава. Истакнувајќи дека Соединетите Американски Држави се наш најголем стратешки партнер и сојузник во НАТО, претседателот Пендаровски посочи...

Средба на претседателот Пендаровски со лорд Стјуарт Пич, специјален претставник на Обединетото Кралство за Западен Балкан

Средба на претседателот Пендаровски со лорд Стјуарт Пич, специјален претставник на Обединетото Кралство за Западен Балкан

Претседателот Стево Пендаровски денеска го прими лорд Стјуарт Пич, специјален претставник на Обединетото Кралство за Западен Балкан. Двајцата соговорници разменија мислења за актуелните случувања во регионот на Западен Балкан, за стратешките интереси на земјава и...

Средба со Џилиан Стирк, Шеф на мисијата за набљудување  на претстојните избори (ЕОМ) на ОБСЕ – Канцеларија за демократски институции и човекови права (ОДИХР)

Средба со Џилиан Стирк, Шеф на мисијата за набљудување  на претстојните избори (ЕОМ) на ОБСЕ – Канцеларија за демократски институции и човекови права (ОДИХР)

Претседателот Стево Пендаровски, денеска ја прими Џилиан Стирк, Шеф на мисијата за набљудување на претстојните избори (ЕОМ) на ОБСЕ – Канцеларија за демократски институции и човекови права (ОДИХР). На средбата претседателот Пендаровски беше запознаен со планираните...

Честитка од претседателот Пендаровски до верниците кои го прославуваат Велигден според Грегоријанскиот календар

Честитка од претседателот Пендаровски до верниците кои го прославуваат Велигден според Грегоријанскиот календар

Претседателот Стево Пендаровски, по повод големиот христијански празник Воскресение Христово – Велигден, упати честитка до д-р Киро Стојанов, Скопски бискуп и епарх струмичко-скопски, и до сите христијански верници кои го прославуваат Велигден според Грегоријанскиот...