Претседателката Сиљановска Давкова: Жените во руралните средини се столбот на заедницата

14 октомври 2024 | Соопштенија

Претседателката Гордана Сиљановска Давкова денеска се обрати на собраниската Комисија за еднакви можности на жените и мажите, на која се одржа јавна расправа на тема „Родова еднаквост на жените од руралните средини преку нивна инклузија на пазарот на труд“.

Посочувајќи дека жените од руралните средини, како и ранливите категории на граѓани, повеќекратно се соочуваат со нерамноправност и дека нивната инклузија на пазарот на труд е хроничен проблем, претседателката се осврна на бариерите, клучните проблеми и предизвици со кои тие се соочуваат и повика на преземање на конкретни мерки од страна на државните институции, но и приватниот сектор, со цел нивно редуцирање и отстранување.

Потенцирајќи дека нивната инклузија не претставува само морален, туку и економски императив, таа истакна дека жените од руралните средини претставуваат неискористен извор и неисцрпен потенцијал за одржлив развој, и нивното невклучување во пазарот на трудот се одразува не само врз економскиот раст и развој, туку и врз иновациите.

„Токму жените во руралните средини се столбот на заедницата во која живеат. Кога велам заедницата, не мислам на семејната заедница, мислам на социјалниот амбиент. Не само што имаат клучна улога, туку се неверојатно иновативни во земјоделството, притоа не го запоставуваат семејството, имаат смисла за локалната економија и имаат едно чувство за право и за правда, кое можеби звучам себично, но мислам дека е поизразено одошто кај мажите“, рече претседателката Сиљановска Давкова.

Меѓу клучните проблеми, претседателката ги посочи инфраструктурата и нерамномерниот регионален развој, немањето редовен превоз, недостигот од градинки, ограничениот пристап до здравствени услуги и до квалитетно образование. Таа истакна дека инвестициите во овие области се неопходни за жените од руралните средини да можат да ги балансираат работните и семејните обврски, како и сите други, и да бидат рамноправни со жените во урбаните средини.

„Низ призма на образованието голем дел од жените сè уште се ограничени и не е многу пријатно чувството човек да рече дека, сè уште девојчињата од руралните средини понекогаш имаат проблем со заокружување на образованието. Без соодветно образование тие не се компетитивни како мажите, или ако сакате, лишени се од нормалниот пат на стекнување вештини,  кои се бараат при формалното вработување, или кои се потребни за да отпочнете сопствен бизнис. Затоа потенцирам, обезбедувањето на пристап до квалитетно образование треба да биде приоритет зошто тоа ќе ги направи посилни, ќе им овозможи поинаков пат за напредување, кој можеби и не го замислувале“, рече во обраќањето претседателката Сиљановска Давкова.

Како важни алатки за надминување на јазот помеѓу руралните жени и пазарот на труд, како и за вклучување во глобалната економија, претседателката ги нотираше технологијата, нивно обучување и оспособување за користење на дигиталните платформи и поголеми можности за работа од далечина.

Повикувајќи се на темелните вредности од Уставот, таа посочи дека нашата обврска за правда, правичност и недискриминација се однесува кон сите, вклучувајќи ги и руралните жени и ја потенцираше важноста од нивно охрабрување, промовирање на жените-лидери од овие средини и создавање на политики за севкупна инклузија.

Во таа насока, претседателката истакна дека и компаниите треба да се охрабрат да вработуваат обучени жени од руралните области, а државата да создава услови за тоа и да го креира амбиентот.

Категории

Categories

Kategori

Последни вести

Latest news

Lajmet e fundit

Честитка од претседателката Сиљановска-Давкова по повод Рамазан бајрам

Честитка од претседателката Сиљановска-Давкова по повод Рамазан бајрам

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова, по повод големиот муслимански празник - Рамазан бајрам, упати честитка до верниците од исламска вероисповед и до поглаварот на Исламската верска заедница, реис-ул-улема х. хфз. Шаќир еф. Фетаху. Почитуван реис-ул-улема х....

Сиљановска-Давкова: Потребна е поголема институционална поддршка за инклузија на лицата со Даунов синдром

Сиљановска-Давкова: Потребна е поголема институционална поддршка за инклузија на лицата со Даунов синдром

Во пресрет на 21 март - Светскиот ден на лицата со Даунов синдром, претседателката Гордана Сиљановска-Давкова прими претставници на здружението за рехабилитација и инклузија на лица со Даунов синдром „Дневен центар – Доза среќа“ Скопје. [gallery...

Средба на Сиљановска-Давкова со словачката европратеничка Мириам Лексман

Средба на Сиљановска-Давкова со словачката европратеничка Мириам Лексман

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова ја прими Мириам Лексман, пратеничка во Европскиот парламент од Словачка, од групата на Европската Народна Партија. На средбата се разговараше за европската интеграција на државата, при што...

Сиљановска-Давкова прими претставници на Државниот завод за ревизија

Сиљановска-Давкова прими претставници на Државниот завод за ревизија

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова денеска прими претставници на Државниот завод за ревизија, предводени од помошничката на главниот државен ревизор, Катерина Чалоска Алексова, кои вршат ревизија на успешноста на тема „Жени лидери - жени во политиката,...

Средба со членови на спелеонуркачкиот клуб „Врело“

Средба со членови на спелеонуркачкиот клуб „Врело“

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова денеска оствари средба со членови на спелеонуркачкиот клуб „Врело“, на којашто се разговараше за значењето на истражувањето, заштитата и промоцијата на природните богатства како дел од националниот идентитет и наследство....