Порака од претседателката Гордана Сиљановска-Давкова по повод 9 Мај

9 мај 2026 | Соопштенија

9 Мај за нас е двоен празник: Ден на победата над фашизмот и Ден на Европа.

Македонскиот народ застана на правата страна: антифашистичката.

Илјадници македонски партизани, млади и стари, мажи и жени, селани, работници и интелектуалци станаа дел од Народноослободителната борба, цврсто решени да се изборат за слобода, но и за самостојна и независна држава на македонскиот народ.

Околу 25.000 борци не ја дочекаа слободата и победата, но останаа запишани во македонската историја како незаборавни јунаци за македонската држава.

Кога на 9 Мај 1945 година капитулираше нацистичка Германија, македонската војска броеше повеќе од 110 илјади борци.

Има ли поголемо сведоштво за решеноста со крв да се извојува слободата и да се оствари правото на самоопределување? За храброста и пожртвуваноста, 66 борци беа одликувани со Орденот народен херој, од кои 44 постухумно.

Меѓу најтешките трагедии од македонската НОБ е оној врзан за македонските Евреи. Пред војната, во Скопје, Битола и Штип еврејската заедница броеше 7.762 луѓе, почитувани македонски сограѓани. Во март 1943 година, окупаторските власти депортираа 7.144 македонски Евреи во логорот на смртта Треблинка. Речиси никој не се врати. Исчезнаа цели семејства, домови и генерации, но останаа небришливите траги и спомени во колективна меморија.

9 Мај одново и одново нè потсетува дека ниту слободата, ниту државата не ни се подарени, туку со живот и крв се изборени и мора да се чуваат, негуваат и бранат.

Како природни и докажани Европјани, должни сме да го осудиме и да му се спротивставиме на било кој облик на фашизам или слични идеологии, да веруваме и трагаме по мировни решенија за сите внатрешни, меѓудржавни и меѓународни проблеми, следејќи го примерот на вистинските европјани: Робер Шуман, Конрад Аденауер,Алсид де Гаспери и Жан Моне, татковците на нашата модерна Европа, оти заедно сме посилни!

Слава на сите паднати антифашисти и борци за слобода!

Нека нивната жртва никогаш не биде заборавена!

Категории

Categories

Kategori

Последни вести

Latest news

Lajmet e fundit

Сиљановска-Давкова на Самитот на ЕПЗ во Даблин: Европа не треба да си дозволи да остане недоволно поврзана со Западен Балкан

Сиљановска-Давкова на Самитот на ЕПЗ во Даблин: Европа не треба да си дозволи да остане недоволно поврзана со Западен Балкан

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова, денеска заедно со 50 шефови на европски држави и влади, учествуваше на Самитот на Европската политичка заедница во Даблин, чија централна тема е „Европа: силна, безбедна и поврзана“. Сиљановска-Давкова се обрати на панел...

Сиљановска-Давкова ќе учествува на деветтиот состанок на Европската политичка заедница во Даблин

Сиљановска-Давкова ќе учествува на деветтиот состанок на Европската политичка заедница во Даблин

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова, денеска, 12 ноември 2026 година, четврток, ќе учествува на деветтиот состанок на Европската политичка заедница во Даблин, Ирска. На настанот, што се одржува во рамки на ирското претседателство со Советот на Европската Унија,...

Сиљановска-Давкова – Ван дер Белен: Австрија останува важен и искрен поддржувач на македонскиот евроинтеграциски пат

Сиљановска-Давкова – Ван дер Белен: Австрија останува важен и искрен поддржувач на македонскиот евроинтеграциски пат

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова, денеска на маргините на Конференцијата на страните на Рамковната конвенција на Обединетите нации за климатски промени (COP31) во Анталија, оствари средба со претседателот на Република Австрија, Александер Ван дер Белен. Во...

Сиљановска-Давкова на COP31: Климатската амбиција мора да се претвори во конкретно дејствување

Сиљановска-Давкова на COP31: Климатската амбиција мора да се претвори во конкретно дејствување

  Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова, денеска се обрати на Самитот за климатски промени (COP31) во Анталија, каде што ги потврди македонските заложби за климатска акција и ја нагласи потребата од праведна транзиција кон чиста енергија. [gallery...

Сиљановска-Давкова ќе учествува на Самитот за климатски промени (COP31) во Анталија

Сиљановска-Давкова ќе учествува на Самитот за климатски промени (COP31) во Анталија

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова, денеска - 11 ноември 2026 година, среда, во Анталија, Република Турција ќе учествува на Лидерскиот самит во рамките на 31. Конференција на страните (COP31) на Конвенцијата на Обединетите Нации за климатски промени....