Средба на Сиљановска-Давкова со претседателот на Обединетите Арапски Емирати, шеик Мохамед бин Зајед Ал Нахјан

5 февруари 2026 | Соопштенија

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова, во рамки на учеството на Светскиот самит на владите во Дубаи, оствари средба со претседателот на Обединетите Арапски Емирати, шеик Мохамед бин Зајед Ал Нахјан.

Претседателката се заблагодари за гостопримството и за можноста да учествува на престижниот самит, оценувајќи го како исклучително значајна платформа за справување со глобалните и регионалните предизвици и за водење значаен дијалог со истакнати лидери и партнери од целиот свет.

Во фокусот на разговорот беа перспективите за продлабочување на билатералната соработка и беше посочена потребата од унапредување на правната рамка.

Посебен акцент беше ставен на економските односи и можноста за забрзување на проектите од взаемен интерес, коишто се во подготвителна фаза.

Претседателката го поздрави воведувањето на безвизен режим меѓу двете држави, оценувајќи го како одлична можност за олеснување на севкупната комуникација меѓу двете општества.

Таа изрази уверување дека средбата, што се реализира во пресрет на 30-годишнината од воспоставувањето на дипломатските односи меѓу двете држави, ќе даде силен импулс во севкупното натамошно унапредување на соработката меѓу двете земји.

Двајцата соговорници разменија мислења за актуелните глобални прашања и важноста на напорите за разрешување на постоечките конфликти.

Во тој контекст, претседателката ја поздрави конструктивната и одговорна улога на Обединетите Арапски Емирати, којашто се базира на принципите на мир и толеранција. Претседателката го истакна интересот од македонска страна за продлабочена соработка преку заеднички иницијативи за меѓукултурен дијалог и промоција на општите цивилизациски вредности.

Категории

Categories

Kategori

Последни вести

Latest news

Lajmet e fundit

Средба со претставници на ИНОВА

Средба со претставници на ИНОВА

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова денеска ја прими Даниела Димовска, директорка на новоформираната Агенција за иновации, научно-технолошки развој и претприемништво – ИНОВА. Таа ја запозна со стратешките приоритети, проекти...

Средба на Сиљановска-Давкова со Зорица Митровиќ, претседателка на Националниот совет на македонското национално малцинство во Србија и Марјан Јованоски, секретар на Советот

Средба на Сиљановска-Давкова со Зорица Митровиќ, претседателка на Националниот совет на македонското национално малцинство во Србија и Марјан Јованоски, секретар на Советот

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова денеска ги прими Зорица Митровиќ, претседателка на Националниот совет на македонското национално малцинство во Србија и Марјан Јованоски, секретар на Советот, чија активна работа од 2004 година резултираше со впишување на...

Во спомен на жртвите од трагедијата во Кочани

Во спомен на жртвите од трагедијата во Кочани

Нивните имиња се трајно врежани во македонската колективна меморија: Александар Алексов Сара Алексова Стефанија Алексова Ице Андонов Ивона Антова Мартин Атанасовски Владимир Блажев-Панчо Тоше Богданов Ѓорѓи Василков Иван Величков Ѓорѓи Величков Леонид Велков Игор...

Сиљановска-Давкова: Научените лекции од Кочани ги претвораме во системски мерки

Сиљановска-Давкова: Научените лекции од Кочани ги претвораме во системски мерки

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова се обрати на завршната сесија на Меѓународната конференција за институционалните и клиничките аспекти и решенија по пожарот во Кочани, што се одржа денеска во Скопје во организација на Владата. Според претседателката,...

Видео обраќање на отворањето на националниот натпревар по едукативна роботика „First Lego League 2025-2026 – UNEARTHED Challenge“

Видео обраќање на отворањето на националниот натпревар по едукативна роботика „First Lego League 2025-2026 – UNEARTHED Challenge“

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова преку видео порака се обрати на отворањето на националниот натпревар по едукативна роботика „First Lego League 2025-2026 – UNEARTHED Challenge“. Во продолжение е интегралниот текст од обраќањето на претседателката...