Претседателот Пендаровски посети две изложби во Музејот на современа уметност

14 февруари 2023 | Соопштенија

Претседателот Стево Пендаровски ги посети изложбите „Сè што имаме заедничко“ и „Лаењето на облаците не ги вознемирува кучињата“ поставени во Музејот на современа уметност.

Изложбата „Сè што имаме заедничко“ е организирана во рамки на 14-то европско номадско биенале за современа уметност „Манифеста“. На изложбата се поставени уметнички дела на ромски уметници од повеќе европски земји и тоа на Дилејн ле Бас и Ден Тарнер од Англија, Роберт Габрис, Емилија Ригова и Лубош Котлар од Словачка, Сеад Казанџиу од Албанија, Цеија Стојка од Австрија, Нихад Нино Пушија од Босна и Херцеговина/Германија, Андре Јено Рацш од Германија и Рома џем сешн уметнички колектив – Мустафа Асан, Мо Динер, Милена Петровиќ  од Северна Македонија, Швајцарија и Србија,  како и Ахмет Кадри и Дурмиш Ќазим од нашата земја.

Уметничките дела од оваа изложба третираат различни прашања поврзани со историјата на исклученоста и маргинализацијата на ромските заедници во различни европски политички контексти и со нив уметниците Роми сакаат да ја зголемат видливоста на ромската уметност и јазик и промена на досегашните маргинализирани наративи за Ромите.

Изложбата „Лаењето на облаците не ги вознемирува кучињата“ на уметникот од Косово, Дритон Селмани, еден од тројцата наградени автори за „Најуспешен автор и дело“ на минатогодишното 13. Меѓународно биенале на млади уметници, се состои од текстуални дела, објекти и видео. Со нив уметникот на духовит начин користејќи специфична форма на хумор го истражува и преиспитува секојдневието. Во овој контекст, Селмани артикулира прашања поврзани со популарната култура, дискурсите на моќта во обликувањето на нашите животи, а третира и историски наративи, стереотипи, чувство на припадност и исклученост.

Категории

Categories

Kategori

Последни вести

Latest news

Lajmet e fundit

Средба со преставници на Лајонс дистрикт 132 – Северна Македонија и меѓународниот претседател  на организацијата, Брајан Шихан

Средба со преставници на Лајонс дистрикт 132 – Северна Македонија и меѓународниот претседател на организацијата, Брајан Шихан

Претседателот Стево Пендаровски денеска го прими Брајан Шихан, претседател на Меѓународната асоцијација на Лајонс клубови и претставници на Лајонс дистрикт 132 Северна Македонија, по повод 25-годишнината од нивната работа во нашата држава. [gallery...

Претседателот Пендаровски ги прими акредитивите на новоименуваниот амбасадор на Азербејџан, Камил Касијев

Претседателот Пендаровски ги прими акредитивите на новоименуваниот амбасадор на Азербејџан, Камил Касијев

Претседателот Стево Пендаровски денеска ги прими акредитивните писма на новоименуваниот амбасадор на Република Азербејџан за Република Северна Македонија, со седиште во Белград, Камил Касијев. На свечената церемонија на предавање...

Посета на ученици од ООУ „7 Марси“ и ООУ „Љубен Лапе” во рамки на Отворен Кабинет

Посета на ученици од ООУ „7 Марси“ и ООУ „Љубен Лапе” во рамки на Отворен Кабинет

Ученици од ООУ„7 Марси“ од Липково и од ООУ „Љубен Лапе" од Скопје, во рамки на активноста Отворен Кабинет, денеска се сретнаа и поразговараа со претседателот Пендаровски за неговата работа, за претседателските надлежности и активности. [gallery...

Ѓоргиевска: Мора системски, институционално да се искорени дискриминацијата и задскриената маргинализација

Ѓоргиевска: Мора системски, институционално да се искорени дискриминацијата и задскриената маргинализација

Сопругата на претседателот, Елизабета Ѓоргиевска присуствуваше и се обрати на завршната регионална конференција „Предизвици со кои се соочуваат жените и девојчињата во регионот на патот кон ЕУ – Гласно и храбро ги поместуваме границите“. Конференцијата е во...

Активности на сопругата на претседателот, Елизабета Ѓоргиевска со сопругата на австрискиот претседател, Дорис Шмидауер

Активности на сопругата на претседателот, Елизабета Ѓоргиевска со сопругата на австрискиот претседател, Дорис Шмидауер

Сопругата на претседателот, Елизабета Ѓоргиевска заедно со Дорис Шмидауер, сопруга на сојузниот претседател на Република Австрија, Александер Ван Дер Белен коишто престојуваат во официјална посета на Република Северна Македонија, денеска во Канцеларијата на...