Билатерална средба на претседателот Пендаровски со претседателот на Европскиот совет, Шарл Мишел

15 јуни 2022 | Соопштенија

Претседателот Стево Пендаровски вечерва во Охрид оствари средба со претседателот на Европскиот совет, Шарл Мишел, кој е во посета на Северна Македонија како дел од неговата регионална турнеја во земјите од Западен Балкан.

Во пресрет на јунскиот Самит на ЕУ на кој му претходи лидерскиот состанок на Европската Унија – Западен Балкан, претседателите разговараа за европското досие на Северна Македонија, предизвиците и можните модалитети за нивно надминување. Тие се осврнаа и на воената руска агресија во Украина, можните безбедносни закани во регионот и пошироко, како и на справувањето со економските предизвици соочени со ефектите од здравствената и енергетска криза.

Истовремено, двајцата претседатели разменија мислења за најновите идеи за создавање „Европска геополитичка заедница“,  при што од страна на претседателот Пендаровски беше потенцирано дека секоја идеја која ќе обезбеди продлабочена оперативна соработка за справување со заедничките предизвици и интереси, како што се стабилноста и безбедноста на европскиот континент и која нема да биде замена на политиката на проширување на Унијата со земјите од Западен Балкан, е добредојдена.

Категории

Categories

Kategori

Последни вести

Latest news

Lajmet e fundit

Порака од претседателот Пендаровски по повод Денот на македонскиот јазик

Порака од претседателот Пендаровски по повод Денот на македонскиот јазик

По повод 5 Мај – Денот на македонскиот јазик, претседателот Стево Пендаровски ја упати следната порака: Почитувани сограѓани, Нека ни е честит 5 Мај – Денот на македонскиот јазик. Пред точно 79 години беше озаконета македонската азбука со што континуираниот развој на...

Порака од претседателот Пендаровски по повод Денот на македонскиот јазик

Честитка од претседателот Пендаровски по повод големиот христијански празник Воскресение Христово – Велигден

Претседателот Стево Пендаровски, по повод големиот христијански празник Воскресение Христово – Велигден, упати честитка до поглаварот на Македонската Православна Црква – Охридска Архиепископија, митрополит скопски, архиепископ охридски и македонски и на Јустинијана...

Претседателот Пендаровски на одбележување на 121-годишнината од смртта на Гоце Делчев

Претседателот Пендаровски на одбележување на 121-годишнината од смртта на Гоце Делчев

Претседателот Стево Пендаровски денеска положи свежо цвеќе на гробот на македонскиот револуционер Гоце Делчев во црквата „Свети Спас“ во Скопје, по повод 121-годишнината од неговата...

Порака од претседателот Пендаровски по повод 3 Мај − Светскиот ден на слобода на медиумите

Порака од претседателот Пендаровски по повод 3 Мај − Светскиот ден на слобода на медиумите

Претседателот Стево Пендаровски по повод 3 Мај − Светскиот ден на слобода на медиумите, ја упати следната порака: „Слободата на медиумите е еден од темелите на демократските вредности и е од суштинско значење за демократскиот развој на македонското општество....

Порака од претседателот Пендаровски по повод 1 Мај, Денот на трудот

Порака од претседателот Пендаровски по повод 1 Мај, Денот на трудот

По повод 1 Мај, Денот на трудот, претседателот Стево Пендаровски ја упати следната порака: „Човечкиот е најскапоцениот ресурс за секоја држава. Фактот дека голем дел од развиените демократии денес се соочуваат со недостиг на работна сила, е аларм за сите нас дека...