Средба на Сиљановска-Давкова со претставници на ОМД и студенти од програмата „Родум од Македонија“

9 јули 2025 | Соопштенија

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова оствари средба со претседавачот на Бордот на Обединетата македонска дијаспора (ОМД), Арџи Белио и претставниците на оваа организација Гордан Јорданов, Филип Јотевски, Мара Кун и Емили Абрамзик.

Сиљановска-Давкова беше информирана за активностите на ОМД коишто се реализираат во насока на зајакнување на културните, економските и образовните врски меѓу дијаспората и матичната држава. Тие ја претставија платформата за споделување на искуства, вмрежување и зголемување на можностите за нивно вработување преку македонски компании.

Претседателката истакна дека ја цени посветеноста на ОМД на зачувувањето и промовирањето на македонскиот идентитет и култура ширум светот, оценувајќи дека нивните активности даваат значаен придонес во поврзувањето на македонската дијаспора и имаат трајно значење за заштитата на македонското културно наследство.

По средбата, Сиљановска-Давкова прими студенти од програмата „Birthright Macedonia – Родум од Македонија“, којашто годинава по деветти пат ја реализира ОМД во партнерство со Македонскиот центар за меѓународна соработка – МЦМС.

Студентите информираа за нивниот престој во земјава, како и за нивното стажирање во компании преку коишто ги надградуваат академските познавања и вештини. Тие сметаат дека програмата, не само што им овозможува професионален развој, туку е одличен начин за нивно поврзување и подобро разбирање на културното и духовното богатство на татковината на нивните предци.

Претседателката им посака успешен престој во земјава, изразувајќи надеж дека со ентузијазмот за поврзување со корените, ќе ги инспирираат идните генерации од дијаспората да ја запознаат македонската држава.

Категории

Categories

Kategori

Последни вести

Latest news

Lajmet e fundit

Повик за акредитирање на медиуми – Состанок на лидерите од Процесот Брдо-Бриони, 27 ноември 2026 година, Охрид

Повик за акредитирање на медиуми – Состанок на лидерите од Процесот Брдо-Бриони, 27 ноември 2026 година, Охрид

На 27 ноември 2026 година (петок), во хотелот „Инекс Олгица“ во Охрид, ќе се одржи состанок на лидерите на земјите учеснички во Процесот Брдо-Бриони, во организација на претседателката д-р Гордана Сиљановска-Давкова, заедно со претседателката на Република Словенија,...

Сиљановска-Давкова ги прими акредитивните писма од новоименуваната амбасадорка на Република Естонија

Сиљановска-Давкова ги прими акредитивните писма од новоименуваната амбасадорка на Република Естонија

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова денеска ги прими акредитивните писма од Н.Е. г-а Јана Ванамолдер, новоименувана амбасадорка на Република Естонија, со седиште во Будимпешта. На свечената церемонија, таа го истакна примерот на Естонија во демократската...

Сиљановска-Давкова ги прими акредитивите од новоименуванот амбасадор на Кралството Саудиска Арабија

Сиљановска-Давкова ги прими акредитивите од новоименуванот амбасадор на Кралството Саудиска Арабија

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова денеска ги прими акредитивните писма од Н. Е. г. Турки бин Ибрахим Ал-Мади, новоименуваниот вонреден и ополномоштен амбасадор на Кралството Саудиска Арабија, со седиште во Тирана. [gallery...

Сиљановска-Давкова: Уставот е закон над законите и најважниот општествен договор на граѓаните, за каков пишува Русо

Сиљановска-Давкова: Уставот е закон над законите и најважниот општествен договор на граѓаните, за каков пишува Русо

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова се обрати и учествуваше на панел-дискусијата на настанот по повод 35-годишнината од осамостојувањето и донесувањето на првиот Устав, во организација на Собранието, ЈНУ Институт за национална историја и Државен архив. [gallery...

Сиљановска-Давкова: Без слободни и одговорни медиуми нема информиран демос, а без активни граѓани – нема демократија

Сиљановска-Давкова: Без слободни и одговорни медиуми нема информиран демос, а без активни граѓани – нема демократија

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова имаше воведно обраќање на 20. Форум на медиумите од Југоисточна Европа (SEEMF), што вчера се одржа во Скопје, на тема „Поблиски во регионот, посилни во Европа: Улогата на комуникациите и медиумите во зајакнувањето на имиџот,...