Изјава на претседателот Пендаровски на заедничката прес конференција со словенечката претседателка и хрватскиот претседател

11 септември 2023 | Соопштенија

Претседателот Стево Пендаровски денеска по завршувањето на состанокот на лидерите на земјите учеснички од Процесот Брдо-Бриони во Скопје, одржа заедничка прес-конференција со претседателите на Република Словенија и Република Хрватска, Наташа Пирц Мусар и Зоран Милановиќ.

Во продолжение е интегралниот текст на изјавата на претседателот Пендаровски.

Почитувана претседателке на Словенија,

Почитуван претседател на Хрватска,

Почитувани претставници на медиумите,

Ова е значаен ден за нас, бидејќи денес имаме чест да бидеме домаќини на претседателите на земјите учеснички на Брдо-Бриони процесот, кој е единствен механизам за соработка во регионот на ниво на шефови на држави.

Најпрво сакам да се заблагодарам на традиционалните ко-домаќини, претседателите на Словенија и Хрватска – моите колеги и пријатели Наташа и Зоран, што како лидери на Процесот Брдо-Бриони ги застапуваат интересите на нашиот регион, особено во рамките на Европската Унија.

Секако, благодарност и до претседателите на Србија, Косово, Албанија и Црна Гора, како и на претседавачот и двајцата членови на претседателството на Босна и Херцеговина за нивното учество и придонес на овој состанок кој помина во конструктивна атмосфера и на кој ја потврдивме важноста од регионалната соработка, која е неопходно да се заснова врз искрен и отворен дијалог.

Првата тема на денешниот состанок беше приоритетот број еден за земјите од Западен Балкан, а тоа се европските аспирации. Желбата за членство во Европската Унија, без исклучок, присутна кај сите држави кои се дел од овој форум, е значајен фактор кој не мотивира и поврзува. Во тој контекст, на сите ни е јасно дека треба да ги постигнеме европските стандарди на добро владеење и функционална пазарна економија.

Стабилноста и просперитетот во регионот се меѓузависни. Затоа е повеќе од потребно, отворено да зборуваме за најтешките прашања, да бараме одржливи решенија и да ги затвораме отворените прашања. Исто така, со заеднички напори мора да издејствуваме западниот Балкан да се врати целосно на европската агенда и таму да остане.

Почитувани,

Несомнено е дека иднината, не само на нашиот регион, туку и на светот, ќе биде дефинирана од најголемиот глобален предизвик, а тоа се климатските промени. Годинешниве шумски пожари и поплави во регионот и во Европа се индикатори за тоа каква иднина не очекува. Eкстремните временски услови ќе бидат се поинтензивни и ќе зачестат топлотните бранови, сушите и пожарите, бурите и поплавите.

Поради тоа, политиките поврзани со климатските промени, чиј потенцијал ги надминува капацитетите на секоја индивидуална држава, се наметнаа како важна тема на овој состанок. Во таа смисла, сите сме согласни дека мораме да ги зајакнеме нашите напори во оваа глобална трка со времето, со носење на решенија кои ќе ги ублажат негативните последици од климатските промени, а, ќе вклучуваат општествена, политичка и регионална солидарност.

Со моите колеги разговаравме и за, без дилеми, најголемиот предизвик за регионот – иселувањето на младите. Заеднички заклучок на сите присутни беше дека доколку не му застанеме на патот на овој тренд и тој не биде успорен со конкретни политики нас нè очекува многу полоша иднина од онаа која во моментов можеме да ја антиципираме. Нашата заедничка порака е да ги удвоиме и билатералните и регионалните напори за создавање перспективи за младите да останат во регионот и да се реализираат во сопствените земји.

Почитувани,

На крајот, дозволете ми да изразам задоволство што на денешниот состанок успеавме да го усогласиме текстот и да ја усвоиме Декларацијата од Скопје, во која се содржани заедничките констатации и заложби на сите девет претседатели во однос на темите кои беа предмет на денешната дискусија.

Ви благодарам.

Категории

Categories

Kategori

Последни вести

Latest news

Lajmet e fundit

Отворен Кабинет со ученици од ООУ „Григор Прличев“ од Скопје

Отворен Кабинет со ученици од ООУ „Григор Прличев“ од Скопје

Денеска Кабинетот на Претседателот, во рамки на активноста Отворен Кабинет, го посетија ученици од шесто одделение при ООУ „Григор Прличев“ од Скопје. За време на посетата, учениците беа запознаeни со историјатот на објектот во...

Обраќање на сопругата на претседателот на конференцијата „Родова еднаквост на работното место“

Обраќање на сопругата на претседателот на конференцијата „Родова еднаквост на работното место“

Сопругата на претседателот, Елизабета Ѓоргиевска присуствуваше и се обрати на конференцијата „Родова еднаквост на работното место“ организирана по повод Меѓународниот ден за еднакви плати. Говорејќи за значајноста на зајакнувањето на економската сигурност на жените во...

Трет модул на Школата за политики за 2023 година при Претседателскиот центар за политичко образование

Трет модул на Школата за политики за 2023 година при Претседателскиот центар за политичко образование

Викендов во Кавадарци се одржа третиот модул на Школата за политики за 2023 година, при Претседателскиот центар за политичко образование. Третиот модул на Школата го отворија д-р Александар Љ. Спасов, претседател на Програмскиот совет на Претседателскиот центар за...

Обраќање на претседателот Пендаровски на затворањето на 44. издание на фестивалот „Браќа Манаки“

Обраќање на претседателот Пендаровски на затворањето на 44. издание на фестивалот „Браќа Манаки“

Претседателот Стево Пендаровски присуствуваше и се обрати на затворањето на 44. издание на интернационалниот фестивал на филмска камера „Браќа Манаки“ во Битола. Во своето обраќање, претседателот Пендаровски кој е...

Претседателот Пендаровски се сретна со мешовитиот стручен тим за конзервација и реставрација во црквата „Св.Ѓорѓија“ во с. Курбиново

Претседателот Пендаровски се сретна со мешовитиот стручен тим за конзервација и реставрација во црквата „Св.Ѓорѓија“ во с. Курбиново

Претседателот Стево Пендаровски денеска ја посети црквата „Св. Ѓорѓија“ во с.Курбиново кадешто се одвива првата фаза од проектот за конзервација и реставрација на ѕидното сликарство во ентериерот на црквата којашто е ставена под заштита како културно-историски...