Работна средба на претседателката Сиљановска-Давкова со актуелни и поранешни членови на Комисијата за помилување

30 јануари 2025 | Соопштенија

На иницијатива на претседателката Гордана Сиљановска-Давкова, се одржа работна средба на актуелни и поранешни членови на Комисијата за помилување, заради размена на искуства поврзани со примената на институтот помилување.

Претседателката Сиљановска-Давкова ја образложи иницијативата за средбата. Според неа, основната причина за свикувањето на средбата е неподелениот став на правниците дека постојниот закон предизвикува сериозни проблеми во процесот на помилување и дека има потреба од нов закон.

Консултирањето на членовите на претходните комисии за помилување, за неа е неопходен чекор за утврдувањето на недостатоците и проблемите, како и нотирањето на излезните правни и институционални решенија. Во посветената, жива, четиричасовна дебата најпрво беше потенцирано дека помилувањето е човеково право на осудените лица што мора да се почитува и спроведува. При неговото давање и одмерување не смее да има политичко и партиско влијание.

Во процесот на помилување најважна е координираната работа меѓу судот, Министерството за правда и Комисијата за помилување, со почитување на начелото на поделба на власта.

Мнозина од поранешните членови на комисиите за помилување го критикуваа рестриктивниот пристап на помилување. Во таа насока, беше предложено зголемување на опфатот на помилување, како по однос на бројот на помилуваните, така и во поглед на времетраењето. Сите учесници сметаат дека комисијата треба да остане отпорна на притисокот на јавноста, водена од оправданоста на сопствените одлуки за помилување. Членовите ја посочија и потребата за обезбедување механизми, преку индивидуален пристап комисијата изворно да се информира за состојбата на осуденикот и степенот на неговата ресоцијализација, независно од природата и висината на казната.

На работната средба, учесниците ја констатираа неопходноста од донесување на нов закон за помилување, што ќе ги земе предвид искуствата од примената на актуелниот закон, како и компаративните искуства и примери.

Според нив, на донесувањето на законот треба да му претходи експертска и широка јавна дебата. 

Категории

Categories

Kategori

Последни вести

Latest news

Lajmet e fundit

Честитка од претседателката Сиљановска-Давкова по повод Рамазан бајрам

Честитка од претседателката Сиљановска-Давкова по повод Рамазан бајрам

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова, по повод големиот муслимански празник - Рамазан бајрам, упати честитка до верниците од исламска вероисповед и до поглаварот на Исламската верска заедница, реис-ул-улема х. хфз. Шаќир еф. Фетаху. Почитуван реис-ул-улема х....

Сиљановска-Давкова: Потребна е поголема институционална поддршка за инклузија на лицата со Даунов синдром

Сиљановска-Давкова: Потребна е поголема институционална поддршка за инклузија на лицата со Даунов синдром

Во пресрет на 21 март - Светскиот ден на лицата со Даунов синдром, претседателката Гордана Сиљановска-Давкова прими претставници на здружението за рехабилитација и инклузија на лица со Даунов синдром „Дневен центар – Доза среќа“ Скопје. [gallery...

Средба на Сиљановска-Давкова со словачката европратеничка Мириам Лексман

Средба на Сиљановска-Давкова со словачката европратеничка Мириам Лексман

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова ја прими Мириам Лексман, пратеничка во Европскиот парламент од Словачка, од групата на Европската Народна Партија. На средбата се разговараше за европската интеграција на државата, при што...

Сиљановска-Давкова прими претставници на Државниот завод за ревизија

Сиљановска-Давкова прими претставници на Државниот завод за ревизија

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова денеска прими претставници на Државниот завод за ревизија, предводени од помошничката на главниот државен ревизор, Катерина Чалоска Алексова, кои вршат ревизија на успешноста на тема „Жени лидери - жени во политиката,...

Средба со членови на спелеонуркачкиот клуб „Врело“

Средба со членови на спелеонуркачкиот клуб „Врело“

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова денеска оствари средба со членови на спелеонуркачкиот клуб „Врело“, на којашто се разговараше за значењето на истражувањето, заштитата и промоцијата на природните богатства како дел од националниот идентитет и наследство....