Проштална средба на претседателот Пендаровски со финскиот амбасадор Лахдевирта

15 мај 2023 | Соопштенија

Претседателот Стево Пендаровски, денеска на проштална средба го прими амбасадорот на Република Финска, Кимо Лахдевирта.

На средбата, двајцата соговорници изразија задоволство од одличната соработка и успешниот развој на билатералните односи меѓу двете држави во повеќе сфери на општественото живеење.

Претседателот Пендаровски се заблагодари за финската поддршка за македонските евроинтеграции и истакна дека европската перспектива е важна гаранција и инвестиција во мирот, стабилноста и просперитетот на регионот. Заблагодарувајќи се за дипломатскиот ангажман и придонес на амбасадорот Лахдевирта во збогатувањето на пријателските односи, претседателот Пендаровски му посака личен и професионален успех во иднина.

Категории

Categories

Kategori

Последни вести

Latest news

Lajmet e fundit

Отворен Кабинет за основци од 3 скопски училишта и ученици – членови на здружението „Несил“ од Скопје

Отворен Кабинет за основци од 3 скопски училишта и ученици – членови на здружението „Несил“ од Скопје

Кабинетот на претседателот Пендаровски, во рамки на Отворен Кабинет денеска го посетија основци од училиштата „Мустафа Кемал Ататурк“, „Тихомир Милошевски”, „Гоце Делчев“, како и ученици – членови на здружението „Несил“ од Скопје, посветено на едукативни активности за...

Сопругата на претседателот со најмладите во рамки на фестивалот „Литера“

Сопругата на претседателот со најмладите во рамки на фестивалот „Литера“

Сопругата на претседателот, Елизабета Ѓоргиевска учествуваше на Меѓународниот фестивал за литература и илустрација за деца „Литера 2023“ што се одржува во Музејот на град Скопје. Во рамки на настанот, г-ѓа...

Средба на претседателот Пендаровски со Ден Шехтман, добитник на Нобелова награда за хемија во 2011 година

Средба на претседателот Пендаровски со Ден Шехтман, добитник на Нобелова награда за хемија во 2011 година

Претседателот Стево Пендаровски денеска го прими Ден Шехтман, добитникот на Нобелова награда за хемија во 2011 година, кој престојува во посета на нашата држава во организација на Македонската академија на науките и уметностите и Сојузот на хемичари и технолози на...

Средба на претседателот Пендаровски со американскиот сенатор Крис Марфи

Средба на претседателот Пендаровски со американскиот сенатор Крис Марфи

Претседателот Стево Пендаровски денеска го прими американскиот сенатор Крис Марфи. На средбата се разговараше за севкупните билатерални односи меѓу двете држави, за состојбите во поширокиот регион во контекст на руската агресија врз Украина, како и за аспирациите на...

Положување цвеќе по повод 24 Мај – Денот на Свети Кирил и Методиј

Положување цвеќе по повод 24 Мај – Денот на Свети Кирил и Методиј

Претставник од Кабинетот на претседателот на Република Северна Македонија, по повод одбележувањето на 24 Мај – Денот на сесловенските просветители светите Кирил и Методиј, денеска положи свежо цвеќе пред споменикот на светите Кирил и Методиј на плоштадот во Охрид и...