Изјава на претседателот Пендаровски по средбата со претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски

7 мај 2021 | Соопштенија

Претседателот Стево Пендаровски денеска го прими претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски.

Во продолжение е интегралната изјава на претседателот Пендаровски по средбата:

Денешнава средба со Мицкоски беше во насока на повторно воспоставување на политичкиот дијалог, за што знаете дека сме со години постојано критикувани од Европската Унија. За една демократија не е својствено да постои прекин на комуникациите помеѓу институциите, ние сме платени од граѓаните да комуницираме за нивно добро, а не да тераме инает или лични каприци. Според мене, од тој аспект, мислам дека изминативе месеци беа изгубено време, но, кога веќе губите подобро е да изгубите 10 месеци отколку 3 години.

Средбата беше на барање на Мицкоски и во телефонскиот разговор тој бараше да разговараме за актуелните проблеми и предизвици со кои се соочуваме како држава последнава година – пандемија, економски ефекти од пандемијата, блокадата во евроинтеграциите итн. Мислам дека, или претпоставувам дека ви кажуваше за неколку клучни проекти кои се предвидени, од актуелната Влада, да се реализираат наредниов период, за кои тие имаат сосема поинаков став, меѓутоа не би повторувал, претпоставувам дека нивните ставови ги знаете, значи автопатиштата, гасната централа и терминалот во соседна Грција, клиничкиот центар итн.

Јас го информирав за тоа што се случува во однос на блокираните евроинтеграции. Неодамна бев во Брисел, и во овој дел накусо му реков дека од Софија не доаѓаат практично никакви новости, поради ситуацијата кај нив по изборите. Тие закажаа нови избори за јули и во кратки црти му кажав што за целата оваа ситуација, во однос на интеграциите, мислат, зборуваат, размислуваат, планираат нашите европски пријатели во Брисел.

Во однос на случувањата од 27 април јас го повторив мојот став дека помилување за лица кои направиле кривично дело без преседан во современа Европа, не доаѓа во предвид затоа што нивната вина во тој процес беше неспорно утврдена.

Во однос на правната квалификација на делото, факт е дека тие лица не беа судени за кривично дело тероризам, туку по друг член, за терористичко загрозување на уставниот поредок. Дејствијата со кои може да се изврши тоа кривично дело се слични, запретената казна е идентична, најмалку 10 години. Инаку, за 27 април, паметите, постои и пресуда за група луѓе кои беа дел од истата толпа која влезе во Собранието и го претепа Зијадин Села. Ако се следи правна квалификација, значи цело време, внимавајте, зборувам за правна квалификација не за политички интерпретации на пресудите, ако се следи правната квалификација на таа пресуда, тие луѓе беа судени и со право добија високи казни, но не беа судени за кривично дело тероризам, туку за убиство во обид.

Или на пример, случајот со напаѓачот на пратеничката, тогаш Радмила Шекеринска, тие се сцени кои не шокираа и нас и светот, кој беше исто така дел од луѓето кои влегоа во Парламентот и кој не беше суден за тероризам, туку за кривично дело насилство.

Значи накусо, да се разбереме, сите овие споменати направија страшни кривични дела, оставија тешки последици и трауми и кај нападнатите и кај нивните семејства, добија заслужени казни, според она што го знаеме од претходните процедури кои завршија и тука нема компромис. Меѓутоа, политичката реторика, сега зборувам за тој дел, во која и тогаш и денес тие пресуди беа врамувани, објаснувани, интерпретирани, според мене, дополнително го продлабочува јазот меѓу граѓаните.

Според едната група, според едното образложение, тие се терористи од рангот на Ал Каеда и ИСИС, а според другата тие се уставобранители, иако се судени за загрозување на уставниот поредок, значи, не го штителе, туку, напротив, го рушеле Уставот.

Мојата теза е дека ако продолжиме со вака спротивставена политичка реторика, крајно спротивставена политичка реторика, ние не само што нема да дојдеме до национално или граѓанско помирување, туку, нема да можеме да воспоставиме базична политичка комуникација меѓу нас, каква што, за жал, е сега ситуацијата. Гледате огромен број на медиуми, на камери, денеска национална вест број еден е тоа што се сретнале претседателот на најголемата опозициска партија и претседателот на државата. Тоа во демократии, во зрели демократии е рутинска работа која никогаш, ама никогаш не ја следат медиумите.

