Проштална средба со амбасадорот на Саудиска Арабија Фаисал Гази Исмаил Хифзи

15 април 2026 | Соопштенија

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова, денеска на проштална средба го прими амбасадорот на Кралството Саудиска Арабија со седиште во Тирана, Фаисал Гази Исмаил Хифзи, кому му изрази искрена благодарност за посветената служба и за неговиот личен придонес во негувањето и јакнењето на билатералните односи.

За соговорниците, традиционално добрите дипломатски односи засновани врз меѓусебно почитување и доверба може да станат уште подобри преку синхронизирано отворање на резидентни амбасади во Ријад и во Скопје.

Сиљановска-Давкова изрази став и желба за унапредување на економската соработка преку зголемена трговска размена и поголеми директни саудиски инвестиции на македонскиот пазар.

Амбсадoрот изрази подготвеност за интензивна соработка во зелената енергија, туризмот, обрзованието и науката.

Двајцата се осврнаа на актуелните воени состојби во Песискиот залив, со надеж за трансформирање на примирјето во трајно мировно решение.

Тие ја поздравија турнејата на претседателот на Европскиот совет, Антонио Кошта низ земјите од заливот, оценувајќи ја како добар потег.

На крајот од средбата, претседателката на амбасадорот Фаисал Гази Исмаил Хифзи му посака лични и професионални успеси.

Категории

Categories

Kategori

Последни вести

Latest news

Lajmet e fundit

Сиљановска-Давкова на Самитот на ЕПЗ во Даблин: Европа не треба да си дозволи да остане недоволно поврзана со Западен Балкан

Сиљановска-Давкова на Самитот на ЕПЗ во Даблин: Европа не треба да си дозволи да остане недоволно поврзана со Западен Балкан

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова, денеска заедно со 50 шефови на европски држави и влади, учествуваше на Самитот на Европската политичка заедница во Даблин, чија централна тема е „Европа: силна, безбедна и поврзана“. Сиљановска-Давкова се обрати на панел...

Сиљановска-Давкова ќе учествува на деветтиот состанок на Европската политичка заедница во Даблин

Сиљановска-Давкова ќе учествува на деветтиот состанок на Европската политичка заедница во Даблин

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова, денеска, 12 ноември 2026 година, четврток, ќе учествува на деветтиот состанок на Европската политичка заедница во Даблин, Ирска. На настанот, што се одржува во рамки на ирското претседателство со Советот на Европската Унија,...

Сиљановска-Давкова – Ван дер Белен: Австрија останува важен и искрен поддржувач на македонскиот евроинтеграциски пат

Сиљановска-Давкова – Ван дер Белен: Австрија останува важен и искрен поддржувач на македонскиот евроинтеграциски пат

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова, денеска на маргините на Конференцијата на страните на Рамковната конвенција на Обединетите нации за климатски промени (COP31) во Анталија, оствари средба со претседателот на Република Австрија, Александер Ван дер Белен. Во...

Сиљановска-Давкова на COP31: Климатската амбиција мора да се претвори во конкретно дејствување

Сиљановска-Давкова на COP31: Климатската амбиција мора да се претвори во конкретно дејствување

  Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова, денеска се обрати на Самитот за климатски промени (COP31) во Анталија, каде што ги потврди македонските заложби за климатска акција и ја нагласи потребата од праведна транзиција кон чиста енергија. [gallery...

Сиљановска-Давкова ќе учествува на Самитот за климатски промени (COP31) во Анталија

Сиљановска-Давкова ќе учествува на Самитот за климатски промени (COP31) во Анталија

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова, денеска - 11 ноември 2026 година, среда, во Анталија, Република Турција ќе учествува на Лидерскиот самит во рамките на 31. Конференција на страните (COP31) на Конвенцијата на Обединетите Нации за климатски промени....