Средба на претседателката Сиљановска Давкова со италијанскиот амбасадор Силвестри

14 мај 2024 | Соопштенија

Претседателката Гордана Сиљановска Давкова денеска го прими амбасадорот на Италијанската Република, Андреа Силвестри.

На средбата амбасадорот Силвестри ѝ честита на изборот на претседателката Сиљановска Давкова и ѝ посака успешно извршување на претседателската функција.

Претседателката Сиљановска Давкова истакна дека двете земји имаат традиционално пријателски односи и изрази силна подготвеност за натамошно унапредување на политичкиот дијалог и интензивирање на севкупните билатерални односи со Италијанската Република, преку засилување на постоечките и изнаоѓање на нови можности за соработка.

На средбата беа разменети мислења за текот и натамошните чекори во однос на евроинтеграциите на земјава, при што претседателката истакна дека ќе се залага за широк општествен консензус во однос на прилагодување на македонското со европското законодавство, со цел доследно исполнување на реформските процеси и зголемување на кредибилитетот на процесот на проширување на Европската Унија.

Претседателката изрази благодарност за досегашната улога и пристап на Италијанската Република во поддршката за целиот регион во врска со процесот на европските интеграции и укажа на позитивниот однос на официјален Рим при надминување на споровите со своите соседи при приемот на нови членки во Унијата.

Македонската претседателка Гордана Сиљановска Давкова изрази надеж дека Италијанската Република и во иднина принципиелно ќе ја поддржува земјава во мериторниот процес на исполнување на европските критериуми со цел забрзана интеграција на земјава во ЕУ, што претставува заеднички интерес за поширокиот регион.

Категории

Categories

Kategori

Последни вести

Latest news

Lajmet e fundit

Сиљановска-Давкова на проштална средба со шефот на мисијата на ОБСЕ во Скопје, амбасадорот Килијан Вал

Сиљановска-Давкова на проштална средба со шефот на мисијата на ОБСЕ во Скопје, амбасадорот Килијан Вал

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова денеска на проштална средба го прими шефот на мисијата на ОБСЕ во Скопје, амбасадорот Килијан Вал. Таа му изрази благодарност за неговиот личен ангажман, посветеност и придонес во јакнењето на капацитетите на националните...

Сиљановска-Давкова го прими Извештајот на ЕК за напредокот за 2026 година

Сиљановска-Давкова го прими Извештајот на ЕК за напредокот за 2026 година

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова го прими шефот на Делегацијата на Европската Унија, амбасадорот Михалис Рокас, кој ѝ го предаде Извештајот наЕвропската комисија за напредокот за 2026 година. Соговорниците се согласија...

Сиљановска-Давкова во Брисел се сретна со амбасадорите на земјите членки на групата „Пријатели на Западен Балкан“

Сиљановска-Давкова во Брисел се сретна со амбасадорите на земјите членки на групата „Пријатели на Западен Балкан“

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова оствари работна средба со амбасадорите на земјите членки на групата „Пријатели на Западен Балкан“, посветена на регионалната соработка и европската перспектива на земјите од Западен Балкан. [gallery...

Сиљановска-Давкова се сретна со претставници на македонската дијаспора во Белгија

Сиљановска-Давкова се сретна со претставници на македонската дијаспора во Белгија

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова, во рамки на работната посета на Брисел, оствари средба со претставници на дијаспората во Белгија. Присутните споделија свои искуства од животот и работата во Белгија, посочувајќи ја потребата од постојана комуникација и...

Сиљановска-Давкова со европратеници во Брисел: Европската перспектива бара заемна политичка волја и конкретни чекори

Сиљановска-Давкова со европратеници во Брисел: Европската перспектива бара заемна политичка волја и конкретни чекори

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова, во Европскиот парламент во Брисел, оствари средба со европратениците Дан Барна (Renew, Романија), Тајс Ројтен (СД, Холандија), Матеј Тонин (ЕПП, Словенија) и Карло Реслер (ЕПП, Хрватска). ...