Порака од претседателката Сиљановска-Давкова по повод 1 Мај – Меѓународниот ден на трудот

1 мај 2025 | Соопштенија

По повод 1 Мај – Меѓународниот ден на трудот, Гордана Сиљановска-Давкова ја упати следната порака:

Денеска го славиме 1 Мај – Меѓународниот ден на трудот, ги славиме оние кои работат вредно, посветено и пожртвувано, како и сите оние кои оставиле  историски печат во долгата и тешка борба за вреднување на работничкиот труд и почитување на работничките права.

На овој ден им оддаваме заслужена посебна почит и признание на работниците – генерации и генерации на мнозинството луѓе со најголем придонес во создавањето и изградбата на државата и општествените вредности.

Први мај е ден кога работниците и синдикатите со право протестираат за повисоки плати и пошироки права, потенцирајќи го социјалниот карактер на македонската држава што има уставна обврска да води сметка за хуманизмот, социјалната правда и солидарноста како темелни вредности на уставниот поредок.

Први мај е вистинскиот ден кога ние, носителите на власта треба да се запрашаме: дали и како се остварува правото на работа, дали секој има слободен избор на вработување, дали вработените се заштитени при вработувањето, дали се соодветно материјално обезбедени при невработеност, дали секому под еднакви услови му е достапно секое работно место, дали заработувачката е  соодветна на трудот, дали секој вработен има право на дневен, неделен и годишен одмор, дали се почитуваат колективните договори?

Пред нас се многу проблеми и дилеми што мора да се надминат.

Социјалната правда не смее да се применува селективно, ниту да се перцепира како недостижен идеал. Таа е невозможна без соодветно вреднување на човековиот труд и без уважување на работничкото достоинствено. Тоа подразбира правична плата, квалитетни услови за работа, безбедност и сигурност во работењето, можност за надградување и напредување.

Во демократски политички систем мора да се слуша гласот на работникот, да се почитува синдикалното организирање и правото на штајк,  да се негува социјалниот дијалог, да се гради партиципативна демократија.

Убедена сум дека само задоволниот работник може да биде продуктивен, ефикасен и ефективен.

Да го чуваме и да вложуваме во нашиот највреден  ресурс – човекот!

Честит 1 Мај – Денот на трудот!

Категории

Categories

Kategori

Последни вести

Latest news

Lajmet e fundit

Честитка од претседателката Сиљановска-Давкова по повод Рамазан бајрам

Честитка од претседателката Сиљановска-Давкова по повод Рамазан бајрам

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова, по повод големиот муслимански празник - Рамазан бајрам, упати честитка до верниците од исламска вероисповед и до поглаварот на Исламската верска заедница, реис-ул-улема х. хфз. Шаќир еф. Фетаху. Почитуван реис-ул-улема х....

Сиљановска-Давкова: Потребна е поголема институционална поддршка за инклузија на лицата со Даунов синдром

Сиљановска-Давкова: Потребна е поголема институционална поддршка за инклузија на лицата со Даунов синдром

Во пресрет на 21 март - Светскиот ден на лицата со Даунов синдром, претседателката Гордана Сиљановска-Давкова прими претставници на здружението за рехабилитација и инклузија на лица со Даунов синдром „Дневен центар – Доза среќа“ Скопје. [gallery...

Средба на Сиљановска-Давкова со словачката европратеничка Мириам Лексман

Средба на Сиљановска-Давкова со словачката европратеничка Мириам Лексман

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова ја прими Мириам Лексман, пратеничка во Европскиот парламент од Словачка, од групата на Европската Народна Партија. На средбата се разговараше за европската интеграција на државата, при што...

Сиљановска-Давкова прими претставници на Државниот завод за ревизија

Сиљановска-Давкова прими претставници на Државниот завод за ревизија

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова денеска прими претставници на Државниот завод за ревизија, предводени од помошничката на главниот државен ревизор, Катерина Чалоска Алексова, кои вршат ревизија на успешноста на тема „Жени лидери - жени во политиката,...

Средба со членови на спелеонуркачкиот клуб „Врело“

Средба со членови на спелеонуркачкиот клуб „Врело“

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова денеска оствари средба со членови на спелеонуркачкиот клуб „Врело“, на којашто се разговараше за значењето на истражувањето, заштитата и промоцијата на природните богатства како дел од националниот идентитет и наследство....