Претседателката Сиљановска Давкова се обрати на доделување на признанието „Вељо Манчевски“ за 2024 година

3 декември 2024 | Обраќања

Претседателката Гордана Сиљановска Давкова се обрати на свечената манифестација по повод доделување на признанието „Вељо Манчевски“ за 2024 година во организација на Комисијата за односи со верските заедници и религиозните групи.

Признанието „Вељо Манчевски“ се доделува како највисоко годишно признание за особен придонес на правни и физички лица кои со својот ангажман, активност и труд, трајно се вградиле во развојот и продлабочувањето на различни значајни сегменти во верската сфера во државата.

Почитувани министри,

Почитуванa директорке на Комисијата за односи со верските заедници и религиозни групи,

Почитувани највисоки претставници на верските заедници и на религиозните групи,

Почитувани гости,

Честа да сум покровителка на манифестација именувана по првиот верски референт на Македонија, Вељо Манчевски, не означува само лична благодарност, туку и длабока вдахновена извонредност. Признанието за особен придонес, врачено од Комисијата за односи со верските заедници и религиозни групи, годинава го испишува своето трето издание. Симболиката е голема не само за верската, туку и за целата општествена заедница, а придонесот неминовен и важен. Уште од самите почетоци, овој настан останува да подлежи на почит, поддршка, продлабочена соработка и комуникација со Комисијата за односи со верските заедници и религиозни групи, којашто почестено ја продолжувам по мојот претходник, господинот Пендаровски. Потрагата по предводништвото нечесто е оставено на жените, па фактот што директорката Трајковска е дел од вашата кауза, ме исполнува со чувство на целисходност и достојна апологија. Мултиконфесионалноста како обележје на Македонија, драгоцено ја поткрепува демократијата, а за нејзините принципи говорат соработката и заемната почит меѓу државата и сите нејзини религиозни и верски заедници. Токму како демократска, секуларна држава, Македонија продолжува совесно да чекори со сите свои институционализирани темели, давајќи правичен приказ на мостот помеѓу слободата на вероисповед и значајноста на придонесот од институциите како вашите. Впрочем, Комисијата за односи со верските заедници и религиозни групи е извор на своевиден сервис за граѓаните, којшто става посебен акцент на приоритетот и вреднувањето на верските права и слободи. Богатството го црпиме од вас. Како земја на солидарност, толеранција и посветеност, се надевам дека ова признание успешно ќе продолжи да ги инспирира сите поттикнувачи на општествениот прогрес и гордо да сведочи за нераскинливата врска помеѓу духовноста и националниот развој.

Почитувани и драги присутни,

На денешната манифестација ја имаме честа да изразиме почит кон носителите на признанието, а воедно и благодарност за сета нивна посветеност, работа, пожртвуваност и неуморност. Заслужувате многу. Додека трудољубиво ѝ придонесувате на нашата културна и хуманистичка почва, ние се трудиме вашето дело да го преточиме во зборови достојни на големината на истото.

Сѐ додека системот ја признава човековата целовитост и духовност, сѐ дотогаш и општественоста ќе има вредност. А, вие ја оправдувате. Религијата се темели на симбиоза меѓу личното, заедничкото, нематеријалното и спиритуалното. Здравиот разум ја потврдува идејата за доброто, а тоа пак се изразува преку вербата. Ако сечија желба е сведена на едноставност, етиката и моралот ќе избијат на површина, лишувајќи нѐ од сето зло на овој свет. Делотворни сме тогаш, кога токму таа етичност не само што ја учиме, туку и ја практикуваме. Оттука, признанието „Вељо Манчевски“ е симболичен приказ дека во Македонија таа практика продолжува да се применува, потврдувајќи ја големината на нејзиното учење. Самиот чин на нашето присуство или заедничкото присуство на верските поглавари и великодостојници е порака дека меѓурелигиската толеранција, почитта и соработката не се само хартиени, туку суштински, а за тоа сведочи и клучниот придонес од нашите граѓани.

Хармонијата на соживотот меѓу личности коишто заеднички суштествуваат на исто тло е нешто што може, само по себе, да биде доволно. Како и досега, вие и вашите институции треба да продолжите да ја оправдувате целта со својата морална величина и совесна грандиозност. Од вас може многу да се научи. Градењето на татковината како просперитетно место за живеење, држава во која владее правото, моралните вредности, хуманоста и солидарноста е пат полн со доблести. Во него вие сте неизоставен дел. Мали се зборовите, и моите, за вашата големина.

Ви благодарам.

Категории

Categories

Kategori

Последни вести

Latest news

Lajmet e fundit

Средба на Сиљановска-Давкова со претставници на ОМД и студенти од програмата „Родум од Македонија“

Средба на Сиљановска-Давкова со претставници на ОМД и студенти од програмата „Родум од Македонија“

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова оствари средба со претседавачот на Бордот на Обединетата македонска дијаспора (ОМД), Арџи Белио и претставниците на оваа организација Гордан Јорданов, Филип Јотевски, Мара Кун и Емили Абрамзик. [gallery...

Сиљановска-Давкова донесе одлука за ангажирање на Армијата во справувањето со пожарите

Сиљановска-Давкова донесе одлука за ангажирање на Армијата во справувањето со пожарите

Претседателката, согласно Законот за управување со кризи, потпиша одлука за учество на дел од Армијата во гаснењето на пожарите.   Ангажманот на припадниците на Армијата следи по прогласувањето кризна состојба од страна на Владата.   Генералштабот на Армијата ќе го...

Средба на претседателката Сиљановска-Давкова со гувернерот на Народната банка, Славески

Средба на претседателката Сиљановска-Давкова со гувернерот на Народната банка, Славески

Претседателката Гордана Сиљановска-Давковa денеска оствари прва работна средба со гувернерот на Народната банка, Трајко Славески, на којашто се разговараше за актуелните економски и монетарни состојби во земјата и важноста на стабилна и независна централна банка за...

Сиљановска-Давкова ја прими Карол Межеван, директорка на Светска банка за државава и Косово

Сиљановска-Давкова ја прими Карол Межеван, директорка на Светска банка за државава и Косово

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова ја прими Карол Межеван, директорка на Светска банка за државава и за Косово, која престојува во прва посета откако стапи на функцијата на почетокот на овој месец. Изразувајќи благодарност...

Сиљановска-Давкова се обрати на годишниот настан на КСЗД „Разговори за еднаквост“ на тема „Право на домување на Ромите“

Сиљановска-Давкова се обрати на годишниот настан на КСЗД „Разговори за еднаквост“ на тема „Право на домување на Ромите“

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова се обрати на второто издание на годишниот настан „Разговори за еднаквост“ којшто годинава Комисијата за спречување и заштита од дискриминација го организираше на тема „Право на домување на Ромите“. Во своето обраќање...