Изјава на претседателот Пендаровски на денешната прес-конференција

1 март 2024 | Обраќања

Претседателот Стево Пендаровски денеска одржа прес-конференција. Во продолжение е интегралниот текст на изјавата на претседателот Пендаровски.

Почитувани медиуми,

Почитувани граѓани,

Благодарам за вашето присуство.

Повод за денешнава моја прес-конференција, е тоа што сакам да ја најавам мојата граѓанска кандидатура за Претседател на државата. Изминативе денови добив јавна поддршка за номинација за вториот мандат од граѓани, дел од нив јавни личности, универзитетски професори, културни работници, луѓе кои ме познаваат, но и не мал број од оние кои лично не ме познаваат. Ја користам оваа прилика, на сите нив, да им се заблагодарам за довербата која ја имаат кон мене и за поддршката која ми ја даваат. На 3 март, во недела, според моите информации очекувам и Социјалдемократскиот Сојуз да ја формализира својата поддршка за мојата кандидатура, а веднаш потоа, од понеделник, тоа да го направат и останатите десетина политички партии од таа коалиција. Во недела ќе присуствувам на Конгресот на СДСМ, само во тој дел се разбира, да им се заблагодарам за поддршката, а од понеделник па натаму ќе имам средби со сите десетина политички партии од таа коалиција, која ја најавија својата поддршка за мојата кандидатура, од кои ќе сакам да слушнам предлози кои би можел да ги вградам во мојата изборна програма. Како што најавив поодамна, станува збор за граѓанска кандидатура и поради тоа ги повикувам сите граѓани, почнувајќи од 3 март, недела, да дадат поддршка за мојата кандидатура со давање на потписи во подрачните единици на Државната изборна комисија.

Накусо за причините за мојата кандидатура.

Првата и главна причина е во тоа што зад себе имам мандат без ниту една стратешка грешка. Без ниту една корупциска афера и ниту еден случај на непотизам или судир на интереси, поврзани со мене, со моето семејство, со моите роднини, пријатели, или најблиските соработници. Бев национален координатор и ги предводев преговорите за членство на Македонија во НАТО и во мојот прв мандат станавме членки на Алијансата. Очекувам во моја втор мандат да станеме членки на Европската Унија.

Друга причинa се моите политики во сферата на меѓуетничките односи, кои се, биле и ќе бидат столб на внатрешната стабилност и кохезија на македонското општество. Јас сум Македонец, меѓутоa, не постои ниту еден единствен случај во изминативе пет години кога моето етничко потекло било причина некого да фаворизирам,  или да деградирам. Структурата на моите соработници во Кабинетот, но и сите именувања кои ги направив во рамките на моите уставни и законски надлежности се потврда за ова што го зборувам.

Третата причина е поврзана со втората. Во изминативе пет години покажав дека претседателот може да биде независен од било кои центри на политичка, или економска моќ во државата, вклучително и во однос на оние кои го поддржале на избори. Во нашава држава не постои човек или партија, кој може да каже дека ме контролира, или ги диригира моите одлуки.

Сега накусо за моите ставови во однос на двата столба на македонската независност, стабилност и просперитет и договорите поврзани со нив. Велам накусо, затоа што македонската јавност, сите вие, во изминативе пет години многу добро ги знаете моите ставови по однос на овие две прашања. Станува збор за меѓуетничките односи и евроатлантските интеграции.

Постојат кандидати кои се залагаат, или најавуваат, или во минатото најавувале ревизија, или поништување на Рамковниот, Преспанскиот и Договорот со Бугарија.

Рамковниот договор ја исполни својата историска улога и ја засили, а не ја поткопа внатрешната кохезија на Македонија. Најмногу и заради Рамковниот договор станавме држава – кандидат за членство во Европската Унија.

Преспанскиот договор го овозможи нашиот влез во НАТО, што е огромна придобивка од аспект на безбедноста на државата и го потврди постоењето на Македонците и на македонскиот јазик на глобално ниво.

Договорот со Бугарија не беше спорен цели три години. Истиот тој договор, со истата таа содржина, стана проблем кога Бугарија под притисок на својата стара комунистичка националистичка гарда почна да измислува причини за блокада, кои инаку во самиот Договор ги нема. Конечно, тезите дека некој ќе ја промени преговарачката рамка со Европската Унија и ќе направи подобар договор со Бугарија се политичка фатаморгана, исто како и најновата ингениозна идеја дека договорот со Бугарија ќе го почитуваат, но во замена ќе бараат Софија да го промени нивниот Устав и пропратните закони. Меѓутоа, ако некој успее да го направи тоа ќе бидам првиот кој јавно ќе му честита. Само се плашам дека станува збор за барање за оправдување за реалната блокада на нашите евроинтеграции која ја прават последните години исклучиво заради кревање на својот партиски рејтинг.

Ви благодарам. 

Категории

Categories

Kategori

Последни вести

Latest news

Lajmet e fundit

Честитка од претседателот Пендаровски по повод Рамазан бајрам

Честитка од претседателот Пендаровски по повод Рамазан бајрам

Претседателот Стево Пендаровски, по повод големиот муслимански празник Рамазан бајрам, упати честитка до граѓаните од исламска вероисповед во Република Северна Македонија и до поглаварот на Исламската верска заедница Реис-ул-улема х. хфз. Шаќир еф. Фетаху. Почитуван...

Средба на претседателот Пендаровски со делегација на Пацифичкиот Совет од САД

Средба на претседателот Пендаровски со делегација на Пацифичкиот Совет од САД

Претседателот Стево Пендаровски денеска прими делегација од Пацифичкиот Совет од САД, која престојува во посета на нашата држава. Истакнувајќи дека Соединетите Американски Држави се наш најголем стратешки партнер и сојузник во НАТО, претседателот Пендаровски посочи...

Средба на претседателот Пендаровски со лорд Стјуарт Пич, специјален претставник на Обединетото Кралство за Западен Балкан

Средба на претседателот Пендаровски со лорд Стјуарт Пич, специјален претставник на Обединетото Кралство за Западен Балкан

Претседателот Стево Пендаровски денеска го прими лорд Стјуарт Пич, специјален претставник на Обединетото Кралство за Западен Балкан. Двајцата соговорници разменија мислења за актуелните случувања во регионот на Западен Балкан, за стратешките интереси на земјава и...

Средба со Џилиан Стирк, Шеф на мисијата за набљудување  на претстојните избори (ЕОМ) на ОБСЕ – Канцеларија за демократски институции и човекови права (ОДИХР)

Средба со Џилиан Стирк, Шеф на мисијата за набљудување  на претстојните избори (ЕОМ) на ОБСЕ – Канцеларија за демократски институции и човекови права (ОДИХР)

Претседателот Стево Пендаровски, денеска ја прими Џилиан Стирк, Шеф на мисијата за набљудување на претстојните избори (ЕОМ) на ОБСЕ – Канцеларија за демократски институции и човекови права (ОДИХР). На средбата претседателот Пендаровски беше запознаен со планираните...

Честитка од претседателот Пендаровски до верниците кои го прославуваат Велигден според Грегоријанскиот календар

Честитка од претседателот Пендаровски до верниците кои го прославуваат Велигден според Грегоријанскиот календар

Претседателот Стево Пендаровски, по повод големиот христијански празник Воскресение Христово – Велигден, упати честитка до д-р Киро Стојанов, Скопски бискуп и епарх струмичко-скопски, и до сите христијански верници кои го прославуваат Велигден според Грегоријанскиот...