Претседателката Сиљановска Давкова го прими Владо Спиридонов, доктор по метеоролошки науки

1 август 2024 | Соопштенија

Претседателката Гордана Сиљановска Давкова го прими Владо Спиридонов, доктор по метеоролошки науки.

На средбата беа разменети мислења за актуелните предизвици од зачестената појава на временски екстреми и нивното влијание врз животната средина. Во таа насока беше нагласена важноста на новите технологии, современиот пристап и научните методи во справувањето со природните елементарни непогоди, но и со другите опасности, како пожари и загадување настанати од човечки фактор.

Во таа насока професорот Спиридонов, како еден од водечките македонски експерти за метеорологија, презентираше научни можности за поефикасно справување со штетните појави кои се користат во светот, а кои можат да превенираат човечки загуби и материјални штети.

Претседателката Сиљановска Давкова и професорот Спиридонов разговараа и за потенцијалите и капацитетите што ги имаме како држава, како и за потребата од соработка со пријателски земји во создавање системи за рано предупредување, со цел спречување или намалување на штетите од природните непогоди кои се јавуваат.

Категории

Categories

Kategori

Последни вести

Latest news

Lajmet e fundit

Сиљановска-Давкова: Научените лекции од Кочани ги претвораме во системски мерки

Сиљановска-Давкова: Научените лекции од Кочани ги претвораме во системски мерки

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова се обрати на завршната сесија на Меѓународната конференција за институционалните и клиничките аспекти и решенија по пожарот во Кочани, што се одржа денеска во Скопје во организација на Владата. Според претседателката,...

Видео обраќање на отворањето на националниот натпревар по едукативна роботика „First Lego League 2025-2026 – UNEARTHED Challenge“

Видео обраќање на отворањето на националниот натпревар по едукативна роботика „First Lego League 2025-2026 – UNEARTHED Challenge“

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова преку видео порака се обрати на отворањето на националниот натпревар по едукативна роботика „First Lego League 2025-2026 – UNEARTHED Challenge“. Во продолжение е интегралниот текст од обраќањето на претседателката...

Церемонија на свечено менување на државното знаме во претседателскиот Кабинет

Церемонија на свечено менување на државното знаме во претседателскиот Кабинет

Во Кабинетот на претседателката Гордана Сиљановска-Давкова денеска се одржа церемонија на свечено менување на државното знаме, на којашто присуствуваа повеќе од 170 ученици од скопските основни училишта „Христијан Тодоровски-Карпош “, „Петар Поп Арсов“ и од „Гоце...

Сиљановска-Давкова ги прими австриските амбасадори од регионот на ЈИЕ

Сиљановска-Давкова ги прими австриските амбасадори од регионот на ЈИЕ

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова денеска ги прими учесниците на регионалната Конференција на австриски амбасадори од Југоисточна Европа, чиј домаќин е Амбасадата на Република Австрија во земјава и амбасадорот Мартин Памер. [gallery...

Средба со македонската заедница во Полска

Средба со македонската заедница во Полска

За време на посетата на Република Полска, претседателката Гордана Сиљановска-Давкова, оствари средба со припадници на македонската заедница што живеат таму. Во Република Полска постои мала, но активна, угледна...