Претседателот Пендаровски го прими министерот за надворешни работи на Литванија, Габриелиус Ландсбергис

3 мај 2022 | Соопштенија

Претседателот Стево Пендаровски го прими министерот за надворешни работи на Литванија, Габриелиус Ландсбергис, кој денеска престојува во работна посета на Северна Македонија.

Соговорниците се осврнаа на блиската билатерална соработка која преку Вилнус групата датира од 2000-та година, како платформа за поддршка на процесот на пристапување кон НАТО врз основа на принципот на солидарност, што се заокружи со влезот на Северна Македонија во Алијансата.

Во контекст на заокружување на стратешките цели, на средбата се разговараше и за македонското европско досие, за конечно отпочнување на пристапните преговори со ЕУ – процес кој дополнително ќе ја зајакне стабилноста, безбедноста, демократизацијата на нашиот регион, а со тоа ќе придонесе и кон целокупната безбедност на континентот.

Претседателот Пендаровски се заблагодари за принципиелната поддршка од Литванија како земја членка на групата „Пријатели на проширувањето“ и изрази надеж дека континуираната заложба од литванска страна ќе биде целосно реализирана преку интегрирање на Северна Македонија во Европската Унија, заедничка цел којашто треба да се постигне исклучиво преку мериторен систем низ призмата на европските вредности.

Во однос на актуелните геополитички околности и безбедносните импликации предизвикани од руската воена инвазија врз Украина, претседателот Пендаровски истакна дека Северна Македонија ќе продолжи да демонстрира силна солидарност со Украина и ќе ја продолжи соработката со сојузниците и партнерите во рамките на НАТО и ОБСЕ.

Северна Македонија, потенцираше претседателот, се приклучи на заедничката надворешна и безбедносна политика на ЕУ и напорите за организирање ефективна хуманитарна помош преку механизмот за цивилна заштита на Европската Унија, и е подготвена да прифати бегалци од Украина.

Категории

Categories

Kategori

Последни вести

Latest news

Lajmet e fundit

Претседателот Пендаровски на одбележувањето на 25-годишнината од отворањето на Делегацијата на ЕУ во Скопје

Претседателот Пендаровски на одбележувањето на 25-годишнината од отворањето на Делегацијата на ЕУ во Скопје

Претседателот Стево Пендаровски денеска присуствуваше на одбележувањето на 25-годишнината од отворањето на Делегацијата на Европската Унија во Скопје. Честитајќи ја годишнината, претседателот Пендаровски изрази задоволство од досегашниот развој на односите меѓу...

Претседателот Пендаровски се обрати на Годишниот форум на „Виенската иницијатива“

Претседателот Пендаровски се обрати на Годишниот форум на „Виенската иницијатива“

Претседателот Стево Пендаровски се обрати пред учесниците на Годишниот форум на „Виенската иницијатива“ чиј домаќин е Народната банка на Република Северна Македонија. Во поздравното обраќање претседателот Пендаровски посочи дека овој форум на Иницијативата за...

Средба на претседателот Пендаровски со Аналена Баербок, сојузна министерка за надворешни работи на СР Германија

Средба на претседателот Пендаровски со Аналена Баербок, сојузна министерка за надворешни работи на СР Германија

Претседателот Стево Пендаровски денеска ја прими Аналена Баербок, сојузна министерка за надворешни работи на Сојузна Република Германија, која престојува во официјална посета на Република Северна Македонија. На средбата се...

Претседателот Пендаровски го потпиша Указот за новиот Закон за амнестија

Претседателот Пендаровски го потпиша Указот за новиот Закон за амнестија

Претседателот Стево Пендаровски денеска го потпиша Указот на усвоениот Закон за амнестија, со кој се предвидува лицата осудени за кривичните дела од член 205 „Пренесување на заразна болест“ и член 206 „Непостапување според здравствените прописи за време на епидемија“...

Повик за акредитирање на медиумски екипи – Официјална посета на сојузниот претседател на Република Австрија, Александер Ван дер Белен

Повик за акредитирање на медиумски екипи – Официјална посета на сојузниот претседател на Република Австрија, Александер Ван дер Белен

Ве известуваме дека на 28 и 29 март 2023 година во официјална посета на Република Северна Македонија ќе престојува сојузниот претседател на Република Австрија, Н.Е. д-р Александер Ван дер Белен, во придружба на неговата сопруга, г-а Дорис Шмидауер. Заинтересираните...