Панел дискусија „Дигиталното образование – приоритет за постигнување на родовата еднаквост“

8 март 2023 | Соопштенија

На иницијатива на сопругата на претседателот, Елизабета Ѓоргиевска, денеска во Кабинетот на претседателот се одржа панел дискусија на тема: „Дигиталното образование – приоритет за постигнување на родовата еднаквост“. Настанот се организира во соработка со Женската граѓанска иницијатива – ЖГИ АНТИКО по повод 8-ми Март – Меѓународниот ден на жената.

Во своето обраќање пред присутните, сопругата на претседателот истакна дека развојот на информациските и комуникациските технологии ја зголемува потребата од нови вештини и знаења и покрај високото образование, дигиталната и интернет писменоста денес е значајна алатка за економско зајакнување на жените. Преку обезбедување на дигитални вештини, на жените им се овозможува и можност за сопствен бизнис, за финансиска независност, за остварувања на своите права, нагласи г-а Ѓоргиевска.

Настанот се одвиваше во две панел дискусии на коишто учествуваа шефот на делегацијата на Европската Унија во Скопје, Дејвид Гир, шефицата на канцеларијата на ОН Жени во Северна Македонија, Весна Ивановиќ – Кастаред, генералната директорка и сопственичка на Семос едукација, Валентина Тасева, извршната директорка и ко-основачка на ИТ компанијата Дигикјуб (Digicube), Влора Адеми, претседателката на Националниот совет за родова рамноправност, Савка Тодоровска, диригентката во Македонска опера и балет, Бисера Чадловска, Фросина Ѓоргиевска, земјоделка од Преспанскиот регион и Искра Гешоска, советничка за прашања од областа на културата на претседателот на Република Северна Македонија.

Годинава, Обединетите Нации Меѓународниот ден на жената го одбележуваат под тема „DigitALL: Иновации и технологија за родова еднаквост“.

Во продолжение е интегралниот текст од обраќањето на сопругата на претседателот, Елизабета Ѓоргиевска.

Почитувани присутни,

Ме радува можноста што денеска заеднички можеме да го одбележиме 8 март – како ден во кој се потсетуваме на сите напори за постигнување на социјална, политичка и економска еднаквост на жените, искоренување на дискриминацијата и борбата против родово-базираното насилство.

Годинава темата на Обединетите нации за денот на жените е посветена на иновациите и технологијата; во таа насока и ние се фокусираме денеска на темата за „Дигитално образование – приоритет за постигнување на родовата еднаквост“.

Развојот на информациските и комуникациските технологии ја зголемува потребата од нови вештини и знаења. Покрај високото образование, дигиталната и интернет писменоста во модерното доба е значајна алатка за економско зајакнување на жените. Преку обезбедување на дигитални вештини, на жените им се дава можност за развивање на сопствен бизнис, за финансиска независност, за остварувања на сопствените права.

Со зголемувањето на дигиталната писменост, ќе може да се ублажат многу прашања поврзани со родовата нееднаквост. Еден од последните извештаи на Светскиот економски форум за глобалниот родов јаз потврдува дека во повеќето кластери на професии на иднината има голема нерамноправност меѓу жените и мажите. Нерамноправност во износот на примањата, во можноста за напредување во професијата, во добивањето еднакви шанси и видливост при професионалниот развој. Последното мапирање на ИТ секторот во Северна Македонија направено минатата година го потврдува проблемот видлив во застапеноста на жените во оваа индустрија, стереотипизирајќи ја најчесто како машка професија. Особено очигледни во ова истражување се разликите на сениорските и менаџерските позиции помеѓу жените и мажите.

Овој јаз е најголем токму во секторите што бараат иновативни дигитални и технички знаења и вештини, а врз кои се темели дигиталната економија. Ваквата нееднаквост на можностите го забавува економскиот развој. Со цел да го намалиме родовиот јаз потребно е сите заеднички да пронаоѓаме решенија за доброто на целото општество.

Дигиталните технологии овозможуваат нови вештини и економски активности на жените. Но, за да не станат ново поле на дискриминација на жените, неопходно е што повеќе жени да го следат својот животен и професионален повик и да го заземат своето место во СТЕМ областите.

Да се заложиме за што поголемо учество на жените и во новите, иновативни професии. На тој начин ќе овозможиме жените да бидат витален дел на дигиталната економија.

Покрај денешниот, секој ден треба да бидеме гласни за остварувањето на еднакви плати, еднакви можности, еднакви права, како што е и главниот хаштаг за овој меѓународен празник, а во контекст на збогатување на дигиталниот речник: – #EmbraceEquity – да ја прегрнеме еднаквоста.

Ви благодарам.

Категории

Categories

Kategori

Последни вести

Latest news

Lajmet e fundit

Средба со преставници на Лајонс дистрикт 132 – Северна Македонија и меѓународниот претседател  на организацијата, Брајан Шихан

Средба со преставници на Лајонс дистрикт 132 – Северна Македонија и меѓународниот претседател на организацијата, Брајан Шихан

Претседателот Стево Пендаровски денеска го прими Брајан Шихан, претседател на Меѓународната асоцијација на Лајонс клубови и претставници на Лајонс дистрикт 132 Северна Македонија, по повод 25-годишнината од нивната работа во нашата држава. [gallery...

Претседателот Пендаровски ги прими акредитивите на новоименуваниот амбасадор на Азербејџан, Камил Касијев

Претседателот Пендаровски ги прими акредитивите на новоименуваниот амбасадор на Азербејџан, Камил Касијев

Претседателот Стево Пендаровски денеска ги прими акредитивните писма на новоименуваниот амбасадор на Република Азербејџан за Република Северна Македонија, со седиште во Белград, Камил Касијев. На свечената церемонија на предавање...

Посета на ученици од ООУ „7 Марси“ и ООУ „Љубен Лапе” во рамки на Отворен Кабинет

Посета на ученици од ООУ „7 Марси“ и ООУ „Љубен Лапе” во рамки на Отворен Кабинет

Ученици од ООУ„7 Марси“ од Липково и од ООУ „Љубен Лапе" од Скопје, во рамки на активноста Отворен Кабинет, денеска се сретнаа и поразговараа со претседателот Пендаровски за неговата работа, за претседателските надлежности и активности. [gallery...

Ѓоргиевска: Мора системски, институционално да се искорени дискриминацијата и задскриената маргинализација

Ѓоргиевска: Мора системски, институционално да се искорени дискриминацијата и задскриената маргинализација

Сопругата на претседателот, Елизабета Ѓоргиевска присуствуваше и се обрати на завршната регионална конференција „Предизвици со кои се соочуваат жените и девојчињата во регионот на патот кон ЕУ – Гласно и храбро ги поместуваме границите“. Конференцијата е во...

Активности на сопругата на претседателот, Елизабета Ѓоргиевска со сопругата на австрискиот претседател, Дорис Шмидауер

Активности на сопругата на претседателот, Елизабета Ѓоргиевска со сопругата на австрискиот претседател, Дорис Шмидауер

Сопругата на претседателот, Елизабета Ѓоргиевска заедно со Дорис Шмидауер, сопруга на сојузниот претседател на Република Австрија, Александер Ван Дер Белен коишто престојуваат во официјална посета на Република Северна Македонија, денеска во Канцеларијата на...