Сиљановска-Давкова: Да се влезе „Во мојот свет“, значи да се признае дека тој е и наш заеднички свет!

21 мај 2026 | Соопштенија

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова, денеска присуствуваше на отворањето на Центарот за дневен престој за лица со попреченост и индивидуален третман „Во мојот свет“, во општината Ѓорче Петров, Скопје.

Во рамките на посетата, директорката на Центрите за индивидуален третман, Ангела Чингоска, ја претстави мисијата и долгогодишната работа на Здружението за поддршка и третман на лица со аутистичен спектар и атипичен развој „Во мојот свет“, на чија иницијатива е отворањето на центарот за дневен престој.

Претседателката ги разгледа просториите опремени со современа и специјализирана опрема, којашто овозможува унапредување на психомоторниот, сензорниот и социјалниот развој на децата.

Поздравувајќи го отворањето на центарот, Сиљановска-Давкова порача дека односот кон лицата со попреченост е огледало на зрелоста, хуманоста и солидарноста на едно општество. Според неа, вистинската инклузија подразбира создавање услови во коишто секој човек ќе може достоинствено да учи, да се развива, социјализира и активно да учествува во заедницата.

„Да се влезе „Во мојот свет”, значи да се признае дека тој е и наш заеднички свет!“ рече Сиљановска-Давкова и изрази очекување да се прошири мрежата на слични дневни центри.

Претседателката упати благодарност до Здружението „Во мојот свет“, до вработените за нивниот ентузијазам, до градоначалникот за отстапениот простор, до бугарскиот амбасадор за финансиската поддршката, до фондацијата „Механџиски“ за хуманоста и до сите општествено одговорни субјекти коишто придонеле во реализацијата на овој значаен проект.

Центарот е наменет за поддршка, социјализација, стекнување животни вештини и подобрување на квалитетот на живот на младите лица со попреченост, преку индивидуализиран пристап, прилагоден на нивните специфични потреби.

Особен акцент ќе биде ставен на децата со аутистичен спектар и атипичен развој, како и на поддршката и советувањето на нивните семејства.

Лиценцираниот центар располага со капацитет за 24 млади лица на возраст од 14 до 26 години, како и за 20 деца до 14-годишна возраст и претставува значаен исчекор во развојот на инклузивните и социјалните услуги во заедницата.

Здружението „Во мојот свет“ на претседателката Сиљановска-Давкова ѝ врачи благодарница за нејзината поддршка на инклузивноста и унапредувањето на правата и грижата за лицата со попреченост.

Категории

Categories

Kategori

Последни вести

Latest news

Lajmet e fundit

Сиљановска-Давкова на Самитот на ЕПЗ во Даблин: Европа не треба да си дозволи да остане недоволно поврзана со Западен Балкан

Сиљановска-Давкова на Самитот на ЕПЗ во Даблин: Европа не треба да си дозволи да остане недоволно поврзана со Западен Балкан

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова, денеска заедно со 50 шефови на европски држави и влади, учествуваше на Самитот на Европската политичка заедница во Даблин, чија централна тема е „Европа: силна, безбедна и поврзана“. Сиљановска-Давкова се обрати на панел...

Сиљановска-Давкова ќе учествува на деветтиот состанок на Европската политичка заедница во Даблин

Сиљановска-Давкова ќе учествува на деветтиот состанок на Европската политичка заедница во Даблин

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова, денеска, 12 ноември 2026 година, четврток, ќе учествува на деветтиот состанок на Европската политичка заедница во Даблин, Ирска. На настанот, што се одржува во рамки на ирското претседателство со Советот на Европската Унија,...

Сиљановска-Давкова – Ван дер Белен: Австрија останува важен и искрен поддржувач на македонскиот евроинтеграциски пат

Сиљановска-Давкова – Ван дер Белен: Австрија останува важен и искрен поддржувач на македонскиот евроинтеграциски пат

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова, денеска на маргините на Конференцијата на страните на Рамковната конвенција на Обединетите нации за климатски промени (COP31) во Анталија, оствари средба со претседателот на Република Австрија, Александер Ван дер Белен. Во...

Сиљановска-Давкова на COP31: Климатската амбиција мора да се претвори во конкретно дејствување

Сиљановска-Давкова на COP31: Климатската амбиција мора да се претвори во конкретно дејствување

  Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова, денеска се обрати на Самитот за климатски промени (COP31) во Анталија, каде што ги потврди македонските заложби за климатска акција и ја нагласи потребата од праведна транзиција кон чиста енергија. [gallery...

Сиљановска-Давкова ќе учествува на Самитот за климатски промени (COP31) во Анталија

Сиљановска-Давкова ќе учествува на Самитот за климатски промени (COP31) во Анталија

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова, денеска - 11 ноември 2026 година, среда, во Анталија, Република Турција ќе учествува на Лидерскиот самит во рамките на 31. Конференција на страните (COP31) на Конвенцијата на Обединетите Нации за климатски промени....