Претседателката Сиљановска-Давкова го прими Иле Михајловски, одделенски наставник од Свети Николе, финалист за престижната Глобална награда за наставници за 2025 година

24 јануари 2025 | Соопштенија

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова по повод Меѓународниот ден на образованието го прими Иле Михајловски, одделенски наставник во ООУ „Свети Кирил и Методиј“ во Свети Николе.

Михајловски е избран меѓу 50 финалисти од вкупно 5.000 номинирани наставници од 89 држави во светот за престижната Глобална награда за наставници за 2025 година, што ја доделува фондацијата Варки од Лондон, со поддршка од УНЕСКО и компанијата ГЕМС Еџукејшн.

Наставникот ја запозна претседателката Сиљановска-Давкова со неговата апликација и процедурите за избор, како и со својата тридецениска работа и улога во и надвор од училиштето, преку развој на настава адаптирана за ученици со попреченост, поддршка на децата со социјален ризик, без родителска грижа и во згрижувачки семејства.

Упатувајќи честитки до Михајловски, претседателката Сиљановска-Давкова оцени дека изборот во 50-те финалисти, претставува огромно признание и легитимитет за неговата континуирана работа, примената на иновативните методи и постигнатите значајни успеси во образовниот процес.

Таа ја поздрави севкупната хуманитарна работа на Михајловски, вклучително и поддршката на образовниот процес на деца-онколошки пациенти, како и ангажманот за заштита на животната средина преку реализација на низа проекти заедно со учениците.

Претседателката изрази очекување дека Михајловски со своето сестрано вложување во професијата, со неговата визија за позитивно влијание во средината, ќе продолжи да биде пример и инспирација за секој поединец.

Соговорниците разменија мислење и за состојбите и предизвиците во основното образование, како и за можностите за евалуација на наставниот кадар.

 

Категории

Categories

Kategori

Последни вести

Latest news

Lajmet e fundit

Сиљановска-Давкова во пресрет на COP31: Климатските обврски да ги претвориме во конкретни инвестиции и мерливи резултати

Сиљановска-Давкова во пресрет на COP31: Климатските обврски да ги претвориме во конкретни инвестиции и мерливи резултати

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова денеска се обрати на настанот „Национален дијалог во пресрет на СОР31“, организиран од УНДП во соработка со Министерството за животна средина и просторно планирање и Министерството за енергетика, рударство и минерални...

Средба на претседателката Сиљановска-Давкова со словачкиот министер за надворешни и европски работи, Јурај Бланар

Средба на претседателката Сиљановска-Давкова со словачкиот министер за надворешни и европски работи, Јурај Бланар

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова денеска го прими министерот за надворешни и европски работи на Словачката Република, Јурај Бланар, кој престојува во официјална посета на земјава. На средбата беа потврдени пријателските македонско-словачки односи. [gallery...

Сиљановска-Давкова ги прими акредитивите на новоименуваната британска амбасадорка, Сивањанам

Сиљановска-Давкова ги прими акредитивите на новоименуваната британска амбасадорка, Сивањанам

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова ги прими акредитивните писма од Н.Е. г-а Маја Сивањанам, вонредна и ополномоштена амбасадорка на Обединетото Кралство на Велика Британија и Северна Ирска. Сиљановска-Давкова...

Сиљановска-Давкова: Монетарната и финансиската стабилност се јавно добро чиишто придобивки ги споделува целото општество

Сиљановска-Давкова: Монетарната и финансиската стабилност се јавно добро чиишто придобивки ги споделува целото општество

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова се обрати на свеченоста по повод 80-годишниот јубилеј на централнобанкарското работење на Народната банка, којашто се одржа во Музејот на Народната банка. Таа говореше за Народната банка, за нејзината трансформација во...

Сиљановска-Давкова ја прими претседателката на косовското Собрание, Хаџиу

Сиљановска-Давкова ја прими претседателката на косовското Собрание, Хаџиу

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова ја прими Албулена Хаџиу, претседателка на Собранието на Република Косово, која престојува во официјална посета на државава. Таа искажа задоволство од развојот на македонско-косовските...