Средба на претседателот Пендаровски со Вселенскиот Патријарх Вартоломеј

19 јуни 2021 | Соопштенија

Претседателот Стево Пендаровски, во рамки на работната посета на Република Турција, денеска во Истанбул оствари средба со Неговата Сесветост Вартоломеј, Архиепископ Цариградски – Нов Рим и Вселенски Патријарх.

На средбата се разговараше за состојбите во православниот свет, улогата на Вселенската Патријаршија во поттикнувањето на меѓухристијанскиот дијалог и соживотот меѓу различните народи и религии. Во таа насока, претседателот Пендаровски ја истакна важноста на улогата на Вселенскиот Патријарх во поттикнувањето дијалог за сите отворени прашања во православниот свет.

Покрај ова, на средбата се разговараше за прашањето за решавање на статусот на Македонската Православна Црква – Орхидска Архиепископија и во таа прилика претседателот Пендаровски потенцираше дека Вселенскиот Патријарх има особена улога во надминувањето на црковниот спор. Истовремено претседателот Пендароски повика на што поскоро надминување на спорот,  затоа што како што посочи, раната на едно место во православниот свет боли во целиот православен свет.

Истовремено на средбата беа разменети мислења за состојбите во регионот поврзани со актуелните случувања во однос на интеграцијата на земјите во Европската Унија, при што Патријархот Вартоломеј нагласи дека го поддржува членството на Северна Македонија во ЕУ, кое преку исполнување на критериумите би донело подобар живот, зголемена солидарност и толеранција.

 

Последни вести

Latest news

Lajmet e fundit

Средба на претседателот Пендаровски со економските советници во Варшава, Анкара, Абу Даби и Минхен

Средба на претседателот Пендаровски со економските советници во Варшава, Анкара, Абу Даби и Минхен

Претседателот Стево Пендаровски денеска оствари средба со Илија Псалтиров, Сузана Тунева, Бекри Ајдини и Абдилџемил Саити, економски советници во амбасадите на Република Северна Македонија во Варшава, Анкара и Абу Даби и конзулатот во Минхен. [gallery...

Средба на претседателот Стево Пендаровски и неговата сопруга Елизабета Ѓоргиевска со членови на здружението „Дневен центар Доза среќа“

Средба на претседателот Стево Пендаровски и неговата сопруга Елизабета Ѓоргиевска со членови на здружението „Дневен центар Доза среќа“

Претседателот Стево Пендаровски и неговата сопруга Елизабета Ѓоргиевска денеска во Кабинетот на Претседателот се сретнаа со членови на здружението за рехабилитација и инклузија на лица со Даунов синдром „Дневен центар Доза среќа“. [gallery...

Делегација од Кабинетот на Претседателот положи цвеќе пред Споменикот на жртвите од скопскиот земјотрес од 1963 година

Делегација од Кабинетот на Претседателот положи цвеќе пред Споменикот на жртвите од скопскиот земјотрес од 1963 година

Делегација од Кабинетот на Претседателот на Република Северна Македонија, по повод 58-годишнината од катастрофалниот земјотрес во Скопје, положи цвеќе пред Споменикот на жртвите од земјотресот, на Градските гробишта Бутел во Скопје. [gallery...

Претседателот Пендаровски ги додели сертификатите на учесниците на „Охрид камп за високо-технолошка извонредност“

Претседателот Пендаровски ги додели сертификатите на учесниците на „Охрид камп за високо-технолошка извонредност“

Претседателот Стево Пендаровски денеска во Вила Билјана во Охрид им додели сертификати на учесниците на „Охрид камп за високо-технолошка извонредност“ што се одржа под негово покровителство,  со цел надградување и размена на високотехнолошките вештини кај млади луѓе...