Проштална средба со амбасадорот на Чешка, Јарослав Лудва

15 јули 2026 | Соопштенија

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова денеска имаше проштална средба со амбасадорот на Република Чешка, Јарослав Лудва.

Таа му се заблагодари за професионалното и посветено вршење на дипломатската должност, оценувајќи дека дал особен придонес во зацврстувањето на македонско-чешкото пријателство.

Според претседателката, континуираната чешка поддршка на македонската евроинтеграција ја потврдува принципиелната определба на Прага за проширување на Европската Унија. „Чешката Република има значајна улога во овој процес, не само како членка на Вишеградската група, туку и како дел од групата, „Пријатели на проширувањето”“ – смета таа.

Обајцата се согласија дека сојузништвото во рамките на НАТО е гаранција за зачувување на мирот, безбедноста и стабилноста.

Амбасадорот Лудва истакна дека од Скопје заминува со најубави спомени, нагласувајќи дека во текот на дипломатскиот мандат воспоставил плодна и блиска соработка со македонските институции и граѓани.

Сиљановска-Давкова високо ја вреднуваше брзата и хумана реакција на Чешка, за време на огнената стихија во Кочани, и помошта на специјализираниот медицински тим од Воената универзитетска болница во Прага во лекувањето на повредените во трагедијата.

На крајот, таа му посака добро здравје и успех во кариерата, со уверување дека Скопје секогаш ќе биде негов втор дом.

Категории

Categories

Kategori

Последни вести

Latest news

Lajmet e fundit

Сиљановска-Давкова се сретна со претставници на македонската дијаспора во Белгија

Сиљановска-Давкова се сретна со претставници на македонската дијаспора во Белгија

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова, во рамки на работната посета на Брисел, оствари средба со претставници на дијаспората во Белгија. Присутните споделија свои искуства од животот и работата во Белгија, посочувајќи ја потребата од постојана комуникација и...

Сиљановска-Давкова со европратеници во Брисел: Европската перспектива бара заемна политичка волја и конкретни чекори

Сиљановска-Давкова со европратеници во Брисел: Европската перспектива бара заемна политичка волја и конкретни чекори

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова, во Европскиот парламент во Брисел, оствари средба со европратениците Дан Барна (Renew, Романија), Тајс Ројтен (СД, Холандија), Матеј Тонин (ЕПП, Словенија) и Карло Реслер (ЕПП, Хрватска). ...

Средба на претседателката Сиљановска-Давкова со Генералниот секретар на НАТО, Марк Руте

Средба на претседателката Сиљановска-Давкова со Генералниот секретар на НАТО, Марк Руте

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова, во рамките на работната посета на Брисел, оствари средба со Генералниот секретар на НАТО, Марк Руте. Сиљановска-Давкова ја реафирмираше посветеноста на македонската држава на НАТО и...

Средба на Сиљановска-Давкова со генерал Алексус Гринкевич, врховен сојузнички командант за Европа

Средба на Сиљановска-Давкова со генерал Алексус Гринкевич, врховен сојузнички командант за Европа

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова, како Врховна командантка на вооружените сили, придружена од македонскиот амбасадор во НАТО, Муртезани, и началникот на Генералштабот, генерал-мајор Лафчиски, во седиштето на Врховната команда на сојузничките сили во Европа,...

Сиљановска-Давкова оствари средба со генералниот директор на DG ENEST, Герт Јан Копман

Сиљановска-Давкова оствари средба со генералниот директор на DG ENEST, Герт Јан Копман

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова, во рамки на работната посета на Брисел, денеска оствари средба со Герт Јан Копман, генерален директор на Генералниот директорат за проширување и источно соседство (DG ENEST). Предмет на...