Сиљановска-Давкова по средбата со Пирц Мусар во Љубљана: Процесот на проширување на ЕУ да не се кочи со билатерализација врзана за идентитетски прашања

18 мај 2026 | Соопштенија

Во рамките на официјалната посета на Република Словенија, денеска во Љубљана беше одржана заедничка прес-конференција на претседателката Гордана Сиљановска-Давкова и словенечката претседателка Наташа Пирц Мусар.

Во продолжение е интегралната изјава на претседателката Сиљановска-Давкова:

Почитувани претставници на медиумите,

Почитувана претседателке, драга Наташа Пирц Мусар,

Најпрво, би сакала искрено да Ви се заблагодарам за поканата, за срдечниот пречек и за пријателскиот разговор.

Оваа официјална посета се реализира во година кога обете држави одбележуваат 35 години независност, но за мене има и лична димензија, бидејќи моето докторско академско искуство е врзано за Љубљана. Затоа, напати велам дека Словенија ја нарекувам како моја втора дежела.

Неспорно е дека Словенија е наша пријателска држава, но Словенија е и инспиративен пример на мала европска држава, којашто со стабилни демократски институции, владеење на правото и партиципативна политичка култура, успешно гради функционално и интегрирано општество.

Денеска потврдивме дека билатерални односи се одлични, но има потенцијал за продлабочување на соработката во економијата, образованието, науката, културата и туризмот.

Посебно внимание и посветивме на потребата и можноста од зголемената трговска  размена, имајќи предвид дека Словенија и сега е еден од нашите најзначајни  инвеститори, особено во енергетиката и зелената транзиција.

Сакам да потенцирам дека директната авионска линија Скопје–Љубљана, со којашто допатував, дополнително ќе придонесе за релативизирање на далечината, односно за зголемување на близината.

Знам дека голем број македонски студенти своето образование го продолжуваат овде. Знам дека младите луѓе преку образованието и научната соработка, стануваат дел од европскиот академски простор.

Македонската заедница во Словенија има можност да се организира, да ги негува својот јазик, култура и традиција и да биде вклучена во Советот за народностите, што е уште еден доказ за словенечката демократска зрелост и за почитувањето на културната различност.

Знам дека припадниците на македонската заедница во Словенија имаат сè поактивна општествена и политичка улога, преку учество во општинските совети и во Националното собрание. Ова е уште еден доказ дека во духот на европските вредности, успешната интеграција не подразбира откажување од сопствениот идентитет, туку негово негување и почитување.

Разговаравме и за соработката во рамките на Западниот Балкан. Со задоволство прифатив да помогнам во Процесот Брдо Бриони, бидејќи самото постоење на овој процес покажува посветеност на Словенија и Хрватска на регионот. Уште еднаш се заблагодарувам за тоа.

Во однос на нашата европска интеграција, повторив дека остануваме посветени. За нас ЕУ беше и останува не само географски, историски, заеднички културен дом, туку и важен приоритет. И очекуваме како и досега, поддршка од Словенија на овој пат.

Она што сакам да го потенцирам е да укажам на опасноста од билатерализацијата на процесот на проширувањето, особено кога таа е врзана за идентитетските прашања, за кои не се преговара. Ние не бараме привилегии, туку доследна примена на европското право и почитување на историскиот и културниот идентитет на народите и дигнитетот и интегритетот на индивидуите.

Европската Унија, персонифицира единство на различностите. ЕУ останува инспиративна филозофија, ако си ги почитува вредностите  и принципите.

Интеграцијата на Западниот Балкан не е само политичко, туку и безбедносно прашање.  Не е доволна реториката за да бидете отпорни на туѓи влијанија, бидејќи сите знаеме дека не постои политички вакуум којшто некој нема да се обиде да го пополни, или да влијае на него. Балканот секогаш бил своевиден лакмус за одмерување на силите на важните актери.

Ние имаме 100% усогласена надворешна и безбедносна политика со ЕУ, и заслужуваме низ призма на Копенхашките критериуми да покажеме зрелост и заинтересираност за европскиот пат.

Би сакала уште еднаш да ви заблагодарам за поддршката, за разбирањето и за пријателскиот однос кон нас. Знам дека оваа средба ќе биде поттик за уште поблиска и посестрана соработка.

Ви благодарам.

Категории

Categories

Kategori

Последни вести

Latest news

Lajmet e fundit

Сиљановска-Давкова на Самитот на ЕПЗ во Даблин: Европа не треба да си дозволи да остане недоволно поврзана со Западен Балкан

Сиљановска-Давкова на Самитот на ЕПЗ во Даблин: Европа не треба да си дозволи да остане недоволно поврзана со Западен Балкан

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова, денеска заедно со 50 шефови на европски држави и влади, учествуваше на Самитот на Европската политичка заедница во Даблин, чија централна тема е „Европа: силна, безбедна и поврзана“. Сиљановска-Давкова се обрати на панел...

Сиљановска-Давкова ќе учествува на деветтиот состанок на Европската политичка заедница во Даблин

Сиљановска-Давкова ќе учествува на деветтиот состанок на Европската политичка заедница во Даблин

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова, денеска, 12 ноември 2026 година, четврток, ќе учествува на деветтиот состанок на Европската политичка заедница во Даблин, Ирска. На настанот, што се одржува во рамки на ирското претседателство со Советот на Европската Унија,...

Сиљановска-Давкова – Ван дер Белен: Австрија останува важен и искрен поддржувач на македонскиот евроинтеграциски пат

Сиљановска-Давкова – Ван дер Белен: Австрија останува важен и искрен поддржувач на македонскиот евроинтеграциски пат

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова, денеска на маргините на Конференцијата на страните на Рамковната конвенција на Обединетите нации за климатски промени (COP31) во Анталија, оствари средба со претседателот на Република Австрија, Александер Ван дер Белен. Во...

Сиљановска-Давкова на COP31: Климатската амбиција мора да се претвори во конкретно дејствување

Сиљановска-Давкова на COP31: Климатската амбиција мора да се претвори во конкретно дејствување

  Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова, денеска се обрати на Самитот за климатски промени (COP31) во Анталија, каде што ги потврди македонските заложби за климатска акција и ја нагласи потребата од праведна транзиција кон чиста енергија. [gallery...

Сиљановска-Давкова ќе учествува на Самитот за климатски промени (COP31) во Анталија

Сиљановска-Давкова ќе учествува на Самитот за климатски промени (COP31) во Анталија

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова, денеска - 11 ноември 2026 година, среда, во Анталија, Република Турција ќе учествува на Лидерскиот самит во рамките на 31. Конференција на страните (COP31) на Конвенцијата на Обединетите Нации за климатски промени....