Средба на претседателката Сиљановска Давкова со претставничката на УНИЦЕФ, Лесли Милер

22 ноември 2024 | Соопштенија

Претседателката Гордана Сиљановска Давкова денеска ја прими претставничката на УНИЦЕФ, Лесли Милер.

На средбата се разговараше за соработката на УНИЦЕФ со релевантните институции во нашата држава во повеќе области значајни за обликувањето на иднината на децата.

Претседателката Сиљановска Давкова упати благодарност за трајното партнерство меѓу УНИЦЕФ и нашата држава кое се одвива повеќе од 30 години и кое резултира со трансформативни промени во животот на децата, поттикнувајќи ги нивните права и подобрување на нивната благосостојба особено во здравството, образованието, социјалната заштита и правдата.

На средбата Претседателката нагласи дека насоките на УНИЦЕФ играат клучна улога во справувањето со современите предизвици, особено со ефектите од климатските и еколошките промени врз децата, во контекст на стремежот кон поодржлив социо-економски напредок.

Претседателката Сиљановска Давкова ја реафирмираше својата посветеност да се овозможи секое дете во нашето општество да има еднакви можности да напредува обезбедувајќи им достапност до образование, здравство и заштита.

Категории

Categories

Kategori

Последни вести

Latest news

Lajmet e fundit

Сиљановска-Давкова во пресрет на COP31: Климатските обврски да ги претвориме во конкретни инвестиции и мерливи резултати

Сиљановска-Давкова во пресрет на COP31: Климатските обврски да ги претвориме во конкретни инвестиции и мерливи резултати

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова денеска се обрати на настанот „Национален дијалог во пресрет на СОР31“, организиран од УНДП во соработка со Министерството за животна средина и просторно планирање и Министерството за енергетика, рударство и минерални...

Средба на претседателката Сиљановска-Давкова со словачкиот министер за надворешни и европски работи, Јурај Бланар

Средба на претседателката Сиљановска-Давкова со словачкиот министер за надворешни и европски работи, Јурај Бланар

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова денеска го прими министерот за надворешни и европски работи на Словачката Република, Јурај Бланар, кој престојува во официјална посета на земјава. На средбата беа потврдени пријателските македонско-словачки односи. [gallery...

Сиљановска-Давкова ги прими акредитивите на новоименуваната британска амбасадорка, Сивањанам

Сиљановска-Давкова ги прими акредитивите на новоименуваната британска амбасадорка, Сивањанам

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова ги прими акредитивните писма од Н.Е. г-а Маја Сивањанам, вонредна и ополномоштена амбасадорка на Обединетото Кралство на Велика Британија и Северна Ирска. Сиљановска-Давкова...

Сиљановска-Давкова: Монетарната и финансиската стабилност се јавно добро чиишто придобивки ги споделува целото општество

Сиљановска-Давкова: Монетарната и финансиската стабилност се јавно добро чиишто придобивки ги споделува целото општество

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова се обрати на свеченоста по повод 80-годишниот јубилеј на централнобанкарското работење на Народната банка, којашто се одржа во Музејот на Народната банка. Таа говореше за Народната банка, за нејзината трансформација во...

Сиљановска-Давкова ја прими претседателката на косовското Собрание, Хаџиу

Сиљановска-Давкова ја прими претседателката на косовското Собрание, Хаџиу

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова ја прими Албулена Хаџиу, претседателка на Собранието на Република Косово, која престојува во официјална посета на државава. Таа искажа задоволство од развојот на македонско-косовските...