Билатерална средба на претседателот Пендаровски со претседателката на Косово, Вјоса Османи

17 јуни 2022 | Средби

Претседателот Стево Пендаровски денеска во Охрид оствари билатерална средба со претседателката на Република Косово, Вјоса Османи на којашто се разговараше за развојот на билатералните односи, актуелните предизвици на регионален и мултилатерален план и безбедносната состојба во регионот и пошироко.

На средбата претседателите изразија задоволство од динамиката на односите и соработката меѓу Република Северна Македонија и Република Косово разгледувајќи ги можностите за унапредување на билатералната соработка во сите области од заемен интерес.

Од своја страна, претседателот Пендаровски, во духот на градењето добрососедски односи, го реафирмираше  ставот за поддршка на евроатлантските аспирации на Косово како и активното пристапување на Косово кон постојните регионални иницијативи и форуми.

Во таа смисла, соговорниците разменија мислења за состојбите во регионот, како и актуелностите во дијалогот на Косово со Србија, ангажманот на меѓународните претставници и притоа се согласија дека во светло на новите геополитички предизвици предизвикани од руската воена агресија врз Украина, мирното решавање на отворените прашања на Западниот Балкан треба да биде апсолутен императив за сите.

Категории

Categories

Kategori

Последни вести

Latest news

Lajmet e fundit

Порака од претседателот Пендаровски по повод 3 Мај − Светскиот ден на слобода на медиумите

Порака од претседателот Пендаровски по повод 3 Мај − Светскиот ден на слобода на медиумите

Претседателот Стево Пендаровски по повод 3 Мај − Светскиот ден на слобода на медиумите, ја упати следната порака: „Слободата на медиумите е еден од темелите на демократските вредности и е од суштинско значење за демократскиот развој на македонското општество....

Порака од претседателот Пендаровски по повод 1 Мај, Денот на трудот

Порака од претседателот Пендаровски по повод 1 Мај, Денот на трудот

По повод 1 Мај, Денот на трудот, претседателот Стево Пендаровски ја упати следната порака: „Човечкиот е најскапоцениот ресурс за секоја држава. Фактот дека голем дел од развиените демократии денес се соочуваат со недостиг на работна сила, е аларм за сите нас дека...

Честитка од претседателот Пендаровски по повод Рамазан бајрам

Честитка од претседателот Пендаровски по повод Рамазан бајрам

Претседателот Стево Пендаровски, по повод големиот муслимански празник Рамазан бајрам, упати честитка до граѓаните од исламска вероисповед во Република Северна Македонија и до поглаварот на Исламската верска заедница Реис-ул-улема х. хфз. Шаќир еф. Фетаху. Почитуван...

Средба на претседателот Пендаровски со делегација на Пацифичкиот Совет од САД

Средба на претседателот Пендаровски со делегација на Пацифичкиот Совет од САД

Претседателот Стево Пендаровски денеска прими делегација од Пацифичкиот Совет од САД, која престојува во посета на нашата држава. Истакнувајќи дека Соединетите Американски Држави се наш најголем стратешки партнер и сојузник во НАТО, претседателот Пендаровски посочи...

Средба на претседателот Пендаровски со лорд Стјуарт Пич, специјален претставник на Обединетото Кралство за Западен Балкан

Средба на претседателот Пендаровски со лорд Стјуарт Пич, специјален претставник на Обединетото Кралство за Западен Балкан

Претседателот Стево Пендаровски денеска го прими лорд Стјуарт Пич, специјален претставник на Обединетото Кралство за Западен Балкан. Двајцата соговорници разменија мислења за актуелните случувања во регионот на Западен Балкан, за стратешките интереси на земјава и...