Претседателката Сиљановска-Давкова се обрати на панел дискусијата „Пет години од Законот за младинско учество и младински политики – постигнувања, предизвици и идни перспективи“

31 јануари 2025 | Соопштенија

Советот за млади, со учество на претседателката Гордана Сиљановска-Давкова, организираше панел дискусија по повод пет години од донесувањето на Законот за младинско учество и младински политики, на којашто се разговараше за имплементацијата на законот, воочените проблеми и потребните предлог-измени.

На почетокот на настанот, со едноминутен молк, присутните ѝ оддадоа почит на трагично настраданата Фросина Кулакова. Тие упатија апел до надлежните институции што е можно побрзо да го расветлат случајот и да ја задоволат правдата.

Панелистите споделија лични искуства од работењето во младинските тела и дадоа предлози за поефективно младинското учество во креирањето политики. Во расправата младите укажаа на отсуството на институционална поддршка и механизми за активно учество, како и на финансиската неизвесност на младинските центри што влијае на нивната функционалност.

Беа воочени низа слабости: сѐ уште не се формирани клучните координативни тела, Националното собрание на млади и Националното советодавно тело за младински политики, само во неколку општини се основани младински центри, а во повеќе од половина општини нема Локални младински совети, ниту се усвоени локални стратегии.

Претседателката Сиљановска-Давкова ја истакна потребата од системски пристап во решавањето на проблемите на младите, како и парламентарен надзор над спроведувањето на законот. Со оглед на одамна пречекорените законски рокови за формирање на клучните младински тела, таа смета дека дека во отсуство на институционална рамка постои опасност законот да биде правна илузија.

Голем дел од дискутантите побараа поактивна улога на новоформираното Министерство за социјална политика, демографија и млади во овозможувањето на учество на младите во креирањето на младинските политики.

Расправата ја модерираше Филип Ивановски, член на Советот за млади, а панелисти беа: Арта Ќерими, поранешен член на Локалното собрание на млади на град Скопје, Мартин Крстиќ, службеник за млади во општина Куманово, Мартина Јачевска, координатор на Младинскиот центар-Пробиштип и Софија Волчевска, претседател на Локалниот младински совет во општина Кисела Вода.

Категории

Categories

Kategori

Последни вести

Latest news

Lajmet e fundit

Сиљановска-Давкова на Самитот на ЕПЗ во Даблин: Европа не треба да си дозволи да остане недоволно поврзана со Западен Балкан

Сиљановска-Давкова на Самитот на ЕПЗ во Даблин: Европа не треба да си дозволи да остане недоволно поврзана со Западен Балкан

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова, денеска заедно со 50 шефови на европски држави и влади, учествуваше на Самитот на Европската политичка заедница во Даблин, чија централна тема е „Европа: силна, безбедна и поврзана“. Сиљановска-Давкова се обрати на панел...

Сиљановска-Давкова ќе учествува на деветтиот состанок на Европската политичка заедница во Даблин

Сиљановска-Давкова ќе учествува на деветтиот состанок на Европската политичка заедница во Даблин

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова, денеска, 12 ноември 2026 година, четврток, ќе учествува на деветтиот состанок на Европската политичка заедница во Даблин, Ирска. На настанот, што се одржува во рамки на ирското претседателство со Советот на Европската Унија,...

Сиљановска-Давкова – Ван дер Белен: Австрија останува важен и искрен поддржувач на македонскиот евроинтеграциски пат

Сиљановска-Давкова – Ван дер Белен: Австрија останува важен и искрен поддржувач на македонскиот евроинтеграциски пат

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова, денеска на маргините на Конференцијата на страните на Рамковната конвенција на Обединетите нации за климатски промени (COP31) во Анталија, оствари средба со претседателот на Република Австрија, Александер Ван дер Белен. Во...

Сиљановска-Давкова на COP31: Климатската амбиција мора да се претвори во конкретно дејствување

Сиљановска-Давкова на COP31: Климатската амбиција мора да се претвори во конкретно дејствување

  Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова, денеска се обрати на Самитот за климатски промени (COP31) во Анталија, каде што ги потврди македонските заложби за климатска акција и ја нагласи потребата од праведна транзиција кон чиста енергија. [gallery...

Сиљановска-Давкова ќе учествува на Самитот за климатски промени (COP31) во Анталија

Сиљановска-Давкова ќе учествува на Самитот за климатски промени (COP31) во Анталија

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова, денеска - 11 ноември 2026 година, среда, во Анталија, Република Турција ќе учествува на Лидерскиот самит во рамките на 31. Конференција на страните (COP31) на Конвенцијата на Обединетите Нации за климатски промени....