Средба на претседателката Сиљановска Давкова со турскиот министер за надворешни работи, Хакан Фидан

13 јуни 2024 | Соопштенија

Претседателката Гордана Сиљановска Давкова денеска во Скопје оствари средба со министерот за надворешни работи на Република Турција, Хакан Фидан, кој учествува на Самитот на шефови на држави и влади на учесниците во Процесот за соработка во Југоисточна Европа.

На средбата беа разменети мислења за севкупните билатерални односи меѓу двете држави, кои негуваат традиционално пријателски односи, со развој на соработката во повеќе сфери од заемен интерес, во духот на стратешкото партнерство и сојузништво во НАТО Алијансата.

Претседателката Сиљановска Давкова се заблагодари за севкупната поддршка што Турција ја дава на нашата држава, како на билатерален, така и на мултилатерален план и изрази очекување таа да продолжи и во иднина.

На средбата беше истакната и важната улога на турската заедница во земјата, што дополнително ги засилува добрите врски со Турција.

Претседателката Сиљановска Давкова и министерот Фидан разменија мислења и информации се актуелните состојби во поширокиот регион, како и за предизвиците по однос на македонските аспирации за членство во Европската Унија.

Категории

Categories

Kategori

Последни вести

Latest news

Lajmet e fundit

Церемонија на свечено менување на државното знаме во претседателскиот Кабинет

Церемонија на свечено менување на државното знаме во претседателскиот Кабинет

Во Кабинетот на претседателката Гордана Сиљановска-Давкова денеска се одржа церемонија на свечено менување на државното знаме, на којашто присуствуваа повеќе од 170 ученици од скопските основни училишта „Христијан Тодоровски-Карпош “, „Петар Поп Арсов“ и од „Гоце...

Сиљановска-Давкова ги прими австриските амбасадори од регионот на ЈИЕ

Сиљановска-Давкова ги прими австриските амбасадори од регионот на ЈИЕ

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова денеска ги прими учесниците на регионалната Конференција на австриски амбасадори од Југоисточна Европа, чиј домаќин е Амбасадата на Република Австрија во земјава и амбасадорот Мартин Памер. [gallery...

Средба со македонската заедница во Полска

Средба со македонската заедница во Полска

За време на посетата на Република Полска, претседателката Гордана Сиљановска-Давкова, оствари средба со припадници на македонската заедница што живеат таму. Во Република Полска постои мала, но активна, угледна...

Сиљановска-Давкова од Треблинка: Нема да дозволиме да се избрише болната меморија за Холокаустот и за нашите македонски Евреи

Сиљановска-Давкова од Треблинка: Нема да дозволиме да се избрише болната меморија за Холокаустот и за нашите македонски Евреи

Во Меморијалниот и музејски комплекс „Треблинка“ во Полска, претседателката Гордана Сиљановска-Давкова присуствуваше на комеморацијата на Холокаустот на македонските Евреи. Таа оддаде почит кон жртвите и положи венец пред спомен-обележјето посветено на 7.144...

Сиљановска-Давкова во комеморативна посета на Треблинка

Сиљановска-Давкова во комеморативна посета на Треблинка

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова ќе престојува во работна посета на Полска, каде што ќе присуствува на комеморативното одбележување на Холокаустот на македонските Евреи, што ќе се одржи во Меморијалниот и музејски комплекс „Треблинка“. Сиљановска-Давкова ќе...