Претседателот Пендаровски во Крушево се обрати на настан по повод Меѓународниот ден на жената од руралната средина

15 октомври 2023 | Соопштенија

Претседателот Стево Пендаровски денеска во Крушево се обрати на настан по повод одбележувањето на Меѓународниот ден на жената од руралната средина.

Настанот е во организација на Националната федерација на фармери со поддршка на шведската развојна организација „We Effect“ и Германското друштво за меѓународна соработка – GIZ, со цел подигнување на свеста за важноста и улогата на жените од руралните средини и унапредување на нивната економска и социјална положба во општеството.

Во продолжение е интегралното обраќање на претседателот Пендаровски.

Почитувани сограѓанки од руралните средини,
Почитувани членови на Националната федерација на фармери,
Почитувани претставници на државните институции и локалната самоуправа,
Почитувани претставници на дипломатскиот кор,
Почитувани гости,

Ви благодарам на честа да бидам дел од настанот посветен на одбележување на 15-ти октомври – Меѓународниот ден на жената од руралната средина. Денеска, токму со одбележувањето на овој значаен датум и преку овој настан, придонесуваме за подигање на свеста за значењето на придонесот на руралната жена во локалните заедници, но и во општеството во целина. За жал, мораме да признаеме дека во реалноста сеуште сме далеку од постигнувањето на целосна рамноправност на руралната жена на било кое ниво во државата.

Несомнено, ни претстои голема работа за да овозможиме економска самостојност и социјална интеграција на руралната жена. При тоа, неопходен услов е поддршката на женското лидерство и на организациите кои се занимаваат со оваа проблематика.

Гласот на руралната жена, нејзините потреби и проблемите со кои се соочува, треба да бидат чуени, но, и решени. Поддршката на оваа категорија жени не смее да биде декларативна и наменска, како што најчесто е, и не само на меѓународниот ден, туку суштинска и секојдневна. Затоа е потребен ангажман на сите засегнати страни и функционално партнерство меѓу државните институции и граѓанските организации заради вклучување на руралните жени во процесот на одлучување на сите нивоа, со што и самите ќе станат креатори на политиките и иницијативите за подобрување на нивната положба. Едноставно, со други зборови кажано, тие самите треба да одлучуваат за себе и за својата улога во општеството.

Секако, клучно е надминувањето на стереотипите и на традиционалното вреднување за местото и за улогата на жената во заедницата и во општеството, што е најизразено токму во руралните средини. Во овој контекст особено релевантни се темите за обезбедување на платено породилно отсуство и здравствено осигурување на жените земјоделки.

Почитувани,

Руралните жени се столб на локалната економија, придонесувајќи како земјоделки, сезонски работнички и како претприемачки. Со својот ангажман, тие, пред се, придонесуваат за одржување на семејството, односно, обезбедување на храна и намирници за домаќинството, но, и за производство кое го пласираат на пазарите. Покрај оваа работа, тука е и нивната секојдневна грижа за семејството и најголемиот товар околу подигнувањето и воспитувањето на децата. Накратко кажано, руралните жени сe пример за посветеност, солидарност и грижа за другите.

Затоа тие заслужуваат да добијат безрезервна поддршка и помош од секој од нас, во рамки на нашите надлежности. Секако еден од начините за подобрување на состојбите е вмрежувањето и користењето на искуствата од другите земји. Затоа, го поздравувам создавањето на регионална платформа за заедничко дејство за подобрување на економската и социјалната состојба на руралните жени. Ги поздравувам и упатувам благодарност за присуството на денешниот настан на организациите коишто доаѓаат од земјите на Западниот Балкан и кои учествуваат, кои се дел од оваа регионална платформа.

Би сакал моево обраќање да го завршам посакувајќи успех на регионалната платформа и воопшто на сите организации и активисти во напорите за поддршка на руралните жени и за подобрување на нивната социо-економска положба во општеството.

Ви благодарам.


Категории

Categories

Kategori

Последни вести

Latest news

Lajmet e fundit

Дискусија „Влијание и вклучување на гласачи: како до успешни политички кампањи?“ во организација на ПЦПО и ИРИ

Дискусија „Влијание и вклучување на гласачи: како до успешни политички кампањи?“ во организација на ПЦПО и ИРИ

Во Кабинетот на претседателот на Република Северна Македонија се одржа дискусија на тема „Влијание и вклучување на гласачи: како до успешни политички кампањи? - лекции од Соединетите Американски Држави“, во организација на Претседателскиот центар за политичко...

Претседателот Пендаровски се обрати на дискусијата „Заедничка иницијатива за климатска акција“ во пресрет на 28. Самит за климатски промени

Претседателот Пендаровски се обрати на дискусијата „Заедничка иницијатива за климатска акција“ во пресрет на 28. Самит за климатски промени

Претседателот Стево Пендаровски денеска се обрати на дискусијата „Заедничка иницијатива за климатска акција “, којашто се одржа во соработка со постојаниот претставник на Програмата за развој на Обединетите нации (УНДП) Армен Григорјан, а во пресрет на претстојниот...

Претседателот Пендаровски го додели признанието „Успешни млади“ за 2022 година

Претседателот Пендаровски го додели признанието „Успешни млади“ за 2022 година

Претседателот Стево Пендаровски, на церемонија во Кабинетот на претседателот, денеска го додели признанието „Успешни млади“ за 2022 година. Признанието се доделува како поттик на научноистражувачката мисла и уметничката работа на младите во нашата држава. За Најдобра...

Панел – дискусија „Вклучи се, превенирај, одговори и систематизирај“ во рамки на 16 дена активизам против родово-базирано насилство

Панел – дискусија „Вклучи се, превенирај, одговори и систематизирај“ во рамки на 16 дена активизам против родово-базирано насилство

Под покровителство на сопругата на претседателот, Елизабета Ѓоргиевска и во соработка со Сојуз-Национален совет за родова рамноправност, денеска се одржа панел-дискусија на тема „Вклучи се, превенирај, одговори и систематизирај“,  по повод кампањата „16 дена активизам...

Претседателот Пендаровски присуствуваше на настанот „Ацо Шопов – Невообичаено“

Претседателот Пендаровски присуствуваше на настанот „Ацо Шопов – Невообичаено“

Претседателот Стево Пендаровски присуствуваше на настанот „Ацо Шопов – Невообичаено“ којшто се одржа во рамки на чествувањето на 100-годишнината од раѓањето на македонскиот поет Ацо Шопов, иницијатива под покровителство на Претседателот. [gallery...