Изјава на претседателот Пендаровски по гласањето на предвремените парламентарни избори

15 јули 2020 | Соопштенија

Според достапните информации од првата половина од изборниот ден, гледам дека сè се одвива во рамките на законските прописи и во една демократска и мирна, толерантна атмосфера.

Она што е значајно и е специфика за овие избори, а според мене, би требало да остане до крајот на изборниот ден така, досега изборите се одвиваат со максимално почитување на здравствените протоколи бидејќи исклучително е битно секој што сака да го реализира своето гласачко право денеска, секој граѓанин, да биде максимално заштитен. Се разбира, зборувам и за луѓето, околу 30-35 илјади кои се ангажирани како членови на гласачките одбори.

Денеска мора да биде транспарентно, фер, демократско гласање и притоа сите што се учесници во изборниот процес мора да бидат заштитени бидејќи знаете ние сме една од првите 5-6 држави во светот која организира избори во време на корона.

Јас се надевам така ќе остане како што е досега и во текот на изборниот ден се до прогласувањето на резултатите и сосема небитно од тоа кој ќе биде формален победник вечерва, очекувам како што и доликува на една европска демократска држава, сите учесници на изборниот процес вечер да си подадат рака и да си честитаат еден на друг. Благодарам.

Категории

Categories

Kategori

Последни вести

Latest news

Lajmet e fundit

Порака од претседателот Пендаровски по повод Денот на македонскиот јазик

Порака од претседателот Пендаровски по повод Денот на македонскиот јазик

По повод 5 Мај – Денот на македонскиот јазик, претседателот Стево Пендаровски ја упати следната порака: Почитувани сограѓани, Нека ни е честит 5 Мај – Денот на македонскиот јазик. Пред точно 79 години беше озаконета македонската азбука со што континуираниот развој на...

Порака од претседателот Пендаровски по повод Денот на македонскиот јазик

Честитка од претседателот Пендаровски по повод големиот христијански празник Воскресение Христово – Велигден

Претседателот Стево Пендаровски, по повод големиот христијански празник Воскресение Христово – Велигден, упати честитка до поглаварот на Македонската Православна Црква – Охридска Архиепископија, митрополит скопски, архиепископ охридски и македонски и на Јустинијана...

Претседателот Пендаровски на одбележување на 121-годишнината од смртта на Гоце Делчев

Претседателот Пендаровски на одбележување на 121-годишнината од смртта на Гоце Делчев

Претседателот Стево Пендаровски денеска положи свежо цвеќе на гробот на македонскиот револуционер Гоце Делчев во црквата „Свети Спас“ во Скопје, по повод 121-годишнината од неговата...

Порака од претседателот Пендаровски по повод 3 Мај − Светскиот ден на слобода на медиумите

Порака од претседателот Пендаровски по повод 3 Мај − Светскиот ден на слобода на медиумите

Претседателот Стево Пендаровски по повод 3 Мај − Светскиот ден на слобода на медиумите, ја упати следната порака: „Слободата на медиумите е еден од темелите на демократските вредности и е од суштинско значење за демократскиот развој на македонското општество....

Порака од претседателот Пендаровски по повод 1 Мај, Денот на трудот

Порака од претседателот Пендаровски по повод 1 Мај, Денот на трудот

По повод 1 Мај, Денот на трудот, претседателот Стево Пендаровски ја упати следната порака: „Човечкиот е најскапоцениот ресурс за секоја држава. Фактот дека голем дел од развиените демократии денес се соочуваат со недостиг на работна сила, е аларм за сите нас дека...