Уште еднаш, бидејќи имаше и такви конструкции – со оваа моја теза не правам ревизија на судската пресуда, бидејќи не гледам причина за такво нешто, тоа е завршена работа, луѓето лежат во затвор, ниту велам дека пресудата е донесена без докази. Само зборувам за обидите за политичко толкување на пресудите што не придонесува за воспоставување нормална политичка дебата во која нема да се гледаме како смртни непријатели.

Мојат став дека ако има нови докази кои порано не биле познати може да се преотвори процесот не значи дека јас заговарам преотварање на процесот. Јас само ја цитирам одредбата од законот и законската можност, според која тие луѓе, преку своите адвокати, по вонреден правен лек, можат да побараат од Врховниот суд да ги оцени новите докази, се разбира ако такви воопшто постојат. И одлуката дали процесот ќе биде повторен, сигурно нема да ја носи некој политички фактор, туку судот.

Уште, сосема на кратко – ја разбирам потребата, која ја следевме изминативе неколку денови, од драматизирање и патетика својствено за еден мал дел од медиумите и најавите дека наводно денешнава средба ќе помине во обид да се ревидира судскиот процес за 27 април, или дека со самата средба се врши неверојатен притисок врз судството.

Почитувани,

Претпоставувам дека ќе се сложиме дека е крајно необично притисок врз судот да се врши на јавна средба во Кабинетот на Претседателот на државата. Обично, тие притисоци се прават на поинаков начин и со поинакви средства, во што сите имавме прилика да се увериме од прислушуваните материјали.

Конечно, наводното релативизирање на настаните од 27 април кое некои ми го импутираат, сигурно не може да го очекувате од мене затоа што јас и самиот како пратеник во 2017-та, тој ден, бев меѓу нападнатите и повредените.

Категории

Categories

Kategori

Последни вести

Latest news

Lajmet e fundit

Честитка од претседателот Пендаровски по повод Рамазан бајрам

Честитка од претседателот Пендаровски по повод Рамазан бајрам

Претседателот Стево Пендаровски, по повод големиот муслимански празник Рамазан бајрам, упати честитка до граѓаните од исламска вероисповед во Република Северна Македонија и до поглаварот на Исламската верска заедница Реис-ул-улема х. хфз. Шаќир еф. Фетаху. Почитуван...

Средба на претседателот Пендаровски со делегација на Пацифичкиот Совет од САД

Средба на претседателот Пендаровски со делегација на Пацифичкиот Совет од САД

Претседателот Стево Пендаровски денеска прими делегација од Пацифичкиот Совет од САД, која престојува во посета на нашата држава. Истакнувајќи дека Соединетите Американски Држави се наш најголем стратешки партнер и сојузник во НАТО, претседателот Пендаровски посочи...

Средба на претседателот Пендаровски со лорд Стјуарт Пич, специјален претставник на Обединетото Кралство за Западен Балкан

Средба на претседателот Пендаровски со лорд Стјуарт Пич, специјален претставник на Обединетото Кралство за Западен Балкан

Претседателот Стево Пендаровски денеска го прими лорд Стјуарт Пич, специјален претставник на Обединетото Кралство за Западен Балкан. Двајцата соговорници разменија мислења за актуелните случувања во регионот на Западен Балкан, за стратешките интереси на земјава и...

Средба со Џилиан Стирк, Шеф на мисијата за набљудување  на претстојните избори (ЕОМ) на ОБСЕ – Канцеларија за демократски институции и човекови права (ОДИХР)

Средба со Џилиан Стирк, Шеф на мисијата за набљудување  на претстојните избори (ЕОМ) на ОБСЕ – Канцеларија за демократски институции и човекови права (ОДИХР)

Претседателот Стево Пендаровски, денеска ја прими Џилиан Стирк, Шеф на мисијата за набљудување на претстојните избори (ЕОМ) на ОБСЕ – Канцеларија за демократски институции и човекови права (ОДИХР). На средбата претседателот Пендаровски беше запознаен со планираните...

Честитка од претседателот Пендаровски до верниците кои го прославуваат Велигден според Грегоријанскиот календар

Честитка од претседателот Пендаровски до верниците кои го прославуваат Велигден според Грегоријанскиот календар

Претседателот Стево Пендаровски, по повод големиот христијански празник Воскресение Христово – Велигден, упати честитка до д-р Киро Стојанов, Скопски бискуп и епарх струмичко-скопски, и до сите христијански верници кои го прославуваат Велигден според Грегоријанскиот...