Средба на претседателот Пендаровски со Каират Абдрахманов, Висок комесар на ОБСЕ за национални малцинства

20 јануари 2022 | Соопштенија

Претседателот Стево Пендаровски денеска го прими амбасадорот Каират Абдрахманов, Висок комесар на ОБСЕ за национални малцинства.

На средбата беа разменети мислења за севкупните активности на ОБСЕ во земјава во контекст на заштитата на правата на различните заедници, како и соработката на државните институции со меѓународните организации и граѓанскиот сектор по овие прашања.

Претседателот Пендаровски истакна дека Република Северна Македонија е позитивен пример на функционална мултиетничка демократија во однос на почитувањето и унапредувањето на правата на различните заедници, како и во пристапот на градење толеранција и доверба, во согласност со вредностите и заложбите на ОБСЕ.

Претседателот додаде дека во земјава има значителен исчекор во унапредување на јазичните права на немнозинските заедници, а во однос на родовите прашања има повеќе програми на кои активно се работи, во процесите на креирање на политики и донесување на одлуки и нивното влијание на родовата еднаквост во земјава.

На средбата беа разменети мислења за тековните подготовки за претседателството на Република Северна Македонија со ОБСЕ во 2023 година. Претседателот истакна дека земјава планира да ги промовира приоритетите кои се од заеднички интерес, одразувајќи ја визијата на земјите-членки на ОБСЕ, водена од принципите на оваа организација. Во таа насока, Северна Македонија ќе има блиска соработка и со Високиот комесар за национални малцинства, работејќи на унапредувањето на човековите права и правата на немнозинските заедници.

Претседателот Пендаровски на средбата ја истакна долгогодишната соработка со ОБСЕ и поддршката во унапредување на демократските реформи, што е од големо значење во контекст на аспирациите на државата за членство во Европската Унија.

Категории

Categories

Kategori

Последни вести

Latest news

Lajmet e fundit

Претседателот Стево Пендаровски присуствуваше на инаугурацијата на турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган

Претседателот Стево Пендаровски присуствуваше на инаугурацијата на турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган

Претседателот Стево Пендаровски, денеска, 3 јуни 2023 година, на покана на турските власти, во Анкара присуствуваше на свечена церемонија на стапување на должност на претседателот на Турција, Реџеп Таип Ердоган. Претседателот Стево Пендаровски честитајќи му го новиот...

Отворен кабинет со посетители од Републичкиот центар за поддршка на лица со интелектуална попреченост „Порака“

Отворен кабинет со посетители од Републичкиот центар за поддршка на лица со интелектуална попреченост „Порака“

Во рамки на активноста Отворен кабинет, денеска Кабинетот на претседателот го посетија едукатори и корисници на Дневните центри на Републичкиот центар за поддршка на лица со интелектуална попреченост „Порака“. На...

Претседателот Пендаровски го посети скопското средно училиште „Цветан Димов“

Претседателот Пендаровски го посети скопското средно училиште „Цветан Димов“

Претседателот Стево Пендаровски денеска, по повод отворениот ден, го посети средното училиштето на Град Скопје „Цветан Димов“. Претседателот имаше можност да се запознае со условите во...

Учество на претседателот Пендаровски на Македонскиот енергетски форум 2023

Учество на претседателот Пендаровски на Македонскиот енергетски форум 2023

Претседателот Стево Пендаровски денеска учествуваше на Македонскиот енергетски форум 2023, што се одржува во Скопје во организација на ЗИП Институтот, во партнерство со Владата на Република Северна Македонија и Делегацијата на ЕУ во Скопје, на тема „Подобрување на...

Отворен кабинет со ученици од ООУ „Крсте Мисирков“- Куманово

Отворен кабинет со ученици од ООУ „Крсте Мисирков“- Куманово

Во рамки на активноста Отворен кабинет, денеска Кабинетот на претседателот го посетија ученици од ООУ „Крсте Мисирков“ од Куманово. Посетителите имаа можност да се сретнат и да поразговараат со...