Сиљановска-Давкова – Бегај: Нема поголема инвестиција во стабилноста на Западниот Балкан од членството во ЕУ

27 февруари 2026 | Соопштенија

Во рамки на официјалната посета на албанскиот претседател, денеска беше одржана заедничка прес-конференција на претседателката Гордана Сиљановска-Давкова и претседателот Бајрам Бегај.

Во продолжение е интегралната изјава на претседателката Сиљановска-Давкова.

Благодарам за присуството.

Ќе го повторам она што му го кажав на господинот Бегај и она што го кажав на заедничката средба на албанската делегација и на претставниците од мојот кабинет. Секогаш се радувам на средбите со господинот Бегај. Иако неговата вокација е лекар, а мојата правник, двајцата сме професори и најчесто разговараме за нештата што се важни за светот, за принципите и вредностите, бидејќи тоа се филозофски прашања.

Значи, чест ми беше и задоволство да му посакам добредојде на претседателот Бајрам Бегај. Посетава е уште една потврда за одличните пријателски односи, а одлични пријателски односи се градат само и само врз меѓусебна почит, доверба, партнерство и заедничка визија за европската иднина, ама и за светот.

Речиси немаше прашање за кое не разменивме ставови, се разбира нашиот политички дијалог е дијалог заснован на отвореност и разбирање. Секогаш има меѓу соседите прашања кои заслужуваат посебно внимание, но едно е јасно, ние немаме отворени прашања. Кога немате отворени прашања, имате основ за соработка во сите области.

Иако статусот на албанскиот претседател и мојот е воглавно церемонијален и ние немаме надлежност во економијата, се разбира, бидејќи ги претставуваме граѓаните и дома и надвор и водиме сметка за прогресот на двете држави, уште еднаш денеска и покрај напредокот потенциравме дека има простор за зголемување на трговската размена и за инвестициите. Има неискористен материјал меѓу бизнис заедниците, треба да се валоризира. Потребна е понатамошна инфраструктурна заедничка активност и поврзаност. Треба да ги олесниме процедурите за прекугранична соработка, тука како што знаете добар пример се соработката на царинските управи на двете држави, кои наоѓаат решение за непречено одвивање на транспортот заради блокадата на граничниот премин Ќафасан со пренасочување преку Блато.

Меѓу главните теми, се знае, секогаш е темата врзана за европската перспектива, таа е поблиска за Албанија. Јас при секоја средба изразувам задоволство во чекорењето на Црна Гора и Албанија, гледам европски чекори и за целиот Западен Балкан. Се разбира дека цврсто сме определени за членство во Европската Унија. До членството се стигнува со реформи, особено со владеење на правото, борба против корупцијата и јакнење на демократските институции. И тука имаме консензус дека тоа е нешто што не е врзано само за Копенхагенските критериуми, туку за нашата европеизација. Што сакам исто така да истакнам, дека уште еднаш повторив, билатерализацијата на евроинтеграцијата нема да биде осамен пример и дека сериозно треба да се однесуваат членовите на Европската Унија кон неа, да ја превенираат, дека ставањето на агендата на идентитетските прашања и на историските прашања само ќе го комплицира процесот на пристапување на земјите коишто природно, географски, историски и културно припаѓаат кон ЕУ, но сè уште не се политички членки на ЕУ. Двајцата веруваме дека нема поголема инвестиција во стабилноста на Западниот Балкан од членството во ЕУ.

Јасно ни е дека во моментов она што е најважно во овој свет на неизвесност е обостраната приврзаност на европската меѓународна и безбедносна политика, тоа нè прави отпорни на притисоци и на влијанија. Во рамките на НАТО имаме извонредна соработка. Сметаме дека со оглед на непредвидливите глобални предизвици, партнерството внатре во НАТО е важно. Секогаш сме давале и ќе продолжиме да даваме заеднички придонес во заштитата на мирот, не само регионалниот, туку и пошироко.

Овојпат или во посетата е вклучен и ректорот на албанскиот универзитет и тоа е еден одличен потег, значи рака за соработка во образованието, во науката. Ние сме уверени дека поврзувањето на академските институции, но и на културните установи, ќе придонесе за многу подлабоко меѓусебно разбирање и за долгорочно пријателство меѓу двата народи. Се разбира, важен мост во соработката е македонското национално малцинство во Република Албанија, но за господинот Бегај, исто така, и статусот на Албанците кај нас. Се разбира, двете држави во духот на Рамковната конвенција за заштита на правата на малцинствата, во духот на другите акти што се однесуваат на заштитата, секогаш се отворени за соработка.

Сакам на крајот само една реченица да кажам, пред сите вас да му се заблагодарам за посетата на господинот Бегај, да изјавам дека денешнава средба за мене е поттик за поинтензивна билатерална соработка, дека таа е уште еден влог во продлабочувањето на пријателството и на заемната поддршка.

Благодарам.

Категории

Categories

Kategori

Последни вести

Latest news

Lajmet e fundit

Честитка од претседателката Сиљановска-Давкова по повод Рамазан бајрам

Честитка од претседателката Сиљановска-Давкова по повод Рамазан бајрам

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова, по повод големиот муслимански празник - Рамазан бајрам, упати честитка до верниците од исламска вероисповед и до поглаварот на Исламската верска заедница, реис-ул-улема х. хфз. Шаќир еф. Фетаху. Почитуван реис-ул-улема х....

Сиљановска-Давкова: Потребна е поголема институционална поддршка за инклузија на лицата со Даунов синдром

Сиљановска-Давкова: Потребна е поголема институционална поддршка за инклузија на лицата со Даунов синдром

Во пресрет на 21 март - Светскиот ден на лицата со Даунов синдром, претседателката Гордана Сиљановска-Давкова прими претставници на здружението за рехабилитација и инклузија на лица со Даунов синдром „Дневен центар – Доза среќа“ Скопје. [gallery...

Средба на Сиљановска-Давкова со словачката европратеничка Мириам Лексман

Средба на Сиљановска-Давкова со словачката европратеничка Мириам Лексман

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова ја прими Мириам Лексман, пратеничка во Европскиот парламент од Словачка, од групата на Европската Народна Партија. На средбата се разговараше за европската интеграција на државата, при што...

Сиљановска-Давкова прими претставници на Државниот завод за ревизија

Сиљановска-Давкова прими претставници на Државниот завод за ревизија

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова денеска прими претставници на Државниот завод за ревизија, предводени од помошничката на главниот државен ревизор, Катерина Чалоска Алексова, кои вршат ревизија на успешноста на тема „Жени лидери - жени во политиката,...

Средба со членови на спелеонуркачкиот клуб „Врело“

Средба со членови на спелеонуркачкиот клуб „Врело“

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова денеска оствари средба со членови на спелеонуркачкиот клуб „Врело“, на којашто се разговараше за значењето на истражувањето, заштитата и промоцијата на природните богатства како дел од националниот идентитет и наследство....