Претседателката Сиљановска Давкова присуствуваше на молебенот во чест на Свети Кирил

24 мај 2024 | Соопштенија

Претседателката Гордана Сиљановска Давкова во рамки на посетата на Светиот Престол, денеска во базиликата „Сан Клементе“ присуствуваше на молебенот во чест на Свети Кирил и се поклони на гробот на сесловенскиот просветител.

Молебенот, на кој присуствуваа членовите на државно – црковната делегација, претставници од дипломатскиот кор и други гости, го отслужија Владиката Пимен и Владиката Тимотеј со претставници на Македонска православна црква — Охридска архиепископија.

По молебенот, претседателката Сиљановска Давкова упати порака за продолжување на делото на св. Кирил и рече дека посебна убавина на настанот му дало бројното присуство на припадниците на македонската дијаспора во Италија и во Австрија.

„Кирил бил со векови пред времето. Кирил го вградил, не само својот живот, туку и нашиот живот, на некој начин, во Европа пред многу многу долги векови. Тоа мораме да го почитуваме. На Кирил му било јасно значењето на зборот, на речта, на мислата, оти тоа значело обединување, разбирање, слушање, говорење“, изјави претседателката Сиљановска Давкова, која со гордост ги споменува Cветите Кирил и Методиј кои се директна врска меѓу Македонија како лулка на европската писменост и Европа.

Таа посебно ја истакна и почитта што кон делото на Св. Кирил ја имаат сите словенски народи.

„Кирил порачал дека јазикот е код за разбирање, дека треба да се разбираме, да се обидеме, да се слушаме, да се помагаме. Кога вака доаѓаме едни по други, има ли поголем доказ дека тој на ум имал обединување на сесловенскиот свет. Тој им припаѓа на сите и мислам дека неговата порака е хумана порака“, рече претседателката Сиљановска Давкова по молебенот.

Претседателката Сиљановска Давкова ја посети и базиликата „Санта Марија Маџоре“, каде положи венец на спомен – плочата на македонски јазик во чест на делото на Светите браќа Кирил и Методиј.

Во рамки на манифестацијата „Македонија во чест на Св. Кирил“, претседателката Сиљановска Давкова вчеравечер во салата „Балдини“, присуствуваше на концертот на Националната установа „Камерен оркестар од Битола“ со солистот Нада Талевска – Спасовска, кои настапија со македонски народни песни во нивни аранжман, а во организација на Министерството за култура.

Попладне претседателката Сиљановска Давкова ќе оствари средба со претседателот на Италијанската Република, Серџо Матарела.

 

Категории

Categories

Kategori

Последни вести

Latest news

Lajmet e fundit

Сиљановска-Давкова во пресрет на COP31: Климатските обврски да ги претвориме во конкретни инвестиции и мерливи резултати

Сиљановска-Давкова во пресрет на COP31: Климатските обврски да ги претвориме во конкретни инвестиции и мерливи резултати

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова денеска се обрати на настанот „Национален дијалог во пресрет на СОР31“, организиран од УНДП во соработка со Министерството за животна средина и просторно планирање и Министерството за енергетика, рударство и минерални...

Средба на претседателката Сиљановска-Давкова со словачкиот министер за надворешни и европски работи, Јурај Бланар

Средба на претседателката Сиљановска-Давкова со словачкиот министер за надворешни и европски работи, Јурај Бланар

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова денеска го прими министерот за надворешни и европски работи на Словачката Република, Јурај Бланар, кој престојува во официјална посета на земјава. На средбата беа потврдени пријателските македонско-словачки односи. [gallery...

Сиљановска-Давкова ги прими акредитивите на новоименуваната британска амбасадорка, Сивањанам

Сиљановска-Давкова ги прими акредитивите на новоименуваната британска амбасадорка, Сивањанам

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова ги прими акредитивните писма од Н.Е. г-а Маја Сивањанам, вонредна и ополномоштена амбасадорка на Обединетото Кралство на Велика Британија и Северна Ирска. Сиљановска-Давкова...

Сиљановска-Давкова: Монетарната и финансиската стабилност се јавно добро чиишто придобивки ги споделува целото општество

Сиљановска-Давкова: Монетарната и финансиската стабилност се јавно добро чиишто придобивки ги споделува целото општество

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова се обрати на свеченоста по повод 80-годишниот јубилеј на централнобанкарското работење на Народната банка, којашто се одржа во Музејот на Народната банка. Таа говореше за Народната банка, за нејзината трансформација во...

Сиљановска-Давкова ја прими претседателката на косовското Собрание, Хаџиу

Сиљановска-Давкова ја прими претседателката на косовското Собрание, Хаџиу

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова ја прими Албулена Хаџиу, претседателка на Собранието на Република Косово, која престојува во официјална посета на државава. Таа искажа задоволство од развојот на македонско-косовските...