Во врска со соопштението од Министерството за надворешни работи на Република Бугарија, ставот на претседателот Пендаровски е дека ниту една негова постапка, ниту досега била, ниту отсега ќе биде во спротивност со Договорот за пријателство, добрососедство и соработка меѓу двете држави од 2017 година, вклучувајќи ја и средбата со здруженија на граѓани од Република Бугарија. Претседателот Пендаровски смета дека секоја институција во двете држави треба да даде свој придонес во надминувањето на отворените прашања и во таа насока е посветен за зајакнување на дијалогот и целосна имплементација на договорот за пријателство, добрососедство и соработка.

Потпишан меморандум за соработка помеѓу Кабинетот на претседателот и Филозофскиот факултет при УКИМ
Во Кабинетот на претседателот денеска беше потпишан Меморандум за соработка помеѓу генералниот секретар на Кабинетот на претседателот, Mиле Бошњаковски и деканот на Филозофскиот факултет при Универзитетот „Св. Кирил и Методиj“, проф. д-р Ратко Дуев. Соработката помеѓу...