Средба на Сиљановска-Давкова со претставнички на Здружението „Јас Сум Жена“

6 октомври 2026 | Соопштенија

 Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова оствари средба со претставничките на Здружението за вмрежување на жени, едуцирање и истражување „Јас Сум Жена“, во состав: Ана Дукоска, Анета Механджијска и Славица Јанкова.

На средбата се разговараше за претстојната конференција на „Јас сум жена“, којашто годинава е посветена на жените во бизнисот, како и за иницијативите на здружението за поврзување на жените.

Претседателката ги поздрави настаните во чиј центар се жените и женските автентични приказни, коишто откриваат бројни проблеми, но и видни успеси.

Според неа, годинашнава тема, фокусирана на жените во бизнисот е добар избор од многу причини, а особено заради фактот што женската економска самостојност е предуслов за  креирање свој  живот, градење хармонична семејна заедница и учество во општествениот развој.

Сиљановска-Давкова ја поздрави храброста на „Јас сум жена“ во рушењето на митот за традиционално машки и женски професии,  преку запознавање со успешни жени – машиновозачки, капетани на бродови или оџачарки и охрабрување на девојките  слободно да го изберат и трасираат својот професионален пат, водени од сопствените афинитети, интереси и способности.

Таа го поздрави учеството на конференцијата на жени – претприемачки од регионот, но и пошироко, кои имаат македонско потекло, како можност за запознавање со нивното релевантно, инспиративно и стимулативно искуство и воспоставување соработка со нив.

На средбата, гостинките ја запознаа претседателката со партнерството со Здружението „До бебе по патот на ин-витро“, со намера да им овозможат конкретна помош на жените и семејствата на патот кон мајчинството и родителството.

Сиљановска-Давкова изрази разбирање и верба во остварувањето на посакуваната цел, како и поддршка на патот кон неа.

Претставничките на „Јас сум жена“ ја презентираа иницијативата за формирање совети за женско претприемништво во градовите и општините ширум земјава.

Исто така, ја запознаа претседателката со интензивната и широка соработка со Агенцијата за иселеништво, којашто треба да резултира со формирање советодавно тело и систем за реинтеграција на повратниците од странство.

Категории

Categories

Kategori

Последни вести

Latest news

Lajmet e fundit

Средба на Сиљановска-Давкова со претставнички на здружението „До бебе по патот на ин-витро“

Средба на Сиљановска-Давкова со претставнички на здружението „До бебе по патот на ин-витро“

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова денеска прими претставнички на здружението за хумана репродукција и биопотпомогнато оплодување (ин- витро) „До бебе по патот на ин - витро“, во состав Деспина Петровска, претседател и членови Наташа Ѓорѓиева Божинов и Марија...

Средба на Сиљановска-Давкова со Урсула фон дер Лaјен, претседателка на Европската Комисија

Средба на Сиљановска-Давкова со Урсула фон дер Лaјен, претседателка на Европската Комисија

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова денеска се сретна со претседателката на Европската Комисија, Урсула фон дер Лaјен, која е во посета на земјава. Најпрво, Гордана Сиљановска-Давкова изрази благодарност за растечкиот интерес и посветеност на Европската унија...

Средба на претседателката Сиљановска-Давкова со претставници на Националниот молитвен појадок

Средба на претседателката Сиљановска-Давкова со претставници на Националниот молитвен појадок

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова денеска оствари средба со претставници на Националниот молитвен појадок, којшто е посветен на разбирањето, простувањето, помирувањето и заедништвото преку заедничка молитва. За првпат, во 1953 година, претседателот Ајзенхауер...

Сиљановска-Давкова до бруцошите: Вреди да се студира, предава и живее на УКИМ, како заеднички дом на професорите и на студентите

Сиљановска-Давкова до бруцошите: Вреди да се студира, предава и живее на УКИМ, како заеднички дом на професорите и на студентите

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова денеска се обрати на свеченоста по повод почетокот на новата академска 2026/2027 година на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје. [gallery...

Сиљановска-Давкова со студенти од Колеџот на Европа: Дијалог за европската интеграција и иднината на регионот

Сиљановска-Давкова со студенти од Колеџот на Европа: Дијалог за европската интеграција и иднината на регионот

Во Вила Водно, претседателката Гордана Сиљановска-Давкова разговараше со студенти од Колеџот на Европа во Тирана, кои престојуваат во земјава, во рамките на студиска посета посветена на влијанието на европската интеграција врз трансформацијата на земјите од Западен...