Претседателката Сиљановска-Давкова прими претставници на Фондацијата Херитиџ и Меѓународниот републикански институт – ИРИ

21 јануари 2025 | Соопштенија, Средби

 

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова ги прими Џејмс Карафано, виш советник на претседателот на Фондацијата Херитиџ и водечки експерт за национална безбедност и надворешна политика и Пол МекКарти, регионален директор за Европа на Меѓународниот републикански институт – ИРИ.

Тие ја запознаа со иницијативата ,,Три мориња“, во која членуваат 13 земји, членки на ЕУ лоцирани меѓу Балтичкото, Црното и Јадранското Море: Австрија, Бугарија, Хрватска, Чешка, Естонија, Унгарија, Латвија, Литванија, Полска, Романија, Словачка, Словенија, а од 2023-та година и Грција.

Во фокусот на иницијативата се развојот на енергетската, транспортната и дигиталната инфраструктура на членките и зајакнувањето на оската север-југ во Источна Европа.

Претседатeлката Сиљановска-Давкова смета дека приклучувањето на Западниот Балкан кон оваа иницијатива може да го продлабочи нејзиниот успех заради географската и политичка поврзаност на земјите од оската север-југ во Источна Европа.

Според неа, посетата на двајцата американски претставници доаѓа во вистинско време заради компатибилноста меѓу целите и програмите на иницијативата со Европскиот план за раст и Реформската агенда за развој.

Имајќи предвид дека најголемиот дел членки на иницијативата истовремено се членки на НАТО и ЕУ,  претседателката истакна дека нашето приклучување кон иницијативата ,,Три мориња” ќе отвори можност за интензивирање на меѓусебната соработка и забрзување на евроинтеграциските процеси.

Соговорниците изразија решеност за продлабочување на соработката со Фондацијата Херитиџ, како и со Меѓународниот републикански институт – ИРИ преку отворање на канцеларија во нашата држава.

Категории

Categories

Kategori

Последни вести

Latest news

Lajmet e fundit

Сиљановска-Давкова оствари телефонски разговор со претседателот на Република Азербејџан, Илхам Алиев

Сиљановска-Давкова оствари телефонски разговор со претседателот на Република Азербејџан, Илхам Алиев

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова, на нејзино барање, утрово оствари телефонски разговор со претседателот на Република Азербејџан, Илхам Алиев. Соговорниците ги потврдија македонско-азербејџанските пријателски односи и подготвеноста за нивно натамошно...

Сиљановска-Давкова: Врело стана најдлабока подводна пештера во светот!

Сиљановска-Давкова: Врело стана најдлабока подводна пештера во светот!

Претседателката вчеравечер се сретна со учесниците во меѓународната експедиција „Врело 2026“ и членовите на Спелеонуркачкиот клуб „Врело“, кои ја информираа за текот на експедицијата и за историскиот успех со кој пештерата Врело во кањонот Матка, со истражена...

Сиљановска-Давкова се сретна со претставници на Проект ХОУП и Фондацијата БД

Сиљановска-Давкова се сретна со претставници на Проект ХОУП и Фондацијата БД

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова денеска ги прими Раби Торбеј, извршен директор на Проект ХОУП (Project HOPE) и Сиен Авалос, претседателка на Фондацијата БД (Becton, Dickinson and Company Foundation). За Сиљановска –...

Сиљановска-Давкова: Командата за операции е еден од столбовите на армискиот одбранбен систем

Сиљановска-Давкова: Командата за операции е еден од столбовите на армискиот одбранбен систем

Претседателката и врховна командантка на Вооружените сили, Гордана Сиљановска-Давкова, денеска се обрати на одбележувањето на 17 Октомври – Денот на Командата за операции, во касарната „Боро Менков“ во Куманово. Таа ја истакна клучната улога на Командата во одбраната...

Сиљановска-Давкова со експертот за Холокаустот Мајкл Баренбаум: Историската вистина за македонските Евреи мора да се зачува

Сиљановска-Давкова со експертот за Холокаустот Мајкл Баренбаум: Историската вистина за македонските Евреи мора да се зачува

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова денеска го прими д-р Мајкл Баренбаум, истакнат професор по еврејски студии и експерт за Холокаустот, кој во март годинава ја придружуваше за време на посетата на Меморијалниот комплекс „Треблинка“ во Полска. [gallery...