Претседателката Сиљановска-Давкова го прими во проштална средба амбасадорот на Јапонија, Казуја Оцука

13 јануари 2025 | Соопштенија

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова денеска го прими во проштална средба амбасадорот на Јапонија, Казуја Оцука.

Уште еднаш потврдија дека односите меѓу двете земји и покрај географската оддалеченост се блиски и пријателски и изразија решеност и подготвеност за идна соработка во различни области, од економската до културната.

Претседателката ја потенцираше важноста на континуираната јапонска подршка и помош за нашиот севкупен развој и ги поздрави новите форми на културна соработка.

Таа посебно ја акцентираше оригиналноста на одбележувањето на триесетгодишнината од македонско-јапонската соработка преку организирање триесет различни настани ширум Македонија.

Ја истакна важноста на универзитетската соработка за развојот на нашето образование и наука и посебно се заблагодари за изучувањето на македонскиот јазик во средното училиште „Таканава“ во Токио, како отворено признание на македонскиот национален и културен идентитет.

Во пресрет на одржувањето на „ЕКСПО ОСАКА 2025“, јапонскиот амбасадор го поздрави учеството на  македонските уметници, кои ќе се претстават со изложбена поставка на проектот на познатиот  јапонски архитект Кензо Танге, кој одигра важна улога во обновата и изградбата на Скопје, по катастрофалниот земјотрес од 1963 година, оставајќи траен печат на современата македонска архитектура.

Претседателката му изрази признание и особена почит на амбасадорот Оцука за персонифицирањето и практикувањето на традиционалната и културната дипломатија низ неговите бројни активности и настани.

Заблагодарувајќи му се за исклучителниот дипломатски ангажман во продлабочувањето и зацврстувањето на македонско-јапонските односи, претседателката му посака успех и среќа во соочувањето со идните обврски и предизвици.

Категории

Categories

Kategori

Последни вести

Latest news

Lajmet e fundit

Сиљановска-Давкова со европратеници во Брисел: Европската перспектива бара заемна политичка волја и конкретни чекори

Сиљановска-Давкова со европратеници во Брисел: Европската перспектива бара заемна политичка волја и конкретни чекори

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова, во Европскиот парламент во Брисел, оствари средба со европратениците Дан Барна (Renew, Романија), Тајс Ројтен (СД, Холандија), Матеј Тонин (ЕПП, Словенија) и Карло Реслер (ЕПП, Хрватска). ...

Средба на претседателката Сиљановска-Давкова со Генералниот секретар на НАТО, Марк Руте

Средба на претседателката Сиљановска-Давкова со Генералниот секретар на НАТО, Марк Руте

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова, во рамките на работната посета на Брисел, оствари средба со Генералниот секретар на НАТО, Марк Руте. Сиљановска-Давкова ја реафирмираше посветеноста на македонската држава на НАТО и...

Средба на Сиљановска-Давкова со генерал Алексус Гринкевич, врховен сојузнички командант за Европа

Средба на Сиљановска-Давкова со генерал Алексус Гринкевич, врховен сојузнички командант за Европа

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова, како Врховна командантка на вооружените сили, придружена од македонскиот амбасадор во НАТО, Муртезани, и началникот на Генералштабот, генерал-мајор Лафчиски, во седиштето на Врховната команда на сојузничките сили во Европа,...

Сиљановска-Давкова оствари средба со генералниот директор на DG ENEST, Герт Јан Копман

Сиљановска-Давкова оствари средба со генералниот директор на DG ENEST, Герт Јан Копман

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова, во рамки на работната посета на Брисел, денеска оствари средба со Герт Јан Копман, генерален директор на Генералниот директорат за проширување и источно соседство (DG ENEST). Предмет на...

Сиљановска-Давкова од Брисел: Дијалогот со ЕУ мора да биде суштински и рамноправен

Сиљановска-Давкова од Брисел: Дијалогот со ЕУ мора да биде суштински и рамноправен

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова денеска во Брисел учествуваше на Самитот за проширувањето на Европската Унија, во организација на „Јуроњуз“(Euronews). Сиљановска-Давкова потсети на мислењето на Бадинтеровата комисија од